Julie1 -> RE: Кои се РР модератори? (28.11.2010 17:16:08)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Епа Тања навистина да бидеш сама модератор на форумот бебе и истовремено администратор не е баш лесно, но можеше да кажеш, па ќе предложевме некој или некој сам ќе се предложеше од поактивните членови. Со оглед на тоа што во последниот е-newsletter на Рингераја кој го добија сите регистрирани корисници над 13.000 имаше барање за модератори ние побаравме помош, а добивме помош само од 1 корисник мила мама. Кога имаш само 1 корисник кој е пријавен каков критериум да спроведеш? ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Како и да е, да и дадеме шанса на мила мама, иако јас немам впечаток дека е поактивна како што вели Јуле и не се согласувам дека е тешко да се мотивираат корисниците за да допринесат за рр. Еве јас на пример не сум модератор, а секогаш гледам да помогнам да дадам совет, колку што можам, а посебно во делот БЕБЕ, затоа што го сметам тој форум за поделикатен и каде што најмногу треба помош. Значи мене не ми треба модераторство со кое ќе можам да бришам или преместувам мислења, за да допринесам за рр. Ајде мила мама, оправдај го твоето модераторство и демантирај ги нашите коментари Улогата на модератор не е да помага со одговори на одредени постови и да изиграва одреден стручњак... сите сме тука да помогнеме за тоа, кој колку знае и умее и посебно го ценам тоа што ти драга Snowite го правиш тоа, како и многу други корисници... модераторот е тука да ни помогне форумот да е среден (да се бришат дупли теми, да се менуваат наслови, да се спојуваат теми и сл.... и не секој има желба тоа да го прави). На крајот на краиштата квантитетот поминат на Ригнераја не е толку важен колку квалитетот. И уште еднаш ќе повторам бројот на постови немало и ќе нема улога во иднина кој е модератор, може корисник и со илјадници постови да не сака тоа да го прави или пак да не се снаоѓа толку во модерирање. Не сме во некоја институција па да броиме број на поминати успешни предмети, години стаж, положени сертификати.... ова е форум и Ве молам порелаксирано сватете ги работиве... И повелете кој има желба да биде модератор нека прати на info@ringeraja.mk дел за кој смета дека треба помош (нема доволно модератори или треба да се направи замена).. Едноставно е да се прекине нечие мдераторство и нема сигурно да бидеме среќни ако сега мила мама рече не ме сакате за модератор добро ќе се откажам, да бидеме отворени кон нови луѓе во нашето големо семејство, да немам ограничувања. Јас навистина сум пресреќна и нека пише кој сака што после 9 години стапив во контакт со моја пријателка и благодарение на Рингераја, а дали и во иднина мила мама ќе биде модератор или не сеедно е веќе... А за непотизми ако мислите дека на форум може да се направат ехе до сега можев цела фамилија и сите другарки да ги ставам модератори или пак да ги вработам во Рингераја а помина 1 година и 9 месеци од кога работам во Рингераја... па сега проценете.
|
|
|
|