Забременување со допир на статуа!?! (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Палешка РР -> Забременување со допир на статуа!?! (2.6.2009 13:20:18)


[image]http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif[/image] Забременување со допир на статуа
   [image]http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif[/image] [image]http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif[/image] 06.02.2009 12:54 [image]http://media.a1.com.mk/media/vesti200/ripli-statui.jpg[/image] Фамозната статуа од која се забременува
Во познатиот музеј на Рипли - Верувале или не во Миртл Бич во американската држава Јужна Каролина, ќе бидат изложени две статуи на плодноста кои според организаторот, може да им помогнат на посетителките да добијат деца. За само неколку месеци, 13 жени вработени во компанијата забремениле откако ги допреле статуите, пренесува МИА. Оттогаш, статуите се изложувани ширум светот, а компанијата тврди дека повеќе од 2.000 жени забремениле откако ги допреле тие дрвени кипови. Статуите ќе бидат изложени во музејот на Рипли со порака: Ве молиме не допирајте ги експонатите, освен ако не сакате да имате бебе! Дрвените статуи високи 1,5 метри се купени во 1993 година во Брегот на Слоновата Коска за да го украсат седиштето на компанијата Рипли во Орландо, на Флорида.


Што мислите во врска со овој напис? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: Забременување со допир на статуа!?! (2.6.2009 13:31:23)

ако е точно, да организираме чартер за сите мами кои неможат да добијат бебенце...јас помалку и верувам во вакви работи, и кај нас има едно место- Говедаров камен, каде одат младите кои неможат да имаат деца и од тоа што досега сум го слушала успеале да добијат бебенце...




Еца -> RE: Забременување со допир на статуа!?! (2.6.2009 20:02:58)

Мене искрено ништо не ме чуди, луди времиња, луди работи, а може и да има нешто, виша сила...мислам за да добиеш дете, се ќе направиш,, затоа ништо никој не го кошта да се обиде...да изгуби нема ништо, а можеби ќе добие...А инаку и јас сум слушнала за тој говедаров камен,и за жени кои навистина потоа забремениле...




Страница: [1]