Грињи (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


mami -> Грињи (4.6.2009 8:32:25)

грињите се мали ситни суштества кои се хранат со мртвите клетки на кожата и ги има на теписите, на простирките, креветот е идеално место за нив, завесите...За да се ослободите од нив, најдобро е да темелно да се помине со правосмукалаката барем еднаш неделно... полнетите мекани играчки се истотака идеално место за грињите, а бидејќи тие не преживуваат на температура под нулата најдобро е еднаш месечно да ги ставите играчките во пластична кеса и да отстојат во замрзнувачот 12 часа..после извадете ги и исушете ги




Еца -> RE: грињи (4.6.2009 8:37:14)

Уф мами со обична правосмуклака може само да се влоши состојбата, најдобри за чистење на душеците се кирби и ренбоу, па со оглед на тоа дека машините се скапи, најдобро е барем еднаш месечно д си викнеме човек со таква машина и да ги поминеме барем душеците.Ние така правевме, ама сега неколку месеци не сме ги чистеле, па сега по реновирањето, планирам да си викнам некој со таква машина и се да поминам, и теписи, и душеци...




mami -> RE: грињи (11.7.2009 19:05:44)

дали ги поминувате со правосмукалка дома креветите и фотељите?




profesorica -> RE: грињи (11.9.2009 8:55:21)

Па не!Добра идеја е!Порано(пред да се роди Дамјан) чувавме мал пинч женка и обавезно ги поминувавме и креветите и столиците бидејќи секаде се качуваше, а и сега ќе почнеме пак.Фала мами ме потсети иако е постар постов ок !




Палешка РР -> RE: грињи (11.9.2009 9:14:04)

Јас не само што ги поминувам со правослукалка, туку ги тресам и со чукалка оние на кои им се вадат деловите. Грињите изгледаат како прашина. 




ripce -> RE: грињи (27.12.2009 9:47:08)

Спиеме со три милиони прашински грињи ДОМОТ - ИЗВОР НА АЛЕРГИИ

Алергиите се појавуваат кога телесниот имунолошки систем има претерана реакција на супстанции кои обично се безопасни.

Во моментот кога се случува алергиската реакција, имунолошкиот систем произведува специјален вид на антитело, познато како IgE, кое влијае на одредени клетки и тие ослободуваат хистамин - кој пак е виновник за симптомите на алергиската реакција.

Супстанциите што ја предизвикуваат алергијата (т.е. алергените) може да ги има во водата или воздухот, во храната или пак во нештата што ги допираме. Затоа, луѓето со алергии го поминуваат целиот свој живот избегнувајќи ги нештата во кои останатите луѓе уживаат: храна, цвеќиња, домашни миленици, спортска опрема...

Според Светската Здравствена Организација (WHO), 300 милиони луѓе го имаат овој проблем, што е показетел дека алергиите се најрапространетото хронично заболување. И искуството на нашите лекари е исто: "Околу 30% од пациентите доаѓаат со симптоми на алергиска реакција, но овој процент е во постојан пораст . Најмногу страдаат децата, а најчести причинители се инхалаторните алергени како на пр. поленот, домашната прашина и сл." - вели Др. Билјана Ивановска Бојаџиев.

Најдобриот начин за превенција на симптомите е избегнувањето на изворот на алергијата, но за жал, во најголемиот број на случаи, изворот е нашето најсигурно место - домот. Причината за нашите здравствени проблеми живее со нас. Поточно, живеат - бидејќи во секој дом ги има во огромен број. Се работи за прашинските грини.

Дерматофагоидите (дерматохагоидес птерониссинус) или прашинските грини се микроскопски животинки, со големина од околу 0,3мм. Се хранат со првутот од луѓе и од домашните миленици, со мувла, бактерии, остатоци од инсекти и поленски честички, а нивниот измет е главниот виновник за алергиите и астмата. Во еден грам домашна прашина, просечно има од 100 до 150 грини. Веднаш после поленот, тие се најголемите предизвикувачи на алергиските реакции, кои можат да варираат од слаби како: кивање, чешање и затнат нос, солзење на очи, суво грло, па сè до егземи, главоболки и силни астматични напади.
Условите во нашиот дом се идеални за грините бидејќи тие живеат и се развиваат на постојана температура од околу 200C, влажност на воздухот од 60 до 80% и места на создавање на влажност. Онаму каде што најмногу престојуваме, како на пр. омилената фотелја или креветот, има најголема концентрација на грини. Посебно многу ги има на горниот дел од душекот на кој што спиеме, бидејќи тоа место се затоплува и навлажнува од потта на нашето тело. Внатрешноста на душекот е нивното засолниште - во него просечно живеат околу три милиони грини. Од овие причини, неопходни се одредени измени во домот кои ќе ни помогнат да се заштитиме од алергените околу нас. Еве што можеме да направиме:
  • Прв чекор е користењето на производи со Actigard заштита. "Ова е особено важно кога се работи за креветите, бидејќи единствено за душеците заштитени со Actigard можете да бидете сигурни дека нема да предизвикаат алергиска реакција."- вели Сузан Епен, хемичар и експерт за Ацтигард од Швајцарија.
  • Потоа, треба да се внимава перењето на постелнината (вклучувајќи ги и прекривките, чаршафите и кебињата) да биде на температура од 70C и тоа еднаш неделно. Хемиското чистење убива само 50% од грините.
  • Да се практикува користење на правосмукалки со воздушен (ХЕПА) филтер и кои ѓубрето го собираат во воден диспанзер.
  • Користење на лесни, тенки завеси кои лесно се перат или пак варијолајт за прозорците наместо дебели, тешки завеси или драперии.
  • Избегнување или редуцирање на ткаенини кои висат на ѕидовите (на пр. таписерии).
  • Чување на плишаните, полнети играчки во ладилник пред нивното користење.
  • Чистење на ѕидовите во станот/куќата, бидејќи и на нив се собира прав (а со тоа и грини).
  • Отстранување на килимите од спалната соба (и од секое друго место доколку е можно).
  • Заменување на тапацираниот мебел со дрвен или пластичен.
  • Редовно (месечно) менување на филтрате од климатските уреди.
  • Проветрување на плакарите. Би помогнала И светилка од 40 вати која ќе го суши и загрева воздухот во плакарот.
За живот без алергиски симптоми, домот и особено спалната соба, мора да бидат чисти и здрави места. Тоа е основното нешто што треба да го направиме, не само за да го намалиме присуството на алергени, туку и за алергијата никогаш да не се појави.




deluxe -> RE: грињи (14.4.2014 7:47:59)

Јас секоја недела со правосмукалка ги премеувам душеците за спиење,гарнитурата во дневната со обичната правосмукалка.И си мислам се е под контола[sm=smiley36.gif]
Зимава си набавив појака и поквалитетна правосмукалка и ај си викам сега да изметам на овие места.Косата ми се крена од глава кога видов што излезе од душекот од спалната[sm=zmeden.gif] Кутијата(резервоар)на правосмукалката се преполни со сива ситна прашина[sm=smiley13.gif]Бјак[sm=zz_confused.png] А толку бев уверена дека е чисто.Сега гледам разлика,и мислам дека само со поквалитетна правосмукалка и редовно чистење може да се чуваат под контрола грињите[sm=smiley1.gif]




Страница: [1]