RE: Тироидна жлезда (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Џесика -> RE: Тироидна жлезда (6.11.2010 16:06:18)

Нема врска тоа Стрелец, јас пијам од мои 22 години Еутирокс, немав проблем со забременување, баш напротив, го регулира тироксинот, а со тоа и пролактинот...нема никакво влијание на плодот, само почести контроли и се ќе е во ред [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Marija28 -> RE: Тироидна жлезда (14.5.2011 22:56:43)

Ve molam za sovet ako nekoj imal problem kako mojot. Pred nedela dena kaciv pritisok 180 so 100 moze i poveke ne sum sigurna. Imam 29 god. imam i visok kilca ama mi rekoa deka najverovatno ne e toa pricina za visokiot pritisok. Maticnata me prati na endokrinologija da ispitam hormoni ( jas skoro 2 godini pijam Diane 35 radi pokacen testosteron ). Vo meguvreme napraviv kompletna krvna slika malce mi e pokacen holesterolot. Isto taka napraviv i eho na srce tamu se bese vo red. Vo ponedelnik ke gi zemam rezultatite od hormoni, ama denovove nikako da pominat. Me interesira dali ako imam problem so tiroidnata ili so hormonite, toa moze da bide pricina za visokiot pritisok. Mozebi prasuvam gluposti megutoa nemam nikakvo iskustvo so ova, pa me interesira vaso mislenje, iskustvo itn.

Blagodaram




mama26 -> RE: Тироидна жлезда (15.5.2011 10:19:43)

ИЗВОРНА ПОРАКА: strelec 8

majka mi pie apcinja veke 20 godini za pokacenost na tiroidnata zlezda.me interesira za sestra mi .ona veke tri godini pie mislam deka bea eutareks -taka nekako.mnogu se sekiram za nea da ne slucajno ke ima problem so zabremenuvanjeto koga ke dojde vreme.treba da gi pie cel zivot.ima 24 godini i do prva treba da razmisluva za raganje.
strelec da i kazes na sestrati da ne mu ja misli ama uopste,znaes zasto?moja bliska isto taka so tiroidna zlezda ostana bremena i toa dodeka imase menzis...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] od prva..neka uziva i ke si ostane bremena bez problem..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mama26 -> RE: Тироидна жлезда (15.5.2011 10:22:32)

marija 28 od tiroida prvpat slusam da se kreva pritisok..bas pokrupnite ili zgolemenata kilaza nosi visok pritisok..a sekako i nervozata..ova e samo moe mislenje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Twins -> RE: Тироидна жлезда (15.5.2011 10:38:01)

Марија , мислам дека ти е од вишокот на килограми и од зголемениот холестерол.Инаку  еве кои се симптоми кај заболувања на тироидна:
НАМАЛЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА( ХИПОТИРОИДИЗАМ)

Најчести симптоми на хипотироидизам се:

* замор или губиток на енергија
* дебелеење
* неподенусавње на студ
* сува кожа
* обилни менструални одливи кај жените
* запек
* психичка успореност

ЗГОЛЕМЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА( ХИПЕРТИРОИДИЗАМ)

Најчести симптоми се:

* нервоза, психичка напнатост, тресење на телото, страв, раздразливост
* забрзана работа на срцето (тахикардија)
* чувство нa топлина, препотување
* слабеење
* замор, чувство на исцрпеност
* чести столици
* кратки и оскудни менструални одливи кај жените
* кај некои пациенти очите се испакнати со застрашувачки изглед





Maca25 -> RE: Тироидна жлезда (15.5.2011 19:22:27)

Јас имам хипотиреодизам, ама никогаш не сум имала проблем со висок притисок. Дури и на прегледи на Патофизиологија никогаш не ме ни прашале за притисокот.
Кај мене се откри дека имам Хипотиреодизам кога се појавуваше подолг период проблем со пролактинот. Може, но и не мора да значи ако еден хормон не е во ред и друг да не функционира најдобро. Значи  ако имаш проблем со тестостерон, одма проверувај и TSH.
А за забременување ич да не му ја мислите. Јас сум под доживотна терапија со еутирокс па одма останав бремена. Значи од прв обид. Така да без грижи. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Marija28 -> RE: Тироидна жлезда (15.5.2011 23:57:11)

Jas pocnav dieta odma, cetvrtokot bev vo Vita diet klubot i sega za sega dobro mi odi. So da se pravi, neli za zdravje se. Ajde utre da gi zemam rezultatite pa ke vidime sto ponatamu. Inaku od fevruari navaka imav golemi nervozi so zdravjeto na moite roditeli, a moze sega koga se se sredi mene mi se reflektira, ama toa e. Vi blagodaram, prekrasni ste.




