Viktori -> RE: Витамини на децата (19.3.2011 12:07:33)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика Едно прашање: Пред некоја вечер му дадов на Борјан пред спиење пола бедоксин, пошто беше многу нервозен и растревожен, а ние сме познати по расплакани ноќи, немирно спиење, будење, симнување од кревет, туркање, вриштење до заоѓање, месечарење... си реков ај да му дадам пред спиење пола, да видам дали ќе се смири... и замислете, имавме мирна ноќ!!! Е сеа ме интересира, колку често можам да му давам, дали е добро секојдневно, пошто стварно детето ми е баеги посмирено...? мислам дека има бебивит капки за бебиња на Хелт Еид околу 500 денари. Прашај си во аптека. Повеќе витамини и мислам дека е многу покорисно. Кај нас не ги препорачуваат демек имаме се свежо.. ама во последниве години патлиџаните се фарбани ко со темперни боици, портокалите се ко на син ми играчките... не знам. Мислам дека е потребно да се додадат витамини и кај бебињата (добро не зборам за под 6 месеци) затоа што исхраната не ни е веќе природна како кога ние бевме мали. Инаку во некои земји не се дава посебно д витамин, туку баш микс од повеќе витамини.
|
|
|
|