vanessa30 -> RE: Бактерии кај децата (8.4.2014 11:15:49)
|
И ние ја имавме Стрептококус пнеумоние во носето, не немавме некои страшни симптоми (покачена температура и сл)само малку мрсули му течеа, и стававме Цитерал капки во носето, но бакеријата пак се покажа на контролниот брис, а син ми немасе никакви симптоми. Педијатарот не рече дека е вообичаена микрофлора за деца кои одат во градинка. Е сега ние имавеме друг проблем кој според специјалист (оториноларинголог) е нешто како алергиска реакција на Скопјево.. (на нечистиот воздух). Значи во континуитет кашлавме, носот ни се затнуваше со густ секрет, и по неколку дена ни се воспалуваа ушите со силни болки да неможе да спие. Педијатарот континирано не лечеше со антибиотик + антибиотски капки во уво и во нос, но само што ќе ја завршевме дозата по прекин од една недела, повторно истото. Отидовме на одмор надвор од Државава еден месец, и детето бече како ново, ниту кашлаше, ниту уво го болеше. Кога се вративме пак од ново, со истите маки. И отидовме на специјалист, кој ни препиша тарапија како за алергиски ринит (флексоназе, аериус сируп, и во увото неколку дена само стававме Отол Х капки за да се смири болката) и еве сега сме многу подобри, со напомена да секој викенд да го носиме надвор од градов на чист воздух.
|
|
|
|