penelopa -> Вашите можности во Новата 2010 година (19.12.2009 14:01:35)
|
Нумерологијата - "Јазикот на броевите" - гледа на броевите како на симболи, па со анализа може да се утврдат одредени правилности во нивното делување. Нумерологијата ги "чита" броевите преку датумот на раѓање на една личност (како што го прави тоа астрологијата - "Јазикот на ѕвездите"). Нумеролошката карта (нумероскоп) - ги содржи вашите карактеристики - карактер, темперамент, начинот на којшто гледате на себе, како ве доживуваат другите, кои се вашите потенцијали, предизвици, "лекции" во животот. Нумеролошка прогноза за годината која е пред вас - на личен план (љубов, брак). На деловен план - работа, финансии. Таа е налик на "возна карта" кога патувате во непознат крај. Укажува на можностите, патоказите и ви го олеснува животниот пат со помалку напор да стигнете до саканата цел во одреден период. Нумеролошката карта со прогноза нема за цел да ве детерминира, бидејќи вие имате ваша слободна волја. - Изборот е ваш. Нумерологијата што ви ја презентирам има корени од големиот математичар Питагора и неговите ученици - питагорејци. Според него, броевите се и симболи - со одредена вибрација и со одредени карактеристики. Колку е точно "читањето на броевите како симболи" - проверете сами. Секако, не ви препорачувам да ја гледате како на забава, бидејќи во тој случај таа за вас ќе нема практично значење, а ниту мојата намера не е да ве забавувам. - Кој е првиот чекор? Соберете ги броевите од денот плус месецот на датумот на вашето раѓање. Пр. 26.09. = 2 + 6 + 0 + 9 =17 17 = 1 + 7 = 8 Собирате се додека не добиете едноцифрен број. - Втор чекор Добиениот едноцифрен број соберете го (се до едноцифрен број) со бројот од годината што доаѓа 2010. Пр. 8 + 2 + 0 + 1 + 0 = 11 11 = 2 Добиениот број е - "Вашиот годишен циклус". - Еве што може да очекувате, планирате, реализирате во 2010 (накусо, бидејќи за секој поединец со пообемна анализа се добиваат и повеќе податоци). Бр. 1 Ова е период на "нов почеток" за вас. Пред вас годинава се отвораат повеќе нови можности на полето на едукацијата или работата. Ќе треба добро да се организирате за да не "трчате на сите страни" - така ќе може да ги искористите вистинските можности. Многу нови познанства, дружења, соработка во која е добро храбро да преземете иницијатива. Ова е број на лидери (проблем е ако сте колебливи). Реални можности за патувања, брзи одлуки - поради шансата што, можеби, нема да ја имате другпат. Динамичен период - не е добро да се изолирате. - Љубов - Можност за нов почеток. Во постоечката врска - внесете промени и живост. Бр. 2 Чувствителна и прилично колеблива година, период за соработка повеќе отколку за индивидуалност. Потребата повеќе да настапувате со емоции отколку рационално може да се доведе до непотребни конфликти со вашите блиски. Чувството на ранливост може да ви донесе реални, но и замислени непријателства. Не е добро да носите избрзани заклучоци, а подоцна да се каете. На работа бидете пријателски настроени, помогнете или побарајте помош ако ви е потребна. Да се истакнувате премногу како индивидуалец во оваа година не е многу пожелно. Љубов - 2 е пар, љубов - брак - изборот е ваш, а периодов е поволен. За оние што се во "брачните води" - ве очекуваат бранови, но и бура - во тие моменти подобро е да почекате невремето да се смири, а потоа да одлучувате - реално. Бр. 3 Ова е динамичен период, поволен за креативности, медиуми, политика. Ќе имате чувство дека сакате се да постигнете, а притоа и добро да се забавувате (иако животот не е секогаш игра и песна). Вашиот оптимизам годинава ќе ви донесе и повеќе успех. Време за храбри настапи и планови, нешто одвнатре ќе ве води и нема да згрешите. Прифатете нови предизвици, па и да ризикувате (во одредена доза). Можностите ви се отворени. Некои ваши планови ќе се одвиваат поинаку - но, сепак, повеќето ќе бидат успешни. Љубов - Не бидете себични, споделете ја својата љубов со партнерот. Бр. 4 Време за планови (долгорочни), реализацијата и нема да оди толку брзо, затоа бидете упорни и истрајни во работите што се за вас важни. Годинава ќе научите што е трпение, ако предвреме се откажете поради повремените пречки од околностите - самите сте виновни. Сега не е време за успеси "преку ноќ". Одете чекор по чекор со реализацијата. Бидете упорни, но не и тврдоглави. Ова е добро време за - "бавно, ама сигурно до целта". Љубов - Големите планови имаат помали шанси за реализација годинава. Не правете големи промени (одлуки) - освен ако не се неодложни. Бидете порелаксирани кон својот партнер (птицата во "кафез" сака да одлета) Избор. Вечер. Ајде да видиме каква година ве чека[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Мене ми испадна бр. 2 [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|