Maca25 -> RE: Тироидна жлезда (16.5.2011 23:01:47)

Марија28 пиши кога ќе ги земеш резултатите од ендокринологија.




Marija28 -> RE: Тироидна жлезда (17.5.2011 18:11:14)

Eve me mene. Vcera gi zemav rezultatite TSH e vo red 1.98. Pokacen mi e testosteronot 4.1 ( a skoro 2 godini pijam Diane 35 ), ama toa nekako mi bese ocekuvano. A problemot bil hormonot Cortisol - hormon na stres.

Eve kratko za nego sto najdov na Wikipedia - Кортизол е кортикостероиден хормон или произведени од zona fasciculata на надбубрежните кортекс, којa е дел од надбубрежните жлезди.[1] Тоj обично се нарекува „хормон на стресот“, со оглед на тоа што неговото ниво се зголемува при стрес и анксиозност. Влијае на зголемување на крвниот притисок и шеќерот во крвта и го намалува имунитетот.

Doktorot najstrogo mi zabrani da gi pijam Diane 35. Mi dade da pijam Glukofaz 3 meseci toa e za simnuvanje na sekerot ( mnogu malce mi bese pokacen ), a pomagalo i za slabeenje ( toa sto go imam natrupano od Diane 35 ) i posle na kontrola pa ke vidime. Epa luge ako imate nekoe vakvo iskustvo pisete ve molam.




Maca25 -> RE: Тироидна жлезда (21.6.2011 15:12:02)

Вчера ги земав резултатите од тироидната, па не ми се баш сјајни. Слободен Т4 ми е 1,2 а треба да е под 1. А TSH 3,1 a треба да е над 7,1.

Ми ја зголемија терапијата на Еутирокс, сега секој ден треба да пијам по 125мг. и на контрола за 3 месеци. Освен ова и триглицеридите ми се малце покачени. Во септ. треба повторно испитување да направам, а со тоа и испитување за PCOS.
Се надевам дека сега со поголема терапија ќе ми се средат работите малце од малце.




dushice -> RE: Тироидна жлезда (27.7.2011 13:03:34)

zdravo bremena sum 37 nedeli i ova mi se rezultatite od patofiza 

ft4 8,5   od 8,5 do  20

tsh  2,3 od  0,4 do 4,5


mozete da mi kazete dali sum hiper ili hipo i dali sum trebala da primam terapija za tiroidnata  vi blagodaram[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Maca25 -> RE: Тироидна жлезда (27.7.2011 13:12:01)

душиче резултатите од патофиза не ти ги виде некој доктор, па да ти објасни?!?
затоа што сепак ние не сме доктори за да даваме толку конкретни објаснувања а со тоа и дијагноза!
кој те прати на патофиза? гинекологот?




Bogdancanka -> RE: Тироидна жлезда (5.10.2011 21:21:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ZLATICKO

dali nekoj znae kako se vika privatnata ordinacija za teroidna zlezda,sto se naoga vo blizina na olimpiski bazen,pozadi jugo drvo avtobuskata poranesna,ili doktorkata,ili nejzin broj.




dushice -> RE: Тироидна жлезда (23.10.2011 16:54:22)

zdravo na kerkami rezultatot i e t4 14.56
tsh 5.5
znaci dvete rastat nagore dali moze nekoj da mi kaze za sto stanuva zbor




AnnaMolly RR -> RE: Тироидна жлезда (23.10.2011 17:39:37)

dushice, nikoj tuka na forumov ne e dovolno strucen za da ti kaze sto znaci toa. toa moze samo doktor da ti objasni i da te upati sto ponatamu. se nadevam deka se ke bide vo red so petja, pisi ni kako ke pominete na lekar.




