Еца -> RE: Посвојување на дете (5.4.2009 19:02:54)
|
Здраво Дарио,еве јас ке ти ветам дека во најбрзо време ќе ти дадам информација од каде да почнеш...за да дознаеш нешто повеќе за твоите родители.Знам и јас колкава е родителската грижа, бидејќи и јас имам едно дете и второ на пат, но понекогаш животот е толку непредвидилив, што ниту сме свесни за последиците од некои наши одлуки, ниту сме можеле да постапиме поинаку.Не дека ги оправдувам твоите биолошки родители, но сепак додека ги бараш, потруди се да не бидеш исполнет го горчина, и потруди се некаде длабоко во себе да им простиш иако можеби тоа не го заслужуваат.И самиот велиш дека си имал убаво детство, па нека тоа ти биде еден мотив дека со нив можеби и немало да ти биде така добро. Патиштата Господови се навистина чудни, но за сите од нас Господ има план, верувај....
|
|
|
|