Суво цвеќе (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да направиме заедно



Порака


mami -> Суво цвеќе (3.6.2009 12:21:06)

Многу сакам кога ќе добијам убав букет(што е се поретко) да го чувам додека е свеж- значи неколку дена и после го виснувам наопаку и го сушам, го прскам со лак за коса за да не се распадне и си го чувам во украсна вазна...фака прашина, да, ама па мерак ми е да си ги чувам букетите на пр. од свадбата на братучетками, од мојата веридба, ружата за роденденоти онаа за матурата...




Еца -> RE: суво цвеќе (3.6.2009 12:50:35)

Да Мами и јас правев така на времето, но сега во една соба што попрво да зачуваш, а не букет суво цвеќе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]нема шанси, ги оставам тие работи за некои подобри времиња во пореласкирана атмосфера[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mami -> RE: суво цвеќе (3.6.2009 12:55:49)

и тоа си во право, мене сите ми останаа кај моите, па сестрами само вика по мене да си ги земам и сметале[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Anushka -> RE: суво цвеќе (3.6.2009 13:53:12)

девојки, не чувајте суво цвеќе дома. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley34.gif[/image]Тоа е симбол на нешто што минало, на мртва материја, од која се исушил животот. Ова е според Фенг Шуи, ама има некоја логика, нели?




mami -> RE: суво цвеќе (3.6.2009 13:55:12)

Па кога поубаво ке размислиш има...ама па мене убаво ми изгледа...а може и затоашто тешко се делам од работите и сакам се да сочувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Anushka -> RE: суво цвеќе (3.6.2009 14:03:12)

работите се само работи. Јас ги чувам спомените на нив и луѓето што ги сакам. Кога се ослободуваш од старите работи, прави место за нови, за свежина и напредок, за нов дух и позитивни промени, за нова енергија. Едно време и јас така си бев љубител на колекционерство, ама вака сум послободна.




biba -> RE: суво цвеќе (3.6.2009 14:07:38)

I jas cuvav sekakvi gluposti, cvekinja, sitnici, suveniri, cestitki, pa duri i pokani za svadba, dodeka eden den ne procitav deka kolku poveke sitni nesta doma, tolku poveke negativna energija ima vo domot, i op se isfrliv...i ne znam dali e sugestija ili ne, ama se osekam poubavo[sm=smiley36.gif]




Палешка РР -> RE: суво цвеќе (24.6.2009 12:52:52)

Јас сакам и купувам суво цвеќе и постојано го менувам кога ќе ни здосади.
Сакам и свежо, но тоа трае само неколку дена, а ова е како дел од декорот, па би ми било грдо ако го нема.
Купувам вакви интересни декорации


[image]http://i169.photobucket.com/albums/u233/cvijet-info/voki/IMG_3703-c.jpg[/image]

[image]http://i43.servimg.com/u/f43/11/93/32/61/hoby10.jpg[/image]




mis. -> RE: суво цвеќе (24.6.2009 12:59:10)

Сувото цвеќе според фенг шуи шири негативна енергија.




mami -> RE: суво цвеќе (24.6.2009 13:01:27)

е вакви ми се допаѓаат..Инаку да ви кажам чистев пред некое време и земав се што имав суво цвеќе фрлив, вклучувајќи го и единствениот букет што го имав од мм, ама имам таков еден ден во годината кога правам чистка и фрлам се, и тоа го правам брзо за да не се предомислам па да ми биде жал...а инаку планирам, кога ке имаме сопствен дом да си го средам убаво а вакви декорации не ми бегаат




mami -> RE: суво цвеќе (24.6.2009 13:02:48)

Добро мис мислам дека ова се повеке декорации отколку класично суво цвеќе




Еца -> RE: суво цвеќе (29.6.2009 14:31:07)

Искрено јас не го сакам сувото цвеќе и никогаш не сум купила, јас на пример многу сакам сувенири во најразлични облици и големини, но сепак во последно време и тоа престанав да купувам бидејќи не сакам кога ми е се пренатрупано.




Страница: [1]