Палешка РР -> RE: Говедаров камен (6.5.2010 18:18:05)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Стотици луѓе секоја година на Ѓурѓовден го бараат Говедаров камен, голем карпа кај Свети Николе за која се верува дека им дава пород на жените што не можеле да забременат. Ни дожд, ни кал, ни жешкото сонце.Ништо неможе да ги премисли луѓето што веруваат дека големата митска карпа на тромеѓјето меѓу Светиниколските села Ерџелија, Пеширово и Амзабегово ќе им помогне да добијат дете, откако неуспеале со методите на класичната медицина. Но не само желбата за пород, ја прави огромна врвицата на Ѓурѓовден, луѓето тука доаѓаат и за здравје, за среќа, вели Александар Данев, директор на Светиниколскиот музеј.Постојат посебни обичаи, поврзани со овој камен и остварување на желбата да се добие пород. -Брачниот пар избира кум на самото место и заедно со кумот плетат плетенка од бел и црвен конец.Трипати се заобиколкува каменот и се остава до него или на него.Потоа се пие водата од длабнатините на карпата, за која што се верува дека е лековита.Доколку се случи жената да забремени, според обичајот, дозволено е старото кумство да се раскине и да се прифати новиот кум.Кога бебето ќе се роди, таа година на Ѓурѓовден се дава жртва, жртвено јагне, кое исто така три пати се врти околу каменот.Свртено кон југ се коли.Исто така и крвта за која што се верува дека има магична моќ, тече од јужната страна..Детето на челото се мачка со крвта и се верува дека тоа ќе биде заштитено од болести наредната година. За каменот се верува дека има лековита моќ.За неговата моќ се знае не само во Македонија, туку и надвор од нејзините граници. -На оваа место на Ѓурѓовден, доаѓаат и луѓе од други вери и од друга национална припадност.Ги спојува едно, вербата дека оваа маѓична карпа ќе им ја исполни желбата,да добијат пород.-вели Данев. Луѓето веруваат и раскажуваат. Мало потсетување[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
|
|
|
|