|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тироидна жлезда
27.5.2009 23:24:07   
mis.
Колку проблемите во тироидната жлезда ни го попречуваат нормалното функционирање?Колку се тие застапани со оглед на стресниот живот кој го носи денешницата?Дали некој се соочил со проблеми на тироидната жлезда?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тироидна жлезда
27.5.2009 23:31:40   
mis.
Пред една недела бев на испитување на тироидната жлезда па од тие причини бев потикната да ја отворам оваа тема.се почесто млади луѓе се среќаваат со ваков проблем.Во мојата фамилија мајка ми, нејзините две сестри,братучетка ми се соочени со намалена функција на тироидната жлезда и се принудени цел живот да пијат лекови.За среќа кај мене се беше во ред.
Пролемите на тироидната жлезда може да бидат причина и за неможноста за user posted image .Се доаѓа до хормонални промени кои довевуваат до отсуство на овулација.Знаци,сиптоми за намалена функција се умор,поспаност,брзо заморување,опаѓање на косата,зголемување на тежината,сува кожа,кај некои се пореметува менструалниот циклус.Испитувањето се прави преку крв и преку ехо преглед каде се прати нејзината големина.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тироидна жлезда
28.5.2009 9:04:24   
Еца
Се надевам дека тука ќе успеете да прочитате навистина многу информации за тироидната жлезда.

http://www.endocrinology.org.mk/pdf/endocrinology/Hipertiroza.pdf

< Поракaта ја уредил Еца -- 4.1.2010 1:43:06 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тироидна жлезда
3.7.2009 10:38:33   
mami
за да испитам тироидната треба да си земам упат од матичен прво така? и таа ке ми каже каде да одамuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тироидна жлезда
3.7.2009 10:39:34   
Еца
Да мамиuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тироидна жлезда
3.7.2009 14:27:27   
Anushka
mami, odi odma posle da si fatis vrski za preku red, oti treba da odis na Klinika, PATOFIZA, a tamu se ceeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeekkkkkaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa. Ili zemi si sator, pa spij pred zgradata, za da vo 4.30 sabajle zastanes prva. Pravat epten dobri testovi, jas bi ti ja preporacala d-r Crcareva, mlada, proemciva i mnogu profesionalna.
Testovi pravat i privatno (Atikor, i.e.), ama za tamu treba prvo banka da ograbis (od 12.000 do 18.000 MKD).
Jas od orgooomen stres i psihicka trauma si zarabotiv Hipertiroidea, piev lekovi i sl., ama dodeka ne si gi smeniv stavovite vo glavata, mislite gi isprativ na pasenje, a srceto ne go pustiv so Zeppelin, do togas ne uspeavav da se stabiliziram. Sega sum zdrava.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Тироидна жлезда
3.7.2009 14:32:56   
mami
аа тоа јасно мие..ама како сите што фаќаат врски, така ијас ке почнам, па ке збркам нешто за побрзо да биде..а банка не планирам да ограбамuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Тироидна жлезда
3.7.2009 14:44:55   
mis.
Мами јас во мај испитував тироидна жлезда.Во март се јавив на клиника ми закажаа на 5 септември па потоа добив упут од матичен за интернист еден за крв за лабараторија и друг за ехо.Отидов во млин балкан сегашна идадија ни земаа крв(резултатите се готови истиот ден поручек)и закажав за ехо на тироидна исто во идадија тами има интернист што прави и ехо на тироидна и ќе ти ги види резултатите од крвта.Докторката се вика Благица Корнети многу е фина и одличен лекар.Јави се на централа во идадија и да те поврзат со неа мислам дека денес е втора сменаа наредната прва.Можеш да си закажеш ехо и нема да се малтретираш и да те влечкаат.
Мајка ми оди на клиника кај др. Попѓорчева презадоволна е и секој нареден преглед таа ти го закажува и знаеш кој ден да одиш и под бројче кога ќе ти дојде редот само она има доста пациенти и за првиот преглет ти закажуваат многу касно.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Тироидна жлезда
3.7.2009 14:48:26   
mami
фала мис..а таман мислев да прашувам некоја алтернатива, да не одам во државна..не можам ми се лоши од таа болница...ке и се јавам или попладне или од понеделник , сепак не е толку итно

