не сака млеко преку ден (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


mami -> не сака млеко преку ден (2.6.2009 14:06:21)

од кога почна да јаде други кашички и нормана храна и да пие обично а не адаптирано млеко, преку ден нема шанси да пие млеко, или тоа е сосема малку 100 мл или помалку, а ноке обавезно- 260мл после бањање, и околу 3-4 усте 150мл...да му бутам со сила и не ми иде некако, ама па ми е без врска да не не добива се што треба да добива со млекото[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: не сака млеко преку ден (2.6.2009 21:16:22)

Мами па тоа е 510мл млеко за цел ден.Јас мислам дека е доста па и во просек викаат дека 500 мл е доста.ако пие многу млеко па друго нема да јаде.Ние сакаме се да јаде и многу млеко да пие па тоа малку потешко нели




mami -> RE: не сака млеко преку ден (2.6.2009 23:16:22)

абе да..ама па цел ден без млеко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]а инаку вака се си јаде друго...ретко да исфрли некоја храна.имаше период кога се скара со супите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ама после им се смири па ги тамани и нив сега




mis. -> RE: не сака млеко преку ден (2.6.2009 23:33:45)

Има деца како моето првото пијат само млеко по литар литар ипол на ден и ништо друго не јадат а има и деца што јадат се но не пијат млеко.Има и една група на деца, како мене, што не пијат млеко многу малку јадат и пак преживеале па како возрасни држат диети и сакаат да ослабат.А Лука по твоето кажување спаѓа во група на идеални деца кои јадат се и количински доволно а + пие и млеко кое во границите на идеалното количество.
Да сум на твое место ќе бидам среќна мајка и ќе го терам истото темпо.




mami -> RE: не сака млеко преку ден (3.6.2009 8:04:39)

Благодарам Мис...да јас сум задоволна со тоа колку јаде и пие млеко, само знаеш уште ми е тешшко да си се навикнам дека веќе јаде се а не зависи само од млеко, па понекогаш си се подзамислувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Боцко -> RE: не сака млеко преку ден (3.6.2009 20:35:03)

стефан воопшто не пие млеко преку ден. ноќе, околу 3-4 пие 250 мл нестле јуниор 1+ и тоа е тоа. но, затоа преку ден тамани јогурт, овошен јогурт, сирење и павлака. за пудинг ич да не правиме муабет. во состојба е 4 дукатино пудинзи да изеде на 1 јадење. пред некој ден си отвори фрижидер, си зема 1 пудинг. жм му вика тоа е за утре. стефан вика тоа е за сега, си зема лажиче, си отиде во своја соба, ни затвори врата и си седна да го јаде пудингот. ух, што ли ме чека кога ќе биде тинејџер. друга храна јаде претежно со баба му. со нас изводи и најчесто сака да јаде хип житна каша+милупа 7 житарки (топ!)=пиковит = КАХА ПИКОВИТ[sm=smiley1.gif] тешко можеш да го наговориш да проба непозната храна.




biljanaM -> RE: не сака млеко преку ден (21.6.2009 1:57:20)

и Воислав не пиеше млеко никако преку ден, ама сега откако испи едно шишенце Пиковит е подобар, дневно му излегува по едно кило[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: не сака млеко преку ден (17.12.2009 10:04:25)

еве го значи си остана на тоа, млеко преку ден само пред да заспие и тоа некои 100мл и помалку, и ноке пред спиење задолжително




profesorica -> RE: не сака млеко преку ден (17.12.2009 10:47:54)

Дамјан пие и преку ден за заспивање околу 150-200 мл. а ноќе пред заспивање 300 и + во текот на ноќта 150-300.




