|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Колку паничарат татковците?
3.6.2009 9:24:00   
Еца
Ние со Мартина навистина имавме проблеми околу алергијата, па со оглед на тоа дека завршувавме на хитна, и јас и маж ми по ова прашање сме катастрофа. Поледниот пат кога качи температура(зимата и тоа втор пат за овие три години),ние во 1 по полноќ ја носевме на хитна, и утредента исто, бидејќи и даваме сируп за температурата, а таа по краток преиод качува уште.... и така и двајцата сме паничари, но ме интересита и искуството ваше и на вашите мажи?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Колку паничарат татковците?
3.6.2009 10:00:02   
mami
За разлика од мене, што знам некогаш д испаничам, он е мнооооогу посмирен од мене...ретко му се случува да испаничи, и сега со Лука, секогаш е смирен и полека ги тера работите- можеби во себе паничи ко луд ама ништо од тоа не покажува

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Колку паничарат татковците?
3.6.2009 10:16:44   
biba
user posted image Mojot Elena e ko tvojot, jas sum posmirena, a toj samo da kivnat i odma, ajde, ajde vo bolnicauser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Колку паничарат татковците?
3.6.2009 20:27:06   
Боцко
Еве изворно од еден татко, знам дека тука ме чекавте ама вака стојат работите. Додека жм паничи ко распаметена, јас сум тогаш во многу чудна состојба. Иако имам живци ко сајли, морам да смирувам двајца. Значи, ако нешто се случува со Стефан, се обидувам прво да ја смирам жм и да ја убедам дека се е ОК. Понатаму, се обидувам да видам што се случува со Стефан. Ако жм доволно се смири, обично консултирам неколку онлајн извори за да видам дали за таквата состојба има безболно решение и дали на лекар мора да се оди веднаш. Ако треба, се спремаме и одиме. Ако не, применуваме некоја од дадените методи додека нештото не се смири. Накратко, ништо подобро од студена глава. Состојбата на паника е најголем непријател на се па и на одгледувањето деца. Често пати, од паника и страв уште повеќе ги влошуваме работите токму ние самите.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот biba)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Колку паничарат татковците?
30.6.2009 14:17:27   
mami
леле Боцко, јас додека чекам тоа да се провери ке пукнам..јас едно нешто и одма и се јавувам на докторката па она ми кажува дали да доаѓам или неuser posted image

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Колку паничарат татковците?
30.6.2009 14:35:41   
Iva
Во принцип јас сум таа која во одредини ситуации сум сталожена и смирена, а мм е тој кој паничи и тоа на моменти претерано. Никогаш нема да заборавам кога требаше да се пораѓам со Михајло. Мене ми пукна дома водењакот сабајлето, а немав никакви болки. Бидејќи претходно одев на предпородилни вежби, бев запознаена како да се постапи во такви ситуации. Јас мртва ладна влегов да се истуширам, да се средам, скоро помина еден саат додека да отидеме во болница. ММ дома полуде мислам за тоа време додека се спремав. Дури не беше ни во состопјба да вози, па моравме такси да викаме.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Колку паничарат татковците?
30.6.2009 14:39:10   
mami
хахах баш добар стрес си му направилаuser posted image user posted image user posted image мене да ми пукнеше дома водењакот ке трчав до болница од што паничам

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Колку паничарат татковците?
4.9.2009 15:48:15   
profesorica
Јас многу паничам а мм воопшто, многу е смирен и се со убаво решава и по смирен пат.Му се восхитувам ама јас не можам така.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Колку паничарат татковците?
4.9.2009 15:59:46   
mother 29
jas za kakva i da e rabota odma i se javuvam na dr.ma bilo nedela ,praznik...seedno... gi imam site tel.broevi-ziva panicarka sum.mm obratno od mene

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Колку паничарат татковците?
4.9.2009 16:12:01   
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Јас многу паничам а мм воопшто, многу е смирен и се со убаво решава и по смирен пат.Му се восхитувам ама јас не можам така.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Колку паничарат татковците?
1.12.2009 21:03:09   
mami
Имаме едно чудо нови бебиња на форумот, па ме интересира, како се снаоѓаат новите татковци? Паничат или?

