|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: бебе и клима
22.6.2011 23:50:04   
mila mama
Doma seuste ne sme uklucile klima, nemalo potreba do sega,no uklucivme ednas vo avtomobil i sledniot den imavme zatnat nos. Go povrzuvam so klimata zasto nemase drug faktor toj den sto bi vlijael na toa. Sega vo avtomobil uklucuvame samo ventilator i otvorame malku prozorec,kolku da strui vozduh,a koga ke dojde vreme za klima doma planiram da pustam klima vo edna soba, a so bebuska da sedime vo druga, da ne sme direktno izlozeni na laden vozduh.
Inaku imame klima od Fonko klimatizeri i sum zadivolna!

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: бебе и клима
1.7.2011 23:10:08   
Viktori
Нормално да клима кога е 45 степени. Не да му дува во глава на бебето, ама може да се лади во дневна а да биде отворена врата од спална и така.

Ама мислам дека е многу лошо бебе да спие во претопла и преспарна соба, поготово ако се работи за мали бебиња на кои внатрешниот термометар се уште не им работи правилно.

< Поракaта ја уредил виктори -- 1.7.2011 23:11:54 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: бебе и клима
1.7.2011 23:20:00   
Maca25
И ние дома немаме уште уклучено клима, немавме потреба, не фатиле уште горештини. А додека беше бебе уклучував клима од време на време додека спиеше и од дневна отварав врата и во спална да и се лади. Не трпи моево дете ни сега многу топло, а ни кога беше бебе. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: бебе и клима
1.7.2011 23:24:35   
AnnaMolly RR
Nie od prv den bevme so klima zasto sme vo potkrovje I ne se disi od sto e pekol. Samo normalno nikako direktno vo bebeto. Ili da e vo druga soba pa da vleguva ladno. Jas nikogas ne ladam pod 26 stepeni ama ako nadvor e 35 stepeni sosema e dovolno. Utre ke pisam za toplenje so klima sega se nerviram so mobilniov sto nema kirilica mnogu mi e grd postov

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: бебе и клима
6.7.2011 0:47:40   
Nadezna
ИЗВОРНА ПОРАКА: bombica

Jas treba naskoro da se porodam i bas razmisluvav na ovaa tema.Kaj nas kukava e pekol mislam deka e vo natre potoplo odkolku nadvor.So mazot mi celo leto spieme so klima oti inaku ne se spie.E sega koga ke dojde bebusov neznam kako ke pravime,Spalnava ko spalna e mala kaj i da go stavam krevetceto ke go duva direktno,


Ke ja uklucis klimata da duva pred da go vneses bebeto vo soba

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: бебе и клима
15.7.2011 7:36:33   
Палешка РР
Јас бев многу против за клима во простории во кои живее бебе, но оваа жештина не се издржува user posted image
И ние одлучивме да ставиме клима во ходникот, па се надеваме дека ќе ги лади и двете соби умерено.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: бебе и клима
15.7.2011 11:38:01   
Maca25
Ние од пред 2 дена почнавме да уклучуваме клима. Ја пуштам на 19 степени, отвараме врати секаде да се лади, а ние одиме во спална да се тркаламе на кревет user posted image . И затоа не осеќаме многу дека ни дува. Инаку поставена е над балконската врата и дува директно кај играчките на Нина. Кога она си игра таму не пуштам клима. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: бебе и клима
15.7.2011 11:50:57   
topce
пуштаме клима ама внимаваме да не сме во таа просторија кај што дува.
еве веќе 1 недела и спиеме со уклучена клима ама климата е во дневна така да кога ќе дојде до нас во спална таман е за спиење. инаку малото е многу склетчија така да греота ми е да ја чувам на топлото. гледаме дома да ни е од 25 до кај 28 степени. кога излегуваме на шетање исто така правиме само што ја пушатме малку појако да дува и после е топ внатре.
сакав да додадам и за климата во кола. кога ја купувавме јас бев многу против меѓутоа сега не можам без неа.
си ја подесуваме на одредена температура и надвор колку сака нека биде. лани ја искористивме и за подолг пат и супер беше и покрај тоа што патувавме во најголемите горештини. ако се подеси дувањето, правецот и температурата топ работа е.


