Палешка РР -> RE: Потенцијални опасности при бременост со близнаци (14.12.2009 9:29:58)
|
ЗАЧЕСТЕНИ КОМПЛИКАЦИИ Повеќеплодовата бременост може да се развие од една јајце клетка (еднојајчана, монозиготна) или од две и повеќе јајце клетки (полизиготна, повеќејајчана). Еднојајчените близнаци се секогаш од ист пол и физички и психички се многу слични, бидејќи имаат иста генетска основа. Обично прворотките при потврдувањето на повеќеплодова бременост се среќни и се надеваат дека одеднаш ќе го исполнат планот за репродукција и нема да се мачат во иднина. Во тие моменти не сакам да им го расипувам расположението објаснувајќи дека повеќеплодовата бременост е ризична со голем број можни компликации, како за мајката, така и за детето. Просечното траење на бременоста значително се скратува со зголемувањето на бројот на плодови. Кај едноплодова бременост просечно раѓањето настапува околу 39 до 40 гестациска недела, кај близначка бременост околу 35. недела, кај тројките околу 33. гестациска недела, а кај четворките околу 29. недела. Под претпоставка дека децата се здрави, пократкото траење на бременоста само по себе е доволно да предизвика многубројни компликации. Кај повеќеплодовата бременост двојно е поголем ризикот од спонтан абортус отколку кај едноплодовата. Поранешните студии покажале дека околу половина од трудниците кај кои ултразвучно е утврдена близначка бременост, на крајот раѓаат едно дете, зашто другото умира во текот на бременоста, најчесто во текот на првите три месеци. Сите тешкотии што се манифестираат кај нормалните бремености (слабост, повраќање) кај повеќеплодовите бремености се појако изразени. Зголемениот притисок во стомакот предизвикува тешкотии при дишењето, отоци на нозете, проширени вени и хемороиди. Анемијата на мајката се јавува порано и е поизразена, што е резултат на зголемените потреби на плодовите. Зголемувањето на крвниот притисок е манифестно кај 40 проценти трудници со два плода; 60 проценти трудници со три и повеќе плодови, а може да се појави релативно рано, кон крајот на првото тримесечје. Со текот на бременоста скоро две третини од еднојајчените близнаци покажуваат забавен раст во однос на нормалата, а отстапувањата се поголеми како што се наближува терминот на раѓање. Едното дете може да напредува дури и пребрзо, додека другото може да заостанува. Причината е нерамномерна дистрибуција на крв и хранителни продукти помеѓу плодовите. Интраутериниот раст кај овие плодови е побавен. Тие се раѓаат полесни за 400-600 грама и пократки за 2-3 сантиметри, отколку едноплодовите бремености.
|
|
|
|