AnnaMolly RR -> RE: Колку време му посветувате на вашето дете? (23.7.2012 15:36:12)
|
Последниве две недели многу малку [sm=smiley19.gif] До 16 часот сум на работа, доаѓам дома, јадеме, мијам чинии и се качуваме горе во соба. Си играме едно 2 часа. Многу ми е малку тоа [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] Се нервирам, повеќе сум на работа отколку дома со детето. Ама тоа е тоа, што да се прави. ЕДВАЈ чекам да одиме на одмор едно 10 дена цело време да си бидеме заедно. Вчера бевме на крштевка без него, не немаше дома едно 6 саати. Леле кога дојдовме дома, луѓе, детево ми се закачи, ме испогушка, ме испобацува. Се залепи одма до компјутер да гледа цртани, не ми даваше ни да се пресоблечам. Морав до него да седам и едно саат време гушнати гледавме цртани.
|
|
|
|