Saturn -> RE: sto ako matkata e svrtena nazat? (7.12.2009 14:17:44)
|
Апсолутно нема никаква врска! После првата бременост, кога бевме на систематски преглед гинекологот ми кажа дека сум имала превртена матка. Претходно за првото бебе не знам дали ми била превртена бидејќи ни матичниот ни гинекологот што ме пораѓаше (а каде што одев на редовни прегледи) не ми спомнаа такво нешто. И мене ми звучеше тоа некако безвезе, не ми се допаѓаше. Потоа матичната ми потврди дека ми била превртена и дека тоа нема никаква врска, но сеуште не знам каква била за првото бебе. Сега сум трудна со второ и дури е чудно како останав трудна, шансите беа стварно неверојатни да затруднам тогаш (значи само што правевме муабет со мм дека ќе почнеме да работиме на второ), можеби превртувањето на матката ме направи уште поплодна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Бидејќи треба деновиве да се породам, уште една информација за превртената матка е дека немав ама никакви проблеми во бременоста, посебно земајки в предвид дека првото дете го кревам до последен ден, мала е и сме некое време сами дома во текот на денот и има секогаш ситуации кога мора или инсистира да ја кренам.
|
|
|
|