|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Најчесто препишувани лекови на нашите деца
27.5.2009 23:03:15   
mis.
Кои лекови,сирупи најчесто ви ги препишува вашиот педијатар?Мартин кога беше помал најчесто пиеше цефалексин или цефаклор.Кога има грло или кашла пие амоксиклав.Во носето оперил п а знае понекогаш педијатарот да ни даде капки за нос цитерал.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 3.2.2012 22:13:16 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Лекови
28.5.2009 8:08:21   
Еца
Па бидејќи се уште не знаеме дали е алергична на пеницилински лекови, досега има пиено само цефалексин, цефаклор,  макропен, за носето досега само физиолошки раствор.И нормално антихистаминик цетиризен, летизен, авил...веќе не знам колку имаме испиено од овие, а слушнав дека лошо делувале на коскитеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
26.9.2011 23:20:47   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

пошто не најдов тема за Ventolin / Salbutamol, а не знам зошто ја нема веќе опцијата да си отворам нова тема, ве молам ако има некој искуство со леков да пише - посебно за нус појави....Знам дека се дава за отворање на дишни патишта и како превенција од опструкции, дека го пијат деца со астма и никогаш не сум го сметала за некој „тежок“ односнос трашен лек. Една пријателка ми вика - никако то ане давај на деца, ама не ми објасни зошто па ме збуни...Може ли некој да пише искуство, а Тања ако има време нек пише за што е точно леков и кој му се нус појавите




ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Филип пиеше Салбутамол два пати до сега. Првиот пат за бронихт. Единствена нус појава (ако воопшто може така да се нарече) е што имаше пролив и повраќање. Ама па така го исфрлаше шлајмот и мноооогу му помогна. Мене ми рече матичната дека тој не смее подолго од 4-5 дена да се дава. Обично се прави пауза или се препишува друг сируп ако треба да продолжи лечењето.
Инаку, прва пат го пиеше кога имаше неполни 5 месеци. Не знам зошто не би се давал на мали деца? Се дава, само нормално, во соодветна доза.






ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Нина пиеше Вентолин на 1,5 година кога имаше бронхитис. Некоја нус појава како пролив и повраќање немаше. Пиеше само 5 дена. 





ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

абе мене ми рече 3 до макџимум 4 дена да го пие за да не направи опструкција пошто очигледно нешто и предизвикува алергија со кашлање и шалем, има некои треви изгледа сега баш се цветаат или шо праат...Ама прв пат чуве дека „никако“ на деца...баш ќе ја прашам пријателкава зошто е толку против вентолин/салбутамол





ИЗВОРНА ПОРАКА: anedespo

Salbutamolot predizvikuva tahikardii i srcebienje.





ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

абе мене ми рече 3 до макџимум 4 дена да го пие за да не направи опструкција пошто очигледно нешто и предизвикува алергија со кашлање и шалем, има некои треви изгледа сега баш се цветаат или шо праат...Ама прв пат чуве дека „никако“ на деца...баш ќе ја прашам пријателкава зошто е толку против вентолин/салбутамол

и ствара зависност при долготрајна употреба. од она што ми е познато за салбутамолот е дека е најчесто лек за хронични болести како астма и хобб, а не баш за бронхититс. Јас лично би го избегнувала освен ако навистина има вистински опструкции а не свиркање, крчење или слично. Во некои земји салбутамолот не се препишува воопшто кај пациенти со акутен бронхитис со образложение дека нема доказ дека е воопшто потребен и помага.

Салбутамолот се наоѓа на листата на забранети супстанци кај спортисти.
Ако салбутамол и допинг е исто тогаш е повеќе од јасно дека не баш нај нај препорачлив.

јас порано на Бобо му давав, ама само 3 дена по пола лажиче.

Инаку и Бобо има алергија на есен наместо на пролет, па еве ги вода им тече од нос и кашлаат, а Јана во саботата во парк се утепа од кивање...






ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР

Салбутамолот е бронходилататор, што значи дека овозможува ширење на дишните патишта и на тој начин го олеснува дишењето. Е сега, бидејќи спаѓа во групата наречени бета агонисти, делува преку бета рецепторите кои ги има не само на бронхиите туку и на срцето па истовремено предизвикува забрзана работа на срцето. Вообичаено, не се препорачуваат на деца под две години. Не е ништо страшно да се даде салбутамол на дете кое нема никакви проблеми со срцето и не е алергично на лекот, се разбира.
Освен како сируп го има и во форма на капки кои се користат со електрични инхалатори и како спреј за инхалирање и таблети (за возрасни).





