Променливо расположение во бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


alex_mo -> Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 0:49:11)

   Ви се случило ли во бременоста да сте супер одлично расположени и за кратко време нешто или некој да ве растажи или расплаче,па повторно да го смените расположението.
  Хормони или карактер?




alex_mo -> RE: Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 0:55:37)

   Веќе ви пишав дека деновиве сум настината и некако денес не сум баш расположена.Вечерва син ми се бањаше ,а јас го слушам мм во кујна како си мрмори дека денес имал напорен ден,да оди да купи нешто за ручек,дома нешто премесувавме и сл. и во истиот тој момент така се растажив и почнав да плачам.Доаѓа тој ,се чуди ,ме прашува што е ,а јас неможам да одговорам.Некако се совземав да не ме види син ми и као очите насолзени од настинката,а тој доаѓа среде соба и почнува да пее и игра гол.....Од срце се изнасмеав....знам дека за глупост ми беа солзите,ама е те така ми дојде.Се изгушкавме ,тие си легнаа ,а јас си се смеам на ситуацијава и ви ја пишувам.............Хормони.......




Snowhite RR -> RE: Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 20:10:22)

Мене често ми се случува во бременоста онака сама да помислам на нешто или на некого и така ме фаќа жал и почнувам да плачам, да липам на глас, а и сама не знам зошто. После кога ќе се смирам се смеам и се прашувам зошто плачев, хехе тоа е..хормони - да!




ananikol -> RE: Поменливо расположение во бременоста (7.12.2009 20:15:42)

I jas bev istata vo prvata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] a sega ne sum tolku osetliva [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




lidijas -> RE: Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 20:18:33)

Veruvam deka se hormoni i mene mi se slucuvase istoto ke se rasplacev i za najmala sitnica




Mihaela -> RE: Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 20:21:38)

Јас сум во овој период многу живчана,како пред добивање,ама 10 пати повеќе и не ми се верува колку сум невозможна,а на моменти знам да се смеам за ништо,па да се расплачам.Мм неможе да поверува дека сум тоа јас[sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]




mami -> RE: Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 20:22:58)

ух..јас мислам дека он стоп менував..час бев екстра расположена а во следниот момент лута на сите..не верував дека хормоните может до толку да сменат некого




alex_mo -> RE: Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 20:33:47)

   Другарка ми месец и повеќе пред да се породи ,а тоа беше на почеток на септември,ке ми раскажува за промената на расположението,а јас со недоверба ја слушав.Си викам чудно ,не ми беше така во првата бременост,ама сега ако ми е така сигурно нешто ми фали.И еве дојдов на нејзиниот муабет.На моменти неможам никого да трпам,а потоа си викам ,а како мене ме трпат?.....Навистина се ме нервира и што е најлошо ,лутката ме држи.Секоја чест на мм од кај го наоѓа ова разбирање за мене да бев јас незнам колку пати ке реагирав,а тој си се смее,знае дека по некое време и јас ке му се придружам....




mami -> RE: Променливо расположение во бременоста (7.12.2009 20:37:03)

а тој си се смее,знае дека по некое време и јас ке му се придружам....


е баш така е...незнам од кај им само толку живци да не трпат со сите хирови[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Променливо расположение во бременоста (8.12.2009 0:58:48)

Јас сум само малку повеќе параноична отколку што бев. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




arh_diz -> RE: Променливо расположение во бременоста (9.7.2010 11:10:15)

Otkako vlegov vo 9 mesec ostojano imam promenlivo raspolozenie i ponervozno se custvuvam




jasmina 25 -> RE: Променливо расположение во бременоста (9.7.2010 14:26:27)

jas ionaka sum mnogu cuvstvitelna po priroda no od koga ostanav bremena uste poveke sum...mnogu sum nervozna se mi smeta i samo privikuvam gi zalam tie sto se okolu mene,ponekogas znam bez pricina da se rasplacam i toa se kako sto velite hormoni.....




arh_diz -> RE: Променливо расположение во бременоста (25.4.2012 11:09:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: meU87

Кои беа убавите промени физички, психички кои ви ги донесе бременоста. Кои се благодетите на бременоста, за вас???

За оваа тема бев поттикната од фактот што постојано нешто не ми чини од кога сум бремена. Се нервирам што се осеќам како балон, се нервирам што ништо не ме собира, рацете ми испукаа, како лишаи ми се појавија, зглобовите ме болат, на нозете ми се појавија капилари, по цел ден го преспивам, неможам да се движам слободно, се во тренерки и широка облека ми е смачено и сл...