mami 3. -> RE: Тироидна жлезда (21.3.2012 21:10:28)

Jas imav namalena funkcija na zlezda,i napraviv operacija na zlezda t.e ja izvadija.Po nekoe vreme ostanav bremena mi ispituvaja redovno krv i po nekoe vrme mi najdoa mak namalena funkcija i morav da zemam tableti ali samo vo bremenosta inaku ne pijam samo sto sega proveruvam krv na sekoi 2 meseci,ali vo bremenosta morav zatoa sto bilo opasno za bebeto.




Principessa -> RE: Тироидна жлезда (29.3.2012 23:05:25)

Добро е со забременувањето, имате ли некој совет за време на доење дали постои некоја терапија што се прима и може да се дои??????????




Maca25 -> RE: Тироидна жлезда (29.3.2012 23:13:26)

Јас цело време додека доев си ја пиев истата терапија како и претходно - Бромергон. Еден месец по породувањето направив ехо и крвна слика и ми одредија нова терапија ,појака од тоа што претходно пиев. Многу е важно да се следи за време на бременост и додека се дои и да се прима соодветна терапија.




mosa -> RE: Тироидна жлезда (29.9.2012 1:44:32)

Пролемите на тироидната жлезда може да бидат причина и за неможноста за user posted image .Се доаѓа до хормонални промени кои довевуваат до отсуство на овулација.Знаци,сиптоми за намалена функција се умор,поспаност,брзо заморување,опаѓање на косата,зголемување на тежината,сува кожа,кај некои се пореметува менструалниот циклус.

dragi moi istive pvie simptomi fi imam veke nekoj podolg period,odev na gin poradi neredovniot ciklus i mi davase apcinja za da moze da mi dojde menstruacija,dodeka gi piev bese vo red,no stom prekinav,povtorno imam neredovni menstruacii.I gin mi rece ako imam oak problem so menstruacijata ke me istprati na ispituvanje za hormonite,no bas toj period ne mozev da otidam poradi finansiski problemi i poradi toa sto nemav plavi kartoni.sega prva rabota sto ke ja napravam ke bide ova da si ispitam.A i za vtoro si probuvame,no skoro cela god i nikako da se fati........[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




Nadezna -> RE: Тироидна жлезда (30.9.2012 3:23:11)

И јас ја испитувам....прморена, напната, безволна, здебелена...
Се указува на тироида или на нездрав начин на живеење, па ке вииме




Maca25 -> RE: Тироидна жлезда (30.9.2012 9:00:54)

Јас на почетокот не ги ни приметував симптомите, бев изморена цело време но и покрај тоа јас нон стоп бев излезена, на работа по 12 саати, после работа обавезно со мм одевме некаде и многу малку спиев. Одеднаш почнав многу да се тресам, чувствував некоја вознемиреност цело време, косата почна многу да ми паѓа и од недела во недела многу варирав со тежината. Никој не ми рече да ја проверам тироидната, ниту гинекологот (таа ги знаеше сите мои симптоми и пак не ми рече да одам да проверам ТСХ) ниту пак матичната докторка ми предложи да проверам хормони. Пријателка на мајка ми и мајка ми ми закажале на Патофиза без јас да знам и ме однесоа двете еден ден. После 1 недела кога стигнаа резултатите одма ме ставија на терапија. Јас во меѓувреме дознав и дека сум бремена.
Сега цел живот ќе бидам под терапија. Треба цел живот да внимавам на исхраната, да внимавам на секој показател дека нешто не е во ред и одма да одам и да испитам. Имам 28 години, а веќе 4,5 години сум под терапија.




