mother 29 -> RE: Гонореа (трипер) (6.10.2009 15:04:43)
|
Нелекуваната гонореа предизвикува стерилитет Кај хроничните, недоволно или воопшто нелекувани болни инфекцијата може да се прошири по органите и системите и да предизвика труење на крвта, слепило, воспаление на зглобовите, менингит Сексуално преносливи заболувања се група заразни болести што настануваат и се пренесуваат со сексуален контакт. Може да настанат поединечно, а понекогаш може истовремено да се појават по две или повеќе заболувања. Сите луѓе, без разлика на возраста и полот, се подложни на сексуалните заболувања. Овие болести не создаваат траен имунитет - и по излекување може да се повторат по генитален, орален или анален контакт со заболен. Постојат голем број фактори што придонесуваат за ширење на заболувањата. Меѓу поважните фактори е промискуитетот (желба за промена на партнерот), кој значително придонесува за ширење на заболувањата. Голема улога имаат проституцијата, хомосексуалноста и хетеросексуалноста. Посебно ризична група претставуваат корисниците на дрога и алхохол затоа што кај нив е намалена самоконтролата за можните контакти и ризикот за зголемување на процентот на сексуалните заболувања. Од исклучителна важност е и здравствената култура за применување заштитни мерки при сексуални контакти. Причинители што ги предизвикуваат заболувањата се определени бактерии, вируси и паразити. Во зависност од причинителот, може да се јават следните заболувања: гонореа, сифилис, херпес и др. Гонореата е проблематиЧна за лекување Гонореата (бленорагија) е сексуално преносливо заболување, меѓу народот познато како трипер или капавец. Причинител е бактеријата *наисериа гонорее - заразен гонокок. Болеста е мошне сериозна не само поради примарните симптоми, туку поради компликациите што настануваат ако не се открие и лекува на време. Бактеријата се пренесува со која било сексуална активност - вагинална, орална и анална. Симптомите на инфекцијата се појавуваат по 2 до7 дена од заразувањето. Се манифестираат различно во зависност од местото на инфекцијата (полов орган, уста, анус). Во некои случаи кај жените болеста може да не манифестира симптоми и поради нелекување да претставува извор на ширење на заболувањето. Кај некои жени се појавува незначително зголемена вагинална секреција, а кај поголем број на заболените жени симптомите се поизразени и се манифестираат со силно лачење жолт, густ вагинален секрет, кој има непријатна миризба. При мокрењето жените чувствуваат пецкање во уринарниот канал. Кај нив може да дојде и до усложнување на процесот со воспаление и оток на вулварните Бартолиниеви жлезди. Ако болеста не се лекува, може да се прошири на матката, јајцеводите и јајчниците и да доведе до стерилитет. И кај мажите симптомите се исти - силно пецкање при мокрење и големо лачење гноен секрет од половиот орган. Ако болните не се лекуваат, болеста може да се прошири на простата, семеноводите и тестисите и да доведе до стерилитет. При орална инфекција симптомите се изразуваат со воспаление, оток и црвенило на крајниците и гркланот. При аналната инфекција доаѓа до воспаление на долниот дел на дебелото црево, со слузаво гноен секрет во изметот. Кај хроничните, недоволно или воопшто нелекувани болни инфекцијата може да се прошири по органите и системите и да предизвика труење на крвта, слепило, воспаление на зглобовите, на внатрешниот слој на ѕидот на срцето, воспаление на меките мозочни обвивки - менингит. Дијагнозата се поставува по земање секрет од заболеното место, кој потоа се испитува микроскопски за да се открие присуство на причинителот - гонокок. Лекувањето е со неколку вида антибиотици, таблети или инјекции. Поради несоодветно лекување, во последно време причинителите стануваат поотпорни на антибиотиците, поради што лекувањето е потешко и посложено.
|
|
|
|