< Поракaта ја уредил Тања РР -- 26.9.2011 23:27:28 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
26.9.2011 23:36:34   
Viktori
На моите прво амоксиклав, панцеф, лендацин, па после лендацин, панцеф, урбазон, па после само лендацин и урбазон и после 164 пати така, конечно си купив летизен и ги однесов кај Ежова. Од тогаш па навака дома имам само бруфен и лоратадин. Друг лек не давам.user posted image

За црвено грло или кашлање без температура лек не давам освен парацетамол или ибупрофен почесто.
За нос па ич.

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 26.9.2011 23:38:02 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
27.9.2011 8:13:47   
anedespo
Ne davam antibiotik bez krvna slika. Za temperatura samo paracetamol i toa epten na mnogu visoka temperatura. Za nos nisto. Za proliv Smekta ili Enterofuril(ova vtorovo ako mi go dade doktor). 

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
27.9.2011 23:23:44   
Maca25
Нина до сега има 4 пати пиено антибиотик и тоа Цефалексин и Цефаклор. Имаме капки за очи Тобрекс ставано и Оперил во нос еднаш. Тоа ќе да е. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 8:50:40   
Felly RR
Ние еве подолго го пиеме сирупот за алергија. АМа не ми е јасно што е разликата во Цетиризин / летизен / Зиртек. Првиот пат докторката ни рече ќе земите Цитиризин, втор пат кога ни го препиша - ама во аптека ќе го барате како Летизен да ви го дадат. Е сега последниов пат - ќе барате Зиртек, а всушност составот е ист кај сите, а овој Зиртеков во неколку аптеки прашав - го нема, и воопшто не го добивале на рецепт. Што ми препорачувате - да барам Зиртек, или можам слободно да си земам и Цетиризин/Летизен?


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 9:14:05   
Maca25
Фели јас ниту еден од овие немам дадено, освен Лоратадин. Снаа ми користеше Летизен и вика дека е многу појак од Лоратадинот, многу ја успивал. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 9:24:16   
mama toci
majki,a go koristi li nekoja od vas za deteto sprej flexotide so bejbihaler,kakvo e nejzinoto iskustvo? posle 5 antibiotika i prestoj vo kozle  utvrdija deka se bilo na alergiska osnova i ja inhaliram sekoj den po 2 pati .Sega e dobra pa se mislam   da ja odnesam kaj taa Ezova sto ja preporacuvate za vtoro mislenje,nekako ne mi se dava ova cudovo sekoj den.....

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 9:57:41   
Viktori
Ние еве подолго го пиеме сирупот за алергија. АМа не ми е јасно што е разликата во Цетиризин / летизен / Зиртек. Првиот пат докторката ни рече ќе земите Цитиризин, втор пат кога ни го препиша - ама во аптека ќе го барате како Летизен да ви го дадат.


Нема никаква разлика, само различен производител.
Инаку дека Летизен успива не знам баш, Б пиеше на почетокот ама сфативме дека не делува кај него никако, ниту пак успива. Викаат дека е појак во смисол подобро делува, а успивањето е на минимум демек подобрен лекот.

мама тоци: фликсотида син ми инхалираше и тоа Ежова му го препиша имаше алергија со опструкции. Секој ден и тоа неколку месеци можеби. Така да ако лекар ти го препишал, фурај.

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 3.2.2012 9:59:32 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 10:29:56   
mama toci
Izvini a kolku vreme go zemase flexotide-to i na koja osnova vi go prekinaa,kako odlucija deka ne treba veke da go inhaliras

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 11:46:56   
Viktori
со тек на време како растеше му се намалуваа опструкциите кога имаше алергија. А го инхалираше подолг период ама со прекини, пример цела есен, па цела пролет и така околу 2 години.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 12:34:41   
penelopa