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Тироидна жлезда
3.7.2009 16:29:49   
milijana
Za teroidna zlezda postoi priroden nacin na lekuvanje..a toa e izmena na ishranata.Barem ednas dnevno vnesuvajte: vitamin B12 KOJ GO IMA VO ZITARICI, DIGER, JAJCA, RIBA, PIVSKI KVASEC(GI IMA KAKO APCINJA NA EDNA GER.FIRMA) CVEKLO, LESNIK, SUSAM, SOJA, MORSKI ALGI(GI IMA I VO PRAV) KISELA ZELKA I ZELENCUK OD TURSIJA.ako pies B12 pij dopolnitelno i kalcium sumlivi tab.Stetno i deluva na ovaa zlezda alkoholot, estrogenot, apcinja za spienje i cigari.Pozzz najmila

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Тироидна жлезда
21.7.2009 22:33:10   
mami
ете утре одам на преглед па е видиме..
инаку милијана- јас не пушам(никогаш не сум пушела), пијам многу ретко, да не речам ич откако се породив,
апчиња за спиење ниту сум земала ниту планирам да земам...житарици јадам секој втор ден, соја исто..е сега со џигерот сум малку скарана, а пијам Б-комплекс од 4 одделение редовно така што не знам..ке видиме што ке каже резултатот

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Тироидна жлезда
23.7.2009 13:03:02   
mami
бев вчера на ехо- супер е се...и се изнервирав што не ми кажаа дека за крв трба да дојдам сабајле а не кога имам закажано и за ехо, па денес морав пак да се малтретирам и наместо во 8 почнаа во 8 и 15 и имаше гужва невидена, за кога дојдов на ред, сестрата натрчаница буквално ми зема крв и уште ме боли раката сега, едвај ја исправам..бог да чува

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Тироидна жлезда
27.7.2009 13:09:40   
mami
ете и хормоните се ок..значи комплет тироидната ми е супер и не е причина за моето константно слабеење...Значи следува серија нови испитувањаuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Тироидна жлезда
27.7.2009 13:40:27   
Maca25
Јас имам 25 години и пред една година ми пронајдоа намалена функција на тироидната жлезда. Тоа се случи во периодот кога дознав дека сум бремена. Цела бременост ја поминав под терапија, Eutiox и тоа со многу зголема доза за да не се појави некаков проблем со бебето. За среќа најдов добра докторка на клиника Попѓорчева и таа ми ја следи болеста.
Најчесто болеста е наследна, мајка ми ја има, јас ја имам (се надевам дека ќерка ми нема д аја има). Не е лесно, јас се здебелив, многу се потам, малку сум понервозна, имам тахикардии и уште 100 други ср*ња. Оваа болест многу често е проследена со друга автоимуна болест, а најчесто со реуматичен артритис. Јас и тоа го имам и најмногу болки имав откако се породив. Одам на физикална терапија и искрено ич не се чувствувам убаво во своја кожа. се осеќам како некоја баба која постојано се жали дека нешто ја боли. Најтешко ми паѓа кога ќе ми се укочат рацете и не можам да си го земам бебецето од креветче. Но со лекови се се решава (иако ич не сакам да ги пијам).
Јас и со хипотироза успеав многу лесно да забременам, буквално само што решивме да имаме деца, јас останав бремена.
Моја препорака: пред да одлучите да имате деца проверете ја тироидната, затоа што со тоа го заштитувате бебето и себе.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Тироидна жлезда
27.7.2009 13:53:30   
mami
Маца25 ти благодарам што го сподели ова со нас. Јас лично не сум знаела дека тироидната може да прави проблем при забременување, всушност и не сум се заинтересирала многу за функцијата на тироидната жлезда се додека не ми ја посочија како можен причинител на моето постојано слабеење, особено попородувањето.
Мамички, еве уште нешто што треба да испитате доколку имате некаков проблем со забременувањето, како и за да го заштитите навреме своето малечкоuser posted image

< Поракaта ја уредил mami -- 27.7.2009 13:54:03 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Тироидна жлезда
27.7.2009 14:24:19   
Maca25
Јас многу читам за проблемите кои може да ги направи тироидната, па ако некој од вас има некое прашање слободно да ми се обрати. 

