RE: избор на црква (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


Nadezna -> RE: избор на црква (8.2.2011 23:56:54)

Jas ja birav crkvata za vencavka, ispadna Sveti Arhangel Mihail vo Avtokomanda.
Gi imam poseteno poveketo crkvi vo Skopje, osven ovaa bea vo opteg i Markov Manastir i Sv. Jovan Krstitel vo Kapistec.
Eve ja :
[image]http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/hs252.snc6/180018_501727072506_705672506_6278445_5217950_n.jpg[/image]




mama26 -> RE: избор на црква (9.2.2011 11:02:53)

crkva e crkva -ne mi bilo vazno vo koja[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ne mi vredi tolku maticnoto kako samiot cin na mojata vencavka vo crkva[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




stojanoskad -> RE: избор на црква (18.3.2011 11:20:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Јас сум по убедување атеист, иако сум крстена, венчана во црква, а и ќерка ми ја крстевме.
Избор на црква за мене е најбанална работа за која не вреди да се троши енергија во расправија која ќе била. Најлогично ми е да биде некоја која е најблиску до домовите на младенците, а не само заради црква да се поминуваат километри на денот од свадбата и додатно да се малтретираат и тие и гостите. Почитувам верници кои држат до храмот во кој обично одат, но сметам сосема безпредметно да се прави престиж од тоа каде церемонијата венчавка или крштевка  би била извршена, бидејќи вистинските верници се верници во душата, а не заради црквата во која одат.

Bas taka!!!Na vistinskiot vernik ne bi trebalo da mu bide vazna crkvata vo koja ke mu bide obaven bilo koj crkoven ritual pa i vencavkata.Crkvata e bozji hram,i so toa e dovolno ubav.Ritualite bi trebalo da  gi pravime vo crkvata koja e najblisku do mestoto kade sto ziveeme.




denim -> RE: избор на црква (18.3.2011 12:40:50)

Sv. Dimitrija




belabela -> RE: избор на црква (18.3.2011 12:50:07)

Presveta Bogorodica imav prekrasna velicevstvena vencavka




mila mama -> RE: избор на црква (18.3.2011 14:07:40)

Presveta Bogorodica, vencavkata bese prekrasna i peese horot "Zlata Meglenska". Epten ubavo! 




ljubicicaaa -> RE: избор на црква (25.3.2011 2:18:46)

ние се венчававме во охрид во една прекрасна црква св троица
http://www.facebook.com/photo.php?fbid=458340054030&set=a.458335459030.256128.748994030[sm=jezicek.gif]




Maca25 -> RE: избор на црква (25.3.2011 9:38:04)

Љубица, сликата не се гледа! Треба да ја селектираш од ФБ па да ја поставиш. Вака само линк се покажува. 




ljubicicaaa -> RE: избор на црква (25.3.2011 15:32:04)

sorry[sm=zmeden.gif]
мислев дека ако кликнеш на линкот ке се отвори како на други места[sm=smiley14.gif]
ке си знам за др пат[sm=jezicek.gif]




tnade -> RE: избор на црква (18.4.2011 1:25:53)

sv.Dimitrija




anedespo -> RE: Избор на црква (18.4.2011 9:33:10)

св. Ѓорги во Чаир. Таму и двајцата сме крстени, таму се венчавме и таму ги крстевме и двете деца. 




Melanija RR -> RE: Избор на црква (12.12.2011 19:42:03)

По некој македонски обичај младоженците се венчаваат во таа црква каде што е крстен младоженецот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Ние едногласно си решивме да се венчаме во црквата Пресвета  Богородица.Прекрасна црква со внатрешен прекрасен амбиент од икони,лустери,фреско,столбови,осветлување,бела......едноставно единстен избор и желба ни беше.




Luci -> RE: Избор на црква (13.12.2011 11:12:38)

И ние се венчавме во Пресвета Богордоица. Во истата црква беше мм за мала молитва за синчето кога се роди а потоа и сите заедно на голема молитва. Таму и ќе го крстиме М. здравје за првиот роденден




sandra_ -> RE: Избор на црква (7.7.2012 14:59:21)

Драги мои, бидејќи сум бремена со дечко ми планираме да правиме свадба ама само во матично да се регистрираме и да направиме мала веселба, а подоцна кога ќе го крстиме детео тогаш да се венчаме во црква со најблиските мислам моите и неговите.Што мислите вие за тоа, дали е подобро сега кога се прави се или подоцна како што планираме?..Поздрав..