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci

majki,a go koristi li nekoja od vas za deteto sprej flexotide so bejbihaler,kakvo e nejzinoto iskustvo? posle 5 antibiotika i prestoj vo kozle  utvrdija deka se bilo na alergiska osnova i ja inhaliram sekoj den po 2 pati .Sega e dobra pa se mislam   da ja odnesam kaj taa Ezova sto ja preporacuvate za vtoro mislenje,nekako ne mi se dava ova cudovo sekoj den.....
Мама Точи јас му давам flexotide на син ми . Го добивме како заштита откако прележавме 2 недели во болница заради бронхиолитис. Истовремено ни открија дека син ми е алергичен на јајца и прашина. Редовно го добива од Декември навака по два пати дневно ( навечер и насабајле). Инаку јас не живеам во МК. а како што ми објаснија специјалистите тука тоа е само еден вид заштита кога детето е болно, настинатао да не му се симне на плуќа и дојде до посериозни компликации. Син ми треба да го прима до крај на Март - тогаш имаме повторно контрола и ќе ни кажат дали да продолжиме или да го укинеме. Штом вие е вас препишан редовно давај.

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 12:59:49   
mama toci
Vi blagodaram za informaciive,ke ja inhaliram so ova tempo do mart a posle izgleda ke ni ja zgolemat dozata,alergicna e na drva i polenov prav pa pocnuval kriticniot period...dusicki mali

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 13:10:31   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ние еве подолго го пиеме сирупот за алергија. АМа не ми е јасно што е разликата во Цетиризин / летизен / Зиртек. Првиот пат докторката ни рече ќе земите Цитиризин, втор пат кога ни го препиша - ама во аптека ќе го барате како Летизен да ви го дадат. Е сега последниов пат - ќе барате Зиртек, а всушност составот е ист кај сите, а овој Зиртеков во неколку аптеки прашав - го нема, и воопшто не го добивале на рецепт. Што ми препорачувате - да барам Зиртек, или можам слободно да си земам и Цетиризин/Летизен?



Земи си Летизен, поефтин е од Зиртекот а го произведува Крка што според мене е квалитетен производител.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 14:13:20   
ferdunde

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci

Izvini a kolku vreme go zemase flexotide-to i na koja osnova vi go prekinaa,kako odlucija deka ne treba veke da go inhaliras


Mama Toci
Eve nie go primame flexotide so bebihaler od lani April mesec koga imavme opstrukcija od mesec dena i toa se na alergiska baza ( muvla, trevi i zitarici) . nema potreba da se plasis od sekojdnevan upotreba. Iako ima negativni svojstva ( kako i site lekovi vporcem ) sepak deliva lokalno so vdisuvanje . Koristi go kako sto ti prepisano inaku imas opasnos deteto da ti stane asmaticar. jas kaj se ne go nosev lani kozle, Sistina, Ezova, Dokic....i na kraj detska klinika kaj Dr Vlaski...site bea so istata dijagnoza alergiska astma mada najpogodno se pogodi Flexotideto ( na pocetok odese i Flexonaze vo nos i Zirtek dopolnitelno) koj ni go prepisa Dr Vlaski...pred toa bevme na Pulmocord no ne ni delivase a e izgor skap i neodi na recept. Se nadevam ti pomognav ako sakas podetalno info pisi mi pp sekako ke ti objasnam se
pozdrav i daj boze da bidete dobri

(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 14:25:01   
ferdunde
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ние еве подолго го пиеме сирупот за алергија. АМа не ми е јасно што е разликата во Цетиризин / летизен / Зиртек. Првиот пат докторката ни рече ќе земите Цитиризин, втор пат кога ни го препиша - ама во аптека ќе го барате како Летизен да ви го дадат. Е сега последниов пат - ќе барате Зиртек, а всушност составот е ист кај сите, а овој Зиртеков во неколку аптеки прашав - го нема, и воопшто не го добивале на рецепт. Што ми препорачувате - да барам Зиртек, или можам слободно да си земам и Цетиризин/Летизен?




