Bethany -> RE: Килограмите за време на бременоста (5.11.2014 16:46:24)
|
Значи јас сум мноооогу разочарана! Ништо не јадам, добро не е ништо, ама дупло помалку од вообичаеното и плус благо не јадам, и вагата покажува дека за два месеци имам качено две кили! [sm=zz_eek.png] Толку синоќе се изнервирав и се изнаплакав значи. Ајде со првата бременост што имав апетит, имав, па и јадев и не внимавав воопшто. Ама сега со ова како тргнав со храната мислев нема шански да се здебелам, планирав барем за три месеци да накачам најмногу две кили, како што е и препорачано, а јас се само ширим. И да ме видите стомакот колкав имам, труднички! Не е тоа надутост, прогестерон, или што веќе, туку стомакот ми е тоа. Газот и бутките ми се а ла Џенифер Лопез, само кога не вежба едно пет месеци [sm=smiley36.gif] Се смеам, а ми се плаче... Баш ми се лепи се во бременоста. Со првото 17 кг. ај бев и опуштена, распуштена подобро да се рече, ама со ова до крај како е тргнало слон ќе бидам. [sm=sloncek.gif] или [sm=smiley30.gif]
|
|
|
|