blue_blue -> RE: Бактерии кај децата (29.11.2011 14:26:26)
|
Anamolly, за оваа бактерија имам пишувано погоре, еве само на кратко. Д-р Смоковска и нашава матична докторка која јас многу ја почитувам и ценам ми имаат кажано (независно една од друга) дека за оваа бактерија во нос Здружение на педијатри не препорачува (по најново) давање на никаква терапија, однсоно не се третира затоа што е бактерија која сите ја имаат и само при намален имунитет доаѓа од израз и сама си оди. Се дфава терапија само доколку детето има лоша клиничка слика - покачена температура, високо ЦРП и сл. односно ако постои индикација дека развива пнеумониа. Не препорачуваат ни Citeral капки во нос, а не па антибиотик. Пробај да му прскаш Ацидосалус во нос и грло, помага..види погоро и за тоа имаме пишувано, и јас почнав да го користам. Така да ич не се секирај, не давај терапија и носи си го детето на операција. А, ако ти е толку баш баш шубе оди на хомеопат, ќе ти даде капки Streptkokcin и ќе помине. Инаку, може и брисот да не е точен, а ти ќе го наклукаш детето со орален антибиотик...Плус, ти ќе ха лечиш бактеријава, а неа пошто секаде ја има одма штом ќе иде у градинка пак ќе ти ја закачи поради намален имунитет ради антибиотикот....Етет, тоа е моето искуство и информации за оваа бактерија...Пиши што сте направиле, ако ништо друго однеси го кај Смоковска и види што ќе ти каже ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR А можеби ќе ми биде малку глупаво прашањево, ама ќе си прашам. Што ако не му давам никакви лекови за бактеријата? На 26 мора да оди на операција, ама апсолутно МОРА. Стопати ја одложував поради антибиотиците, нели треба најмалку 14 дена пред операција да не прима антибиотици никакви. Ама ова во декември е краен воз, ако не го оперираме има шанси да се развие стерилитет. За операцијата ТУКА имам пишувано, да не се повторувам.
|
|
|
|