Feli
Nie pieme Zirtek od sam pocetok ( so prekini normalno) eve sega ne pieme no kraj fevruari/mart pak ke ni go vklucat zosto sme alergicni na trevi i zitarici. toj tocno deka go nema na recept no e najprecisten od site lekovi i moxe da se dava podolgo vreme ( za razlika od Avil na pr koj odi samo nekolku dena i posle moras da go prekines) , i sto taka ne predizvikuva pospanost kako ostanatite od taa grupa.
Se nadevam ti pomognav malku. Jas na ovva teme doktorirav otkoga sin mi stana asmaticar na alergiska baza, sto se na procitav, so koj se ne se iskonsultirav, Kozle, klinika, sistina, dokic, ezova...site gi projdov i sega sme fala bogu ok so terapijata ....no uste dolgo ke terame.
Edno samo nesto svativ....dokolku ne ste napravile alergo tesotvi nemojte da im davate takvi lekovi na vasite deca...tie go rusat imuniot sistem i posle toj nemoze samostojno da odgovara na alergeni. Jas mislam deka poradi toa sto davav takvi sirupi ,normalno pedijatar mi gi prepisuvase, na sekoja kaslica ( bez opstrukcci ) kaj deteto zatoa stanavme alergicni. Dokolku nemate napraveno alergo testovi napravete si prvo neka ne ve lazat deka e malo deteto ...dokolu ima alergija ke ja pokaze sega se drugacii alergo testovite od porano...prasajte si po privatnite sistina, promedika ubavo ke vi objasnat.
ako ti treba nest dopolnitelno slobodno prasaj ...se nadevam ti pomognav malku
pozdrav

(Одговор на членот ferdunde)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 14:31:32   
Emanuelapp
Еве само што се вративме од лекар ни препи[aа ЦЕФАКЛОР и ОПЕРИЛ капки . Инаку до сега имаме пиено само Цефалексин по породувањето. Е сега ќе поставам едно можеби малку глупаво прашање кога е најдобро да се даде антибиотик пред или после јадење затоа што стварно незнам прв пат му давам???????? Ви благодарам однапредuser posted image :)


(Одговор на членот ferdunde)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 15:04:20   
mama toci
Ferhunde,alergo testovi imame praveno samo dodeka lezevme vo kozle i se utvrdi deka iako mala(2 godini)pokazuva nekoi alergiski reakcii na drva i treva,ama se nekako mi izgledase povrsno,zata sakam da pobaram i drugo mislenje drug alergotest ama poim nemam kade,navodno alergotestovite bile najtocni posle tretata godina.

(Одговор на членот Emanuelapp)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 21:56:32   
Felly RR
Ви благодарам на сите за одговорите - јас во една аптека се договорив да ми порачаат Зиртек, па утре ќе ми кажат дали има. Ајде темата за алергиите да ја продолжиме тука.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
3.2.2012 22:11:47   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Emanuelapp

Еве само што се вративме од лекар ни препи[aа ЦЕФАКЛОР и ОПЕРИЛ капки . Инаку до сега имаме пиено само Цефалексин по породувањето. Е сега ќе поставам едно можеби малку глупаво прашање кога е најдобро да се даде антибиотик пред или после јадење затоа што стварно незнам прв пат му давам???????? Ви благодарам однапредuser posted image :)



Ако можеш гледај после јадење да биде, ама за Цефаклорот мислам и на гладно не е толку страшно. За друг антибиотик, педијатарот ни има нагласено дека - да не биде на гладно, а имаме и Цефаклор земано, не ни нагласила за него.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Emanuelapp)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
4.2.2012 22:12:31   
Emanuelapp
Fala mnogi Felly RR...user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
30.5.2012 21:59:10   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

На К му препишаа Сумамед... Нели е тоа доста силен лек, со бројни контраиндикации? Некое искуство?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Baraj zamena mamicki, ne e bezbeden, imasenekoi novi informacii vo vrska so negovata bezbednost!



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Emanuelapp)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
1.6.2012 0:12:45   
mamicka_26
И на М му препиша докторката Сумамед и 3 дена го пиеше еднаш дневно(нели толку се пие пошто е многу јак) и наводно 6 недели после тоа сирупот си кружел во организмот и стварал заштита,ке видиме како ке биде сега

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Најчесто препишувани лекови на нашите деца
19.6.2012 15:39:59   
Felly RR
Нас докторката вчера ни препиша Вентолин и Лекоклар, ама се мислам дали воопшто да и ги давам. Прво во саботата кога бевме, пошто кашлаше и имаше инфекција на очињата - ни даде само капки Цитерал, за во очи и нос, и сируп за алергија Аериус. Ама почна многу повеќе да кашла, и вчера појдов јас сама, пак да се консултирам, и ни ги даде овие. Е сега денес, многу и е намалено кашлањето, и затоа се мислам - не сакам воопшто да почнувам да и ги давам. И ова Вентолинов - читав и погоре што има пишувано, ама не ми е јасно - антибиотик е, што е?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mamicka_26)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?