niki -> RE: Живот на љубовница (29.3.2010 0:18:24)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: fantom Jas so tebe potpolno se soglasuvam.I da nema nedorazbiranje.Jas ne go opravduvam neverstvoto,toa nikako.Znaci stavovite po toa prasanje ni se isti,da rascistime ednas. Ona za koe jas celo vreme zboram e deka ne e se kako so nie sakame i planirame vo zivotot.Znaci,mozno e nekogas rabotite i da izlezat od kontrola,i pokraj toa sto sme svesni za familija,deca,okruzuvanje okolu nas,ednostavno nekogas razumot zatai,a srceto pobedi.Sakala ili ne ete se slucilo da se zaljubis vo nekoj so ne treba.I sega od strana tie so ke te gledaat ke komentiraat najcesto najloso za tebe.E za toa sum protiv.Kako prvo,i ti ne si sakala a se slucilo,kako vtoro mozebi i nikoj ne znae kako ti e momentalno a sudi za tebe,kako so i ovde sudat iako celo vreme se potencira deka tuka nikoj nikogo ne osuduva i ne obvinuva.A nikoj barem malku ne pokaze razbiranje kon tebe i da ti rece,daj kazi so e problemot,pa da te sovetuva,pa da ti pomogne da izlezes od toj triagolnik,dali so toa so ke se otkacis od toj,dali so toa so ke rascistis so stariot zivot i ke prodolzis nov.A najcesto poradi toa,so nema koj,ti tapkas vo mesto i se vrtis vo krug i stradas.Zatoa celo vreme zboram deka tie situacii ne se ednostavni sekogas i treba razbiranje.I izvini so zborev celo vreme vo tvoe ime,da ne me svatis pogresno toa bese samo figurativno. Se nadevam deka se razbravme,pozdrav i leka nok Јас девојките или момците слободни кои се наоѓаат во позиција на љубовник, љубовница, не ги осудувам. Тие немаат багаж кој го носат, немаат обврски кон никого освен кон себеси, можеби и немаат искуство, за многу нешта во животот не се ни свесни и можат да си дозволат себеси да бидат неодговорни и да искусат некои работи, да се впуштат во ситуации кои се недозволени и да излезат од нив повредени или не, но секако збогатени со едно плус искуство. Но искрено неможам баш така лесно ни да ги оправдам и да седам мирно и да речам еј ок е тоа и тоа е за луге. А неможам бидејки сум сопруга, сум мајка и за себе, за моето дете и за мојот маж не посакувам да се најдеме во ситуација триаголник. Е сега овие кои се во брак без разлика дали се мажи и жени носат со себе багаж, имаат одговорност и не се сложувам дека кај нив разумот затајува. Знам дека се случува човек да запознае некого, да му се допадне, да се пронајдат на иста фреквениција, да проработат пеперутки во стомакот и еден збор да доведе до поглед, погледот до бакнеж, бакнежот до секс. И тоа е занес, но штом ќе завршат со сексот се враќаат во својот дом каде ги чекаат децата каде ги чека партнерот и го живеат животот на семејни луѓе, па се преиспитуваат, па се размислуваат и потоа пак почнуваат со планирање кога како да се најдат со љубовникот/цата, го лажат партнерот, крадат од времето кое би требало да го поминуваат со семејството и сето тоа го прават мошне смислено, испланирано и сосема свесно, а разумот им работи 300 на саат, но не во насока да го сочуваат тоа што го имаат туку да го растурат. И тоа го повторуваат и повторуваат и повторуваат од проста себичност. Јас се сложувам дека тоа може да ми се случи и мене, сум помислувала, некаде на форумов имам и пишувано дека и такви мисли почнале да ми се јавуваат, но многу сум свесна за тоа. Не ми затајува разумот, туку едноставно тоа се моменти кога себично единствено на себе мислам. И ако во таков момент се најдам пред искушение мислите во стварност да ги претворам, ох незнам што ќе биде, но неверувам дека ќе биде непромислено, дека во тој момент нема во главата да си направам листа за или против, дека нема да вагам помеѓу себе си и моето семејство... а што ќе извагам? па искрено си посакувам себе си никогаш да не дознаам.... Не верувам дека срцето е тоа кое води, бидејки во моето срце најголемо место зафаќа ќерка ми и тоа никогаш нема да се промени, ако срцето води не би ме водело против неа...кон неверство водат некои други нешта, љубовта нема никаква врска со тоа.
|
|
|
|