Popce -> RE: Вагинални инфекции во бременоста (1.10.2010 14:43:11)
|
Прво: без паника. Можно е на следниот ПАПА тест да се открие пак ЦИН1, резултатот е релативна работа зависи кој патолог гледа. Значи, во текот на бременоста не се третира, затоа што не е тоа толку итна работа (не може да прогресира преку ноќ). Јас мојот ЦИН1 (пред 5 години) го доживеав како невидена катастрофа, потоа премина во ЦИН2 и на крај се решив на конизација (за да не го мислам, докторите викаа нема потреба, уште е рано). После конизацијата родив едно, без никакви проблеми или последици и сега носам уште едно (за сега исто без проблеми). Тогаш кога ми кажуваа не се секирај, не е страшно не верував, ама денес од сопствено искуство, мислам дека е тоа нешто што се решава и не вреди да си правиш стресови. Прави си ги ПАПА тестовите на време а после раѓањето на [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image], ако не ти се врати резултатот на ЦИН1 (што е исто можно) ќе му ја мислиш. Само не оставај се без контрола и надзор на лекар во кој имаш доверба.
|
|
|
|