blue_blue -> RE: Бактерии кај децата (16.1.2012 12:53:42)
|
да нас ни се случи. Имаше бактерија во грло streptococcus pyogenes и streptococcus pneumonie во нос на земен брис во приватна лабораторија. Го повторивме во Пролет и беше негативен и за бактерија во грло и во нос. Кога се распрашував по луѓе имаше неколку објаснувања: во Пролет имаат страи реагенси и не се гледаат бакетриите, во приватнава лабораторија или не стерилизирае добро чашка или ги измешале брисевите, детето само се изборило со бактеријата пошто има добар имунитет па истата за неколку дена не е веќе видлива на брис...Што од сево ова е точно не знам....Нашиов педијатар за да дае антибиотик гледа и други ствари како општата слика на детето, симптоми други - црвено грло, наод на плуќа, отечени жлезди и секако покачено CRP. Само за streptococcus pneumonie во нос без никакви други симптоми и со непокачено CRP не ни препишува антибиотик...Еве, ќерка ми во четвртокот се жалеше дека ја боли грлото, имаше и малку температура, па поврати. И земавме крв и брис, CRP-то и беше доста покачено, леукоцитите и гранулоцитите исто доста покачени, па педијатарот одма ни дае антибиотик. Еве денес и брисот излезе, има во грло streptococcus pyogenes и streptococcus pneumonie во нос и нормално дома седи, си пие антибиотик (ќе го пие 10 дена) и додека не оздраве нема да оди во градинка. А инаку секој ден ја прскав во грло со ацидосалус, па не знам зошто немало ефект, т.е. како и покрај прскањето ја фатила бактеријава во грло - до дега не ја имала, а иде во градинка веќе година ипол.
|
|
|
|