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Колку паничарат татковците?
2.12.2009 10:36:54   
big_mama817
мм е како ладен шприцер воопшто не паничи додека јас сум паничар и тоа гооолемммммм

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 2.12.2009 10:37:18 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Колку паничарат татковците?
2.12.2009 11:20:37   
mother 29
е така е тоа со татковците,по default   и мојот  мм е таков..убаво сте ги објасниле претходно,се држи место!user posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Колку паничарат татковците?
2.12.2009 15:30:48   
ananikol
Ne panicam za nisto drugo osven za  sinceto, a mm e smiren,stalozen i vladee so situacijata.Sosem razlicno od mene i dobro e sto e taka,eden mora da e trezven user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Колку паничарат татковците?
6.6.2010 22:54:16   
Martins mom
Јас сум смирена, сталожена, а тој во критични ситуации е најголемиот паничар, немам видено поголем, а тоа страшно ме нервира...наместо да се сконцентирам и да мислам за решавање на ситуацијата, јас морам да трошам време на негово смирувањеuser posted image user posted image user posted image
Лоша работа ти е паниката...едноставно немаш никаква корист од неа, чиста деструктивност...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Колку паничарат татковците?
6.6.2010 22:59:49   
Rossana
iiiiiii mm e golem panicar samo koga se raboti za Sara. A jas za se si panicam, nema pogolem panicar od mene user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Колку паничарат татковците?
6.6.2010 23:21:51   
niki
Колку е паничар мм кога се работи за детото, тоа е просто неподносливо. Пред некој ден таа падна и си го одра малку лакотот. Му се јавувам на работа да на враќање помине во аптека и да земе накоја маст, бидејки за такви ситуации дома ни алхохол немав. Тој толку се  испаничи што не ме ни дослуша што му зборувам, ми спушти слушалка, остаил работа и ете ти го за 10 минути дома со спреј, да види да не му загинало детето. И кога виде дека не и е ништо ми глумеше смиреност, демек еј уште колку ќе паѓала. А јас ваква user posted image му превртувам очи.
Кога прв пат си ја удри главата, мала беше едвај проодена и џумка и излезе, тој главата од ѕид си ја чукаше, буквално, наместо да се спрема да ја носиме на лекар. Што вели Мартинс мом, прво него треба да го спаструвам и смирувам и вразумувам, па после дететоuser posted image уф


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Колку паничарат татковците?
6.6.2010 23:32:56   
Maca25
Мм за се е смирен, освен кога се работи за неговата принцеза. Еве беш пред неколку мин. му кажував како сум ја ставила нина сама на вртелешка денес, а тој одма направи некоја фаца и ми рече како сум можела да ја оставам самам да се вози и како не ми било страв. Едноставно јас за такви работи не паничарам. јас сум паничар кога се работи на пр. за температура, болест, храна. Добро е што паничиме за различни работи па секогаш има кој да го смири другиот user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Колку паничарат татковците?
17.1.2011 11:41:55   
penelopa
Маж ми е ужасен паничар, ама ептен ужасен. Се што е поврзано со син ми од здравствен аспект он мора да се кунсултира со неговите па уште со неколку други педијатри, мора да прочита на нет. Мене тоа ужасно ме нервира бидејќи многу често од мува прави слонuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Колку паничарат татковците?
17.1.2011 11:45:46   
arh_diz
Penelopa ova kako jas da sum go pisuvala sto go pisa.user posted image user posted image
Jas go zezam maz mi cesto mu vikam cela Moskva i Belgrad znaat koga Marko prdnaluser posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Колку паничарат татковците?
17.1.2011 11:49:12   
penelopa
user posted image user posted image user posted image user posted image леле ме спобудалува начисто....

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Колку паничарат татковците?
17.1.2011 13:49:22   
Viktori
Кај нас тато не е паничар! Чисти рани со јод, прави преврски.. јас тоа не можам user posted image user posted image user posted image ...
Додека за настинки, кашлања ми вика да ги носам на лекар, да пијат сируп некој за полесно да им е.. јас не трзам ако немаат температура и ако ми изгледа дека не е нешто екстремно...


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Колку паничарат татковците?
17.1.2011 14:30:15   
strelec 8
aaaaa golem panicar e.za prvoto bese nepodnosliv.vidi kasla,se pokakalo,kiva,pazi ke padne,lele sto napravi,ti si kriva,fati go ,mi idese da go aknam edna.a za vtototo dali takvo bebe mi se pogodi glas nema od nea i ze sea ne se zamara nogo za nea.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Колку паничарат татковците?
18.1.2011 12:08:10   
mama26
ne e panicar ama uopste i koga se poragjav pred nego sve gledase user posted image mu vikam trgnise bre da ne ti se odmili posle zena da gledas user posted image za nastinki znae da kaze samo da vnimavam od temperatura .

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот strelec 8)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Колку паничарат татковците?
3.10.2011 14:34:41   
Mihaela 2010
Mm e goooolem panicar,duri ne mi se veruva kolku mnogu.da mi kazuvase nekoj deka ke panici i ke se pritresuva tolku nemase da veruvam.Da pocne kerka mi da kiva odma panici,lele sto i e ,da ja nosime na lekar.Ete vcera pocna da kiva i da i tece noseto,odma denes moralo na lekar da ja nosime.Detevo zivo veselo,vikam ne panici da ne ja maltretirame taka napravi i prosliot pat pa i iskoci zapce,celo vreme buta race vo usta i najverojatno toa ke da e.Mnogu e panicar duri ponekogas me nervira negovata serioznost,doveduva da se zasekiram premnogu i jas.

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?