Џесика -> RE: не сака млеко преку ден (4.8.2010 14:18:20)

Луѓе, а што да правам јас што Борјан не сака да помириса млеко??? Ни дење, ни ноќе, ни со бисквити, само со ЛИНО кашичките... па коа ми кажа педијатарот дека треба 500 мл дневно, во несвест ќе паднев... све сум пробала, топло, ладно, со какао, со шеќер, со мед, не сака да чуе, повраќа од млеко...и место тоа јогурт јаде, павлака, кисело млеко, дури и матичниот ми рече подобро да јаде кисело млеко отколку обично млеко, ама не знам, сепак ми е безвезе....




beki RR -> RE: не сака млеко преку ден (4.8.2010 14:22:12)

Јасмина27 , ич да не ти безвезе.Деттео не сака млеко, и крај.давај кислео млеко и ич гајле да немач.Па има еден куп производи од млеко.
Постојат деца кои не смеат да пијат млеко, па и тие растат.Не се секирај, детето знае што сака , а што не.Можеби по некое време пак ќе посака да пие млеко.Ти нуди го, ако не сака, не го присулувај.Можеш да му направиш сутлијаш со млеко, пудинг со млеко, има безброј начини како да се внесе млеко.Е сега требало 500 мл .... не се оптереувај со тоа.




Viktori -> RE: не сака млеко преку ден (4.8.2010 14:31:37)

син ми имаше алергија на млеко, па покрај него ни едно дете мое не пиеше кравјо обично млеко во "пропишани количини". А и какви афери имаше со млекото во тоа време... не ми ни паѓаше на памет да им давам.
Инаку имав книга од Имануел Кант кој фала му ([image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]) многу ми олесна, па пишуваше дека мајчиното млеко е за деца, а кравјото за телиња! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


п.с. ова не е совет. само искуство!




Џесика -> RE: не сака млеко преку ден (4.8.2010 14:50:47)

Не ме оптеретува толку помислата со количината на внесување, колку што ме нервира тоа што навечер љока сок, наместо млеко, и од страна набивање грижа на совест дека сокот е штетен, па не сум била доволно упорна со млекото и триста други заебанции...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Maca25 -> RE: не сака млеко преку ден (4.8.2010 23:49:09)

Нина пие млеко само сабајле (кога ќе стане) и навечер пред спиење. Преку ден не сака млеко. Тогаш за заспивање користиме сок или вода. Насабајле пие околу 120 гр., а навечер 220гр.




Maca25 -> RE: не сака млеко преку ден (27.10.2012 11:12:35)

Еве после 2 години да пишам овде - млеко преку ден нема пиење, освен ако не јаде житарици со млеко.
Да ја прашаш Н. она ни пред спиење не би пиела, ама мора.




Bethany -> RE: не сака млеко преку ден (27.10.2012 11:27:27)

моето го исфрли млекото целосно на 10 месеци и што да му правам...Се обидував и такво и онакво, и со Несквик, и топло, ладно, из ова чаша, од ова цуцла, нејќе па нејќе. Штом осети вкус, нејќе, не му се допада. Ама затоа му давав и му давам кисело млеко, јаде житарки со млеко, овошни јогурти итн. па немало проблем до сега. Па и од самото раѓање не пиеше млеко колку што требаше да пие, колку само нервози имав со него, а тогаш мора млеко бидејќи нема друго.
Инаку, од течности тој и сега пие вода и само вода, дури ни сокови (пробав разни вкусови) нејќе, па и чајче ќе се напие неколку голтки и толку. Чудно дете [sm=smiley1.gif]




Barbicki2 -> RE: не сака млеко преку ден (27.10.2012 13:20:48)

Pogolemata kerka do pred 1 mesec piese sok preku den po 1 litar,a mleko ne sakase ni da pomirisa,neznam eden den i tekna daj mi mleko vo siseto,i pocna mesto sok mleko da pie po 1 litar dnevno,fala mu na boga,zosto od toj sokot site zabi i se rasipaja.




Calypso -> RE: не сака млеко преку ден (27.10.2012 13:36:14)

И мојов не сака млеко, освен со бисквити што го јаде, и тоа ептен ретко. Ама си пие јогурт, барем пола литар на ден гледам да внесува и фала Богу, го сака. Па затоа не го форсирам со млекото.




Страница: [1]