< Поракaта ја уредил topce -- 15.7.2011 11:54:06 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: бебе и клима
15.7.2011 18:59:06   
blond
Иако пред пораѓај многу се двоумев дали да ја уклучувам климата, штом стапнавме дома со бебушот, веднаш ја вклучив без ни малку да се двоумам. Па кај нас не се дише без клима. Инаку климата е во трепезарија и дува накај дневна, ама ја подесувам да дува во земја и не се чувствува директно мавање во дневна (каде што минуваме цел ден со Јован).
За жал не можеме да отвориме врата да се лади накај спална бидејќи имаме внатрешни степеници и бега ладното надолу, а горе останува пеколно.
Затоа сега си минуваме 24 часа во дневна, со клима подесена на 25 степени.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: бебе и клима
15.7.2011 22:56:46   
Martins mom
Епа кај мене ситуацијата е на завидно ниво. Ние апсолутно немаме потреба од климаuser posted image Живееме под Пелистерот и домче ни е таман, двор имаме и на предниот и задниот дел од куќата. До12часот пред куќа е сенка, после фаќа сонце, па после 12 си се преместуваме во дворот позади кај што има дрвца и ни држат убава ладовина....Абе милина

< Поракaта ја уредил Martins mom RR -- 15.7.2011 22:57:44 >


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: бебе и клима
15.7.2011 23:07:42   
AnnaMolly RR
Филип се поти како ненормален! Цееееела ноќ се открива, се превртува во кревет, а штом пуштам клима да разлади спие како јагне. Кај нас во поткровје е пекол без клима. Ама мене нон стоп ми е на 28, минимум 27. Поладно не пуштам.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: бебе и клима
19.7.2011 12:00:18   
mamiko
blazesi vi Martins mom RR , nema nesto prekrasno od prirodna ladovina.
nie ja uklucuvame klimata i dodeka spijat decata ama niv gi ostavame vo druga soba.


(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: бебе и клима
19.7.2011 12:02:40   
dostickage
kazuvaj koga da dojdeme na kafe pod pelister stom taka :))))

(Одговор на членот mamiko)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: бебе и клима
17.6.2012 19:44:33   
Ikana
Мене не ми е јасно како би издржала без клима, и јас и бебето. Значи од потење, по 5 пати дневно ја пресоблекувам ако не пуштам клима. Лади на 22 степени, бебето е по боди и босо, но не дува директно во неа, нормално. Додека е пуштена климата ние сме во истата соба, но ја отварам вратата од претсобјето и некако се изедначува температурата, околу 25 степени.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: бебе и клима
18.6.2012 10:56:18   
Dominika

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Филип се поти како ненормален! Цееееела ноќ се открива, се превртува во кревет, а штом пуштам клима да разлади спие како јагне. Кај нас во поткровје е пекол без клима. Ама мене нон стоп ми е на 28, минимум 27. Поладно не пуштам.



Леле, и кај нас е иста ситуација. Станот ни е на југо-исток, а плус и на поткровје и е пекол user posted image Не знам како ке го поминеме летовоuser posted image Климата ја уклучуваме, не бива без неа. И покрај тоа што е уклучена на 24, не оладува повеќе од 27-28

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: бебе и клима
18.6.2012 14:49:57   
elenak
Леле луѓе мм ми иде да го пратам во Сахара user posted image Абе на овие горештини него се му е таман, па не дава клима да пуштам а дома 28,5 степени user posted image . И упорно ми тврди и дека на  не и било жешко штом и него не му е. А јас оти се растопувам сум била с''клетчика. Точно во куќа сме на приземје над нас има уште еден спрат не е пеколно ама пак подруго е кога малку ќе се разлади. А инаку климата е во претсобјето не ни дува директно. Ќе има кавги летово  user posted image

