kleo -> RE: Старо ново кумство (7.3.2012 16:01:39)
|
Jana81 според мене кум е тој што венчава и крштева во црква, а тоа што некој дошол и се потпишан во матично мене лично ништо не ми значи. Така да според мене можете да си барате нов кум. Ама тоа е мое мислење. Јас истото му го реков и на мм кога требаше да го прашаме неговиот стар кум. Му викам па добро бе што толку го величате и му се палшите, па он ниту ги венчал твоите ниту ве крстел тебе и брат ти, и што сега он треба мене да ми го диктира животот. И ај на сите инсистирања од неговите го прашавме, па кога почна епа да беше догодина, да беше син ми тука, па вака па онака, па не може ли да се одложи тоа и слични други глупости. И на крај од сето тоа му реков, епа значи ние може да си бараме друг кум, штом вас не ви одговара. И после тоа ете ти циркуз. Он мислел дека ќе го молиме да ни биде кум, епа тој филм кај мене не го гледа. Па кавги и расправии дома што да ви кажувам, свекрва ми на глави ни се качи. Као демек вие што сакате правете,ама јас си имам уште едно дете. Ама сето тоа и се удри од глава, оти нели мм и девер ми некрстени и требаше да се крстат и замисли нивниот почитуван кум не сакаше, па така ги крстеше другар на девер ми и си се договорија кога ќе се жени девер ми он да му биде кум. Испадна ова ние и на девер ми му го решивме проблемот. А врв на безобразлукотна стриот им кум беше тоа што кога му ја носевме поканата за свадба ни рече, вие ептен избрзавте и згрешивте, требаше сега да правите веридба а догодина свадба. Аман бе, кое е он да ми кажува кога да се мажам, мене моите не ми се мешаа он ќе ми кажува. И на крај не дојде на свадбата, ама па и баш ми е гајле. Битно ние си имаме нови кумови со кои што ептен си живееме.
|
|
|
|