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Тироидна жлезда
27.7.2009 15:24:09   
none
MACA KAZI MI I JAS IMAM OTCUKAI NA SRCETO PUSAM IU NERVOZNA SUM ZA SITNICA ,A ZA TIROIDNATA LANI NAPRAVIV TEST I SE MI BESE VO RED PA DALI SE PRAVI ODNOSNO NA KOLKU VREME SE PRAVAT TESTOVI ZA TIROIDNA POZDRAVCEuser posted image user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Тироидна жлезда
27.7.2009 15:30:02   
mami
None еве мене докторката денес ми рече, бидејќи е се во ред на контрола за една година

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Тироидна жлезда
27.7.2009 15:35:40   
Maca25
Ноне, не мора да значи дека ако имаш тахикардии и си нервозна дека нешто не е во ред со тироидната. Јас немав појма дека имам некаков проблем и не чувствував никакви симптоми се додека не се породив. Сега тек чувствувам дека нешто не ми штима во организмот. Ако минатата година си правела испитување и немало ништо, ич не се се секирајuser posted image , можеш само да си ги провериш хормоните. Јас сега под терапија и со регулирани хормони правам на секои 3 месеци испитувања. Поздравче и олабави се user posted image

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Тироидна жлезда
22.10.2010 7:27:56   
velikadepolovska
ијас имам проблеми со тироидната злезда потоцно имам хипотиреоза висок тсх и висок пролактин за високиот пролактин цело време се додека не отидов на ендокринологија се мислесе  дека имам микроаденом  но таму на ендокринологија ми казаа пролактинот ми се кацува од тироидната и ми дадоа терапија еутирокс  и сега се е во ред и со пролактинот и со тироксинот

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Тироидна жлезда
27.10.2010 0:14:45   
Maca25
Јас го имам истиот проблем, но за секој случај си направив Магнетна резонанца на хипофизата.
Пролактинот најчесто се качува поради дисфункција на тироидната, но обично сите доктори препорачуваат магнетна резонанца.
И јас пијам веќе 3 години еутирокс, моментално 125 mg. Деновиве треба да одам и да наравам контрола на TSH. Бев на ехо, нема никаква промена на жлездата.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот velikadepolovska)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Тироидна жлезда
27.10.2010 0:21:46   
Џесика
мене само првиот преглед ми направија ехо, а за магнетна резонанца никогаш не ми ни спомнале. Маца, ти на секој преглед правиш ехо?

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Тироидна жлезда
27.10.2010 0:28:58   
Maca25
Да, на секои 6 месеци. Прво одам на ехо, па после да ми земаат крв.
Мене ми препорачаа магнетна веднаш штом открија дека имам хипотиреоза и висок пролактин. Но во исто време дознав и дека сум бремена, па го одложив снимањето. Кога престанав да дојам (иако знам дека не може никако да му наштети на млекото, ама шубе ми беше), направив магнетна. Се беше ок.

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 27.10.2010 0:31:26 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Тироидна жлезда
6.11.2010 0:17:42   
veckasr
jas pravev tripati magnetna rezonanca i nemav nisto na hypofizata se bese vo red i mi rekoa oti  prolaktinot se kacuva od tiroidnata zlezda 

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Тироидна жлезда
6.11.2010 10:31:14   
strelec 8
majka mi pie apcinja veke 20 godini za pokacenost na tiroidnata zlezda.me interesira za sestra mi .ona veke tri godini pie mislam deka bea eutareks -taka nekako.mnogu se sekiram za nea da ne slucajno ke ima problem so zabremenuvanjeto koga ke dojde vreme.treba da gi pie cel zivot.ima 24 godini i do prva treba da razmisluva za raganje.

(Одговор на членот veckasr)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?