Maca25 -> RE: Избор на црква (7.7.2012 15:06:59)

И јас бев бремена кога се венчавме и вака направивме: во среда се регистриравме, а во недела наравивме венчавка и журка.




zzaa -> RE: избор на црква (1.12.2012 10:14:18)

nie se vencavme vo sveti gorgi vo cair taa ni bese naj blizu a ne venca 3 popa




Gardenia -> RE: избор на црква (12.6.2013 8:13:19)

Ние ќе се венчаме во манастирот Св Ѓорѓи во Неготино
Инаку сакав да прашам колку свеќи треба за венчавката?




Snow Queen -> RE: избор на црква (2.9.2013 15:21:40)

Ние се венчавме во Св.Ѓорѓија во Чаир, прекрасна црква, они си се со традиција секогаш таму...попот ни се погоди кратко и убаво кажано, баш мераци.




Mihaela 2010 -> RE: избор на црква (29.11.2013 17:38:57)

Se vencavme vo Sv.Petka i krstevka na M isto vo Sv Petka. moite krsat lepce i go obelezuvaat toj den Sv Petka pa taka i she odlucivme za taa crkva. isto i brat mi




deluxe -> RE: избор на црква (29.11.2013 18:18:34)

Се венчавме во црквата каде што реонски припаѓаме.Тоа е Св.Благовештение.Таа има големо значење за мене,таму сум крстена ,таму се венчав и децата таму ми се крстени[sm=smiley1.gif] Пред да се омажам живеев во близина на црквата,така речиси постојано си ја посетував[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: избор на црква (29.11.2013 20:46:48)

Св. Петар и Павле во Горно Лисиче.
Претходно сум била таму на неколку случувања, и ми се допаѓа прекрасниот двор, а и најблиску ни е до местото на живеење.
Таму венчавав, таму не венчаа, таму зедов молитва за Т и таму ја крштевавме.
Некако ни прирасна за срце и мене и на мм.




Felly RR -> RE: Избор на црква (29.11.2013 21:29:20)

А нели има некое правило дека венчавка и крштевка треба да правиш во црквата во својот реон, или јас сум грешка?




zzaa -> RE: Избор на црква (30.11.2013 22:40:29)


Нема правило кој каде сака, само идеш и си закажуваш за која дата сакаш.
Ама нели сите гледаме да ни е поблизу да не се губи многу време во патување.
Ние се венчавме и ја крстевме Ева во св Ѓорѓи во Чаир, таа ни беше нај блиско.




Snowhite RR -> RE: Избор на црква (1.12.2013 23:57:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

А нели има некое правило дека венчавка и крштевка треба да правиш во црквата во својот реон, или јас сум грешка?

И јас така знам, најверојатно во нашиот град е така




Mila mamicka -> RE: Избор на црква (19.5.2014 12:07:29)

Нашиот избор на црква беше многу интересен. 2-3 години пред да се земеме со мм, свекор ми и свекрва ми беа на венчавка во црквата Св. Троица во Радовиш. Свекрва ми беше воодушевена од црквата и уште тогаш ни рече, кога ќе се земете, желба ми е таму да се венчате (инаку сме од Кавадарци). Кога ја видов снимката од свадбата на која што беа, и јас се воодушевив од црквата. Затоа, и таму закажавме венчавка и беше преубаво. Иако се беше во ист ден, и матично и црква и ресторан, не ни беше воопшто напорно, што моравме да се возиме до Радовиш и назад. Многу луѓе дојдоа со нас, околу 50тина, и кога заврши церемонијата сите рекоа дека вредело за патот шо го поминале. Самата церемонија беше многу убава, ја држеа 3 свештени лица, имавме хор во живо, и се беше прекрасно. Плус, и самиот двор на црквата е преубав, па имавме фотосесија таму.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>