Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Закажување за лични карти и пасоши 14.12.2009 17:34:23
Bitolcanka
Јас закажав пред 2 недели од прилика. Имаше многу луѓе и никаков ред. Работеше само еден шалтер, а долга колона. Потоа рекоа да се поделиме, да има луѓе на двата шалтери, но на вториот немаше некој што работи и залудно чекаа луѓето. По околу 1 час дојдов на ред и закажав датум за сликање со одредено време на барањето. Без разлика на времето и тогаш чекав. Сите бевме закажани во исто време, како што е случај тука кај нас Конечно денес ја зедов, исто така по извесно време чекајќи. Таква е реалноста кај нас, за жал... За се се чека, а освен тоа вработените во ваквите служби, повеќето се крајно нељубезни, нехумани (со секоја чест на ретките исклучоци), дури си прават мајтап на сметка на граѓаните. На запад ништо ново
RE: Закажување за лични карти и пасоши 14.12.2009 17:47:03
Anushka
Мене не ми требаат новите документи, ама ми кажаа дека најлесно може да се закаже телефонски помеѓу 19:00 и 19:30 ч. а околу малтретирањето, совет: ЗАСТАНЕТЕ ПОЗАДИ ЖОЛТАТА ЛИНИЈА И БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ. Верувајте ми, и во другите земји е слично кога се работи за администрација, ама таму народот е малу мутавичок и си трпи, ание само се буниме...
RE: Закажување за лични карти и пасоши 15.12.2009 15:02:41
arh_diz
aj moze na nekoj ke mu zakazat vo 2020 godina kako sto odi rabotata ne razbiram navistina za taka mala drzava . Sto ke se slucese dokolku drzavata imase desetmilioni ziteli
RE: Закажување за лични карти и пасоши 15.12.2009 15:06:32
mis.
Не сум во тек со работава.Знам дека рокот за закажување беше до 28 Февруари уште важи тој рок или го продолжија?Дали тоа важеше само за Ск или и за другите градови?
RE: Закажување за лични карти и пасоши 15.12.2009 15:14:49
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.
Не сум во тек со работава.Знам дека рокот за закажување беше до 28 Февруари уште важи тој рок или го продолжија?Дали тоа важеше само за Ск или и за другите градови?
Јас колку што знам рокот е продолжен за сите градови не само за Скопје ако сум грешка некој нека ме исправи.
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Закажување за лични карти и пасоши 25.1.2010 17:58:09
Bogdancanka
ех ама се испофалив дека нема закажување,али сега и кај нас е така,лична карта извадив кога немаше турканици а сега пасош треба да вадам и еве треба да одам да закажам сега дали знае некој за закажување за пасош што треба зашто сега и да ме стрелат незнам кај ми е стариот пасош а го гледав пред некој ден кај ли го ставив...... дали знаете што треба за закажување за пасош дали треба да го носам стариот или само лична карта?
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Закажување за лични карти и пасоши 26.1.2010 1:21:41
Bitolcanka
Не знам Анабел. Можеби, ако не извадил веќе нов пасош ... најдобро прашај си во МВР, за секој случај. Можам да замислам какви гужви има за вадење документи во Скопје, кога е таков случајот и кај нас, во Битола (знаеш како поранешна жителка )
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Закажување за лични карти и пасоши 26.1.2010 1:37:49
Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel
Ех, во БТ порано и татко ми ми помагаше околу документација, мислам за извод и државјанство. Овде за се мора лично да одиш...
Тешко нас, ќе треба да вадиме три пасоши по итна постапка....а сега закажуваат за во март а се чекало месец дена да ти го дадат (итна )
И кај нас сега мора да се оди лично за сликање и за подигање на документ (лична карта, пасош). Може да ти поднесе само барање некој друг. Се изменаа правилата, поусложнето е се. И за чекање, исто долго се чека и кај нас ... освен ако немаш некој свој таму.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Закажување за лични карти и пасоши 26.1.2010 13:17:14
Tanja K.
Jas za pasos imam zakazano za 3 septemvri,a za Eva na2 septemvri.Letovo ne bevme nikade na odmor i Elena sega postojano zboruva kako ovaa godina ke sme odele duri 20dena vo Grcija.Otkako ke i kazam deka ke nemam pasos togas nitu jas nitu Eva pocnuvaat placki.I sega resenie???????????????????????
RE: Закажување за лични карти и пасоши 15.2.2010 23:23:20
pacuvce
Иако темава е трагична,еве нешто да се насмеете...Ова е секако виц,а сите оние кои ќе се препознаат,треба да знаат дека ова е случајност...И може да му се случи само на Чак Норис...
ВИЦ:Само на Чак Норис му закажале за лична карта годинава...
RE: Закажување за лични карти и пасоши 16.2.2010 9:33:08
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce ВИЦ:Само на Чак Норис му закажале за лична карта годинава...
Добар виц..дај да му кажам да ми го отстапи местото пошто сум сирота, новото презиме ниту еднаш не сум си го употребила, ми стои само на еден список со телефони на работа и тоа коешката нарочно го запиша за да не забораам дека имам и уште едно, а Чак нека си презакаже..сигурно и тогаш пак ќе му закажат за годинава.....