< Поракaта ја уредил elenak -- 18.6.2012 14:50:35 >

(Одговор на членот Dominika)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: бебе и клима
18.6.2012 16:10:35   
lilicka
Јас сум многу против клима мене лично ептен ми сметаа......ама па ептен е жешко уште од Јуни што ли ќе сеправи ви Августuser posted image по малку ги пуштам климиве дома ама пак ми е страв детево почна да ми киваа....имам уплав да не се настине внатре 23 надвор 40

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: бебе и клима
3.7.2012 12:03:18   
Kande
Мамички сите со истите проблеми исто и кај мене климата ми е кујна и дува најкај дневна ама ја спуштам на долу и во собата е константно 26 степени но ми е страв само од тоа пусто дување да не и дува неа во главчето пошто во секој случај се осеќа некое ветренце а имаме само 6 дена се плашам многу .Рингерајки јас сум ново печена мамичка и ве молам помагајте !!!!!!!!user posted image user posted image

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: бебе и клима
3.7.2012 12:34:21   
Ikana
Мислам дека немаш толку потреба од клима сега....бидејќи сте толку малечки....пушти ја кога бебето нема да биде во собата, нека олади и после тоа угаси ја....и прави така кога ќе осетиш дека станува многу топло...

(Одговор на членот Kande)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: бебе и клима
3.7.2012 12:35:47   
Octavia
Кај климите има опција за рачно местење на внатрешните лопатки, оние што се не за дување горе или долу, туку лево/десно насочување на воздухот. Насочи го дувањето на спротивна страна од бебето. А лопатките за горе/долу најдобро е да ги наместиш да дуваат нагоре, кон таванот. Топлиот воздух и така се крева нагоре, вака е најдобро и за мешање на воздухот и за да не дува надолу, кон луѓето. И од време на време сепак мора да се отвори прозорец и да се остави да влезе воздух.

(Одговор на членот Kande)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: бебе и клима
4.7.2012 13:25:58   
Yummy Mammy
Не знаев дали ова да го сместам тука или во темата Страшно.
Како и да е, внимавајте!

Бебенце починало поради температурен шок кога излегло од климатизиран автомобил
СРЕДА, 04 ЈУЛИ 2012 12:22 СВЕТ

Бебенце на 1.5 годишна возраст почина во босанскиот град Сански мост починало поради температурниот шок кој го доживеало. Имено детето излегло од автомобил кој бил климатизиран и за 20 степени пониска од надворешната.

Веднаш по излегувањето детето доживеало шок по што веднаш било префрлено во болница каде детето било констатирано смрт како последица на престанок на работа на срцето.

Според весникот Независне новине, момчето со своите родители допатувало во БиХ од Шведска за да ги посетат своите роднини.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: бебе и клима
10.7.2012 13:20:50   
Junona
Вклучувате ли клима дома,мајки?посебно тие што имаат мали бебиња од 2-3-4 месеци?

_____________________________

„Не стануваме попаметни од она што сме го чуле,туку од она што сме го доживеале“.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: бебе и клима
10.7.2012 14:37:40   
Andriance

ИЗВОРНА ПОРАКА: Junona

Вклучувате ли клима дома,мајки?посебно тие што имаат мали бебиња од 2-3-4 месеци?


Мислам дека ако не уклучам ќе се онесвестиме и ја и бебе..само се разбира некоја нормална температура...околу 25..

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот Junona)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: бебе и клима
10.7.2012 14:41:46   
AnnaMolly RR
Јас уклучував и само што дојдовме дома од болница. На поткровје живееме и внатре е како вршник. Го ставав бебето во спална, ќе ја пуштев климата (но не на помалку од 27 степени), па кога ќе се изладеше си седевме на раат во дневна.

Колкаво и да е бебето, верувајте дека и нив им е топло, греота се.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: бебе и клима
10.7.2012 14:56:56   
maki1
Od koga smedojdeni od bolnica do sega ,klima imame pusteno,normalno na pocetok ke izladev pa bebe vo taa soba,a sega i so klima vklucena duri i spieme.Sto da pravam ovde e vlazno nema vozduh.

_____________________________

Pantai Rai

-Heraclitus

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?