Maca25 -> RE: Првите движења на бебето.. (22.5.2010 12:20:55)
|
Се сеќавам дека кога ќе бев некаде излезена, каде што има гласна музика или галама, нина беше многу немирна во стомак. цело време се превртуваше и клоцаше. Сите околу мене забележуваа како стомакот ми одеше лево-десно. Мене не ми беше воопшто пријатно. Преку ден не беше многу активна, но навечер не можев да спијам. Клоцаше до кај 3-4, истото се случуваше и кога се роди, не можевме до 3-4 да ја заспиеме. Дента кога требаше да се пораѓам, отидов на цтг и лежев може саат време, бебево ни да клоцне, ни да мрдне. јас целата возбудена, имав закажано царски за во 10.30, целата се тресев, а таа мирно си нанаше.
|
|
|
|