Но, денес кога ја миев косата сфатив дека еднаш неделно ја мијам, за разлика од порано кога ја миев преку ден, сега не ми се мрси и покрај тоа што ми расцвета преку ноќ, сега ми е убава и права. Порано користев преса за да ја исправам, а сега нема потреба.
Градите ми се зголемија, а одсекогаш сакав поголеми гради [sm=smiley36.gif], е сега се гледат и на нив вени, но кога е деколте ов прашање вени нема, а изгледот е прекрасен [sm=jezicek.gif]
Никој не ми замерува и не ме прави луда кога ќе кажам дека ми се јаде некое овошје или нешто за што уште не е дојдено време, туку бараат да ми најдат и донесат. Ова не дека сакам да се лигавам, туку навистина ми се пријадува од време на време чудни работи ....
До крај ќе видиме што се ќе биде [sm=smiley36.gif]

Како е кај вас, кои се убавите, позитивните промени кои ви се случуваат???






meU87 -> RE: Променливо расположение во бременоста (25.4.2012 12:21:31)

Па добро, ако во ПРОМЕНЛИВО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО БРЕМЕНОСТА спаѓа дел од моето мислење кое е преместено, тогаш да си наведам уште нешто што ми текна.
Освен она што го забележав со косата, тоа што престана да ми се мрси(но брзо пука), друга позитивна работа која ја забележав е тоа што пред бременоста ми излегуваа акни на грбот, додека сега нема ни трага од нив. За сметка на ова пак сега имам на лицето, како прав пубертетлија сум [sm=smiley36.gif]




arh_diz -> RE: Променливо расположение во бременоста (12.3.2013 8:42:39)

Promenlivo raspolzenie i toa kako , hormonite rabotat [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Променливо расположение во бременоста (12.3.2013 8:44:36)

Jas pak nemav nekoi drasticni promeni vo bremenosta...vo raspolozenieto..dali deka si bev na patoloska,pa studirav,si idev na polaganja so koleskite na kafe mafe i taka do posledno si ucev nemav vreme da mislam na raspolozenieto[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Променливо расположение во бременоста (12.3.2013 8:48:23)

Ни јас немав некои посебни промени, потешко ми паѓа ПМС, а бременоста немав такви изливи на хормоните [sm=smiley1.gif]




majka na eva -> RE: Променливо расположение во бременоста (29.3.2013 22:39:08)

mi se slucuva i toa poveke pati vo denot.cas sum vesela,potoa za sitnica se iznerviram,a dali e hormoni,dali jas kako licnost sum takva ne znam[sm=zmeden.gif]




idnata_mama -> RE: Променливо расположение во бременоста (30.3.2013 20:43:35)

Мамички дали сте запознаени колку стресот, нервозите и лошите ситуации во кои се наоѓаме во текот на бременоста можат да вилјаат врз здравјето и развојот на бебето? Јас имам многу лош период и во бракот, во потесното семејство (болести, смрт, безизлезни ситуации) и постојано сум под стрес и никако неможам да се заштитам од нервози самата себе а и бебето! Како целокупното мое ментално здравје влијае на плодот? Цело време размислувам што се може да му се деси на бебето и дали тоа ќе излезе здраво, право и нормално [sm=smiley19.gif] Сеуште сум во рана бременост (13 недела) во која се оформуваат сите витални органи на бебето и невистина сум исплашена.

Ќе ве молам за совет...




masa -> RE: Променливо расположение во бременоста (31.3.2013 13:00:16)

Nekoja rrka imase napisano deka peresrn moze da se pie vo bremenost,pa so ogled na situacijata ti preporacivam da pocnes da si pies!Normalno deka stresot vlijae na se,no mislam deka stom veke napreduva bremenosta,pomalku misli na toa I bebeto neka ti bide povod za radost,koga mislis na nego misli pozitivno da se otrgnes od sekojdnevnite problemi I pravi poveke raboti sto te ispolnuvaat , sto te pravat srekna,druzenje I razgovor so pozitivni licnosti..ti posakuvam se najdobro mila




Snow Queen -> RE: Променливо расположение во бременоста (11.6.2013 23:02:37)

Ова не е многу застапено кај мене.




masa -> RE: Променливо расположение во бременоста (4.7.2013 20:57:45)

На моменти добивам такви напади на нервоза што неможам да се конторлирам.Дури понекогаш промените во расположението што ги чувствувам потсеќаат на она што го имам читано за постпородилната депресија.Има денови кога одлично се чувствувам,но има и денови кога немам желба за ништо,се ме нервира и кога ќе ги растерам сите околу себе со часови седам и ништо не правам и тоа пак не ми помага.Дури ни ќерката неможам да ја истрпам ,а и навистина е напорна.Мајка ми ми вели дека мојата беменост влијае и на неа и дека иако секој ден прашува кога ќе се роди бебето и кажува дека го сака е на некој начин љубоморна.Мислите ли дека 3 годично дете може на таков начин да ги доживува овие промени?Навистина неможам доволни внимание да и посветам,барем не како пред бременоста,еве денес сакаше да возиме велосипед,а јас неможам од стомакот да се наведнувам,сопругот неможеше исто и почна да досаѓа,пискаше и плачеше за банални работи,на крај ја удрив.Сега требаше да испаднеме сите,а јас неможев и останав дома да се нервирам уште толку.А можеби и променливово време влијае зошто и останатите околу мене се жалат на промените на времето.Навистина неможам да се справам со промените во расположението,ако има некој некој совет што ќе ми помогне?

Модератор:Соодветна тема:Емоции во бременоста




Страница: [1]