Рингишпил -> RE: Тироидна жлезда (27.5.2013 12:13:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Не се секирај, јас до кај 8-9 недела не знаев дека сум трудна (нели докториве наши стручни ме убедуваа дека со таа дијагноза нема шанси да сум трудна) и јас си бев со истата терапија. Тогаш само што почнав со Еутирокс 50 секој ден. После постепено ми ја зголемуваа дозата, за да стигнам до 125 и уште сум на 125.
Рингишпил, убаво да се распрашаш како да продолжиш со терапијата откако ќе се породиш, да си договориш ендокринолог и преглед на тсх одма откако ќе се породиш и како да продолжиш со терапија.
Имаме тука и тема за тироидна жлезда, можеме и таму да си споделиме некои искуства.


Еве, за да не ја полниме другата тема, нека остане прегледна, овде ќе напишам. Утре сум на контрола, во вторникот ми земаа крв, утре докторката треба да ми ги виде резултатите. Инаку, премногу бев дисциплинирана со се, па скоро 2 години сум на Еутирокс 50, претходно многу ми варираше. Кај мене дијагнозата е субклиничка хипотироидеа. Инаку и мене ме плашеа дека речиси било невозможно со сите дијагнози што ги имам, од која најпроблематична е оваа, да забременам. Ама ништо не е невозможно. :)
Ти си поминала низ тоа, па да те прашам: терапијата ти варираше и си ја пиеше цело време и немаше никаков проблем нели? Осеќам дека залудно ме плашат ... Инаку јас одам кај д-р Бранка Крстевска и премногу сум задоволна од нејзе сите овие 4 години, па не се сомневам дека ќе знае што прави со мене додека сум бремена. :)




Maca25 -> RE: Тироидна жлезда (30.5.2013 9:16:58)

Рингишпил, терапијата ми ја зголемуваа на неколку месец. Ама и јас бев многу дисциплинирана и секој месец одев на Патофиза на контрола. Последните 3 месеци стигна дури до 125. Најважно е редовна контрола. И убаво да се распрашаш што после породувањето. Да прашаш дали да продолжиш со истата терапија откако ќе се породиш? Дали ќе има ризик ако се пораѓаш природно (нели поради давањето напон и сл.). Ако ми текне уште нешто ќе ти пишам [sm=smiley1.gif]
Кај мене се направи голема глупост, лекарска грешка, од премногу пациенти на Патофиза, докторката кај која одев цела бременост испомеша резултати, па на мене ми рече откако ќе се породам еден месец да не пијам Еутирокс. И јас ја послушав, без да се консултирам со друг доктор. На почетокот бев ок, ама откако почнав да се дујам, да ми се тресат раце, да ми паѓа ненормално коса, да чувствувам немир некој, знаев дека нешто утнала. Долго, долго време му требаше на мојот организам да се врати во нормала.
А која е Бранка Крстевска, и каде работи? Јас одам кај Жанета во Ендомед, ама не сум воопшто задоволна.




Рингишпил -> RE: Тироидна жлезда (30.5.2013 12:41:32)

Јас во последните две години пијам Еутриокс 50. TSH-то ми беше цело време од 1.2 до 1.6. Сега на оваа контрола поради бебчето внатре ми беше 2.4 и ми рече 4 дена во неделата да пијам 50, а три дена Еутирокс 75. За три недели сум пак на контрола и веројатно и кај мене така ќе оди, постепено ќе ми ја крева терапијата.

Инаку Бранка Крстевска е на ендокринологија. Вторници е со обични пациенти, среди се за трудници. Сега со новите измени закажувањето ќе биде електронско и не знам колку ќе се чека за преглед, се надевам нема да е долго. Инаку до сега и по месец - два се чекаше за термин. Јас сум презадоволна од нејзе, скоро 4 години одам на контроли и прегледи и тоа не само за тироидната туку имам проблеми и со други хормони. Мислам дека од кога почнав кај нејзе се чувствувам сигурно и работите бавно ама си дојдоа во свој ред.

Фала ти многу за одговорите, се смирив уште пред да отидам. :)




anaana -> RE: Тироидна жлезда (10.6.2013 9:27:58)

kazete mi kaj da proveram TSH faktor i F4?
bev vo taa dijagnostika Pavlina ama nekako mngou sumlivi mi izlegoja toa rezultatite.. pa sakam uste ednas.
se mislev vo Avicena tamu eden faktor e 700den.
znaete nekoe drugo mesto (osven Pavlina) :))))




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>