blue_blue -> RE: Бактерии кај децата (22.11.2011 9:23:16)
|
Maca, miana, јас истото го минував лани, само што јас (по совет на две лекарки педијатри) не ги труев децата со никакви антибиотици. И едната и другата ми кажаа дека здружение на педијатри советува за streptococcus pneumonie во нос на деца да не им се дваат антибиотици орални, а ни Цитерал капки. Кај моите деца е добро што преку исхрана уште од мали и ваљда е и генетски имаат релативно добро изграден имунитет (а сега им давам и редовно имункиндер и рибин зејтин), па не спуштаат на плуќа. Еве, во градинка се од 15 септември и ни еден ден не остуствуувале. Тоа со оралните анитибиотици ви е зачаран круг, излегува дека џабе ги давате. Исто така, јас го имам истото искуство со брисевите како Маца, плус мои пријателки кои живеат во странство (а и јас кога живеев и чував деца истото беше) ми кажаа дека таму децата никогаш не се носат на брис и дека антибиотик се дава само ако температура на детето не му се спушта константно повеќе од 3 дена и е константно над 39. Значи, само во МК децата се носат секој втор ден на брис и за се им се даваат орални антибиотици. Никаде не постои установа како Козле кај што бебиња се трујат со интравенозен антибиотик затоа што имале затнат нос. Детето пие антибиотик кој ја уништува цревната флора која е во еден дел одговорна за имунитет, плус кога пие антибиотик не сака баш да јаде некоја здрава храна и бакетријата се лечи, ама со многу намален имунитет оди детето во градинка и веднаш ја префаќа бактеријата пак и не мора да ја префаќа одма од некое дете, таа ја има насекаде - по масичките, по тепихот кој никад не го однеле на перење, на играчките, итд...Значи не се секогаш само децата носители...Моето размислување е следно - децата нема да пијат антибиотик освен кога ќе имаат лоша клиничка слика (температура константно над 39 повеќе од 3 дена), а во секој друг случај ќе се лечат со инхалација (ако треба во физиолошкиот раствор нека има идексаметазон и гентамицин), со многу сокови цедени во соковник, со спреј морска вода и слично. Одам и на хомеопат кога за тоа има потреба и барем за моите деца ова до сега ми се покажало како корисно. Брисеви, крвни слики и слични работи не правам, освен во горенаведениов случај и мислам дека сето ова ми помогнало за моите деца да бидат здрави (само еднаш до сега пиеле антибиотик, а имаат 3 години и 3 месеци и редовно одат во градинка од кога наполнија 2 години).
|
|
|
|