|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Настинки во бременоста
5.6.2009 7:41:19   
Палешка РР
Бремените жени настинуваат почесто отколку жените кои не се бремени поради тоа што нивниот имунолошки систем е послаб во текот на бременоста. Телото треба да ги намали одбранбените механизмеи за да не го отфрли плодот.
Кои лекови смеат да се користат во бременоста? Ако сте во блажена состојба и настинати не смеете да користите антихистамини, деконгестанати и лекои против кашлица. Овие лекови не се тестирани на бремени жени и може негативно да влијаат на плодот. Во повеќето случаи може да се земе ацетаминофен против главоболка, а треба да се избегнува ибупрофен и аспирин.
Антибиотици да или не? - Постојат антибиотици кои смеат да се земаат во текот на бременоста, но најважно е да ги следите упатствата на лекарот и редовно да ги пиете.
Како да ја спречите настинката? - Овој совет за трудниците не се разликува од советот за сите останати. Урамнотежена исхрана, редовна вежба и често миење на рацете ќе ги намалат шансите за заболување. Повеќето лекари ќе препорачаат и пренатални витамини.
Што да сторите?
- одморајте се повеќе
- пијте многу бистра течност
- против заптнатиот нос користете назални спрееви на база на морска вода или инхалирајте се
- исхраната нека содржи многу овошје и зеленчук
- пијте топла вода со мед и лимон
- јавете се на лекар ако симптомите траат повеќе од една недела


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Настинки во бременоста
5.6.2009 7:44:08   
Палешка РР
Како се справувавте со настинките во бременоста?
Дали се опасни за плодот?

Јас имам запушен нос веќе два-три дена. Бидејќи не ми е покачено нивото на леукоцитите во крвта докторката ми рече да се лечам само со топли чаеви, супи, природни сокови, повремено и Парацетамол.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Настинки во бременоста
6.6.2009 19:41:39   
Adrijana
Procitav na edno mesto deka zapusen nos, ili po poln so sekret od obicno, vo bremenosta e nesto sto e mnogu cesto i normalno, i taa pojava e predizvikana od nekoj od hormonite sto luduvaat vo teloto, najcesto se javuva vo vtoro trimesecje i toa e nesto sto go osekam i jas a ne sum nastinata voopsto, no nosot postojano mi e poln. Ako najdam kaj go procitav toa ke vi kazam.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Настинки во бременоста
20.11.2009 8:18:25   
Палешка РР
Како сум изнастинала луѓе, тројца доктори ме прегледаа и уверуваа дека не е ништо, ама оди нека влези во оваа луда глава. Повеќе имам психички, отколку проблеми со носот. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Настинки во бременоста
20.11.2009 8:34:30   
Еца
Палешка мила само чаеви од нане, планински,брусница... со многу лимон, мандарини, портокали и се ќе биде добро. Ајде не ми се занесувај, сега пред крај да дигаш паника безвезе. Насмеј се и малку позитивно, што е ова?user posted image Леле имаш среќа што не си ми поблиску, ќе те оправев јас, психа...user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Настинки во бременоста
20.11.2009 8:37:52   
Mila na mama
Богами Еца читам читам  по форумов и заклучокот е дека 99,9% од твоите постови пукаат од позитивна енергија. Ти си најоптимистична тука.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Настинки во бременоста
20.11.2009 8:40:38   
Палешка РР
Таква е Еца наша. user posted image  user posted image
Фала за советите и позитивната енергија, јас сеуште се препотувам, незнам дали од страв или од чаевите и супитеuser posted image
Леле, само побрзо нека мине, се штукнав.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Настинки во бременоста
20.11.2009 9:49:54   
m@gic
Овој период сум настината.

< Поракaта ја уредил Палешка -- 20.11.2009 11:17:56 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Настинки во бременоста
20.11.2009 17:58:14   
Весна
Оуиј, Палешка, еве топли прегратки за побрзо да однастинеш:
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
И секако топличко чајче со мед и цимет user posted image
user posted image

(Одговор на членот m@gic)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Настинки во бременоста
21.11.2009 14:32:27   
alex_mo
Морам да ви раскажам што ми се случи денес. На ММ еве веќе му мине грлото,со антибиотици,син ми на 12ч прима инекции,а мене од синоќа носот ми тече и глава ме боли.Класична настинатост.Му се јавив на матичниот под итно ми рече да одам во итна да земам упат за на ифективно одд,ма изненади.Образожение дека сите бремени мора да се евидентираат на инфективно одд.Малку ме испаничи,отидов во итна и таму исто ,веднаш упат за на инфективно.Отидов и таму ,а докторката испаничена ми рече дека мора да ме прати на инфективна клиника во Скопје,а мене само нос ми тече.Одбив,а таа упорно ми читА- деца,бремени и стари само со благи симптоми и веднаш на Тмаифлу и тоа хоспитализирани.Одбив втор пат и и реков на др. дека сум совесна и ако недајбоже ми е лошо ке се јавам ,а сега апсурдно да се хоспитализирам за течење нос.
Да ви кажам дека во здравствово сега владее тотална паника и хаос,а и тој тамифлу колку е сигурен и испитан..
Наравоучение-Пола ден го изгубив,каде што можев повеќе да се разболам(срека носев маска),наместо да си пијам чајче,да си се одмарам и да ми помине од нога.Хаос невиден.....

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Настинки во бременоста
21.11.2009 17:08:52   
Палешка РР
Жал ми е alex_mo што си морала низ тоа да минеш. И ние дома минавме низ слични перипетии, прво синчето, па мм, а сега и јас. Еве веќе трет ден, денес сум нешто подобро. За разлика од тебе мене не ме пратија на инфективна, ме советуваа да се држам што подалеку од болници и здравствени центри.
Воглавно, настинката ја поминувам во страв да не му биде нешто на бебето, а сите ме уверуваат дека е заштитено user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Настинки во бременоста
21.11.2009 19:13:35   
alex_mo
  Пред пола час ,му се јавив на мојот гинеколог и му ги кажав симптомите-течење нос,салба главоролка и поспаност,секако не му кажав за прошетката од матичниот.Само се насмевна и ми рече дека ништо не ми е и да се напијам парацетамол ако ме болат мускулите или имам температура ,ако не убаво да се одморам,повеќе течности и витамин  Ц.Која контрадикторност,па нели сите се лекари?
   А јас  толку се испаничив,се изгубив...user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Настинки во бременоста
21.11.2009 20:29:37   
cevlice
Здраво рингерајки .,еве кај мене што се случува
може има веке три недели како поткашлувам има денови насабајле почесто или ноке .
Бидејки знаеме дека не смееме да пиеме други лекарства се лечиме со чаеви или прегорен шекер со млеко .
Значи болки други никакви само кашлица.
Можеби некој од вас знае нешто против кашлица а инаку сум влезена во 9 месец.
Голем поздрав до сите

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Настинки во бременоста
1.12.2009 20:20:38   
mami
не е настинка, па ако сака модераторот нека го смени прашањево на адекватно место. Ме интересира колку е стафилококата опасна за една трудница? за плодот? може ли да направи проблеми? Прашувам бидејќи драга личност која е трети месец бремена моментално седи дома со оваа бактерија, пред некоја недела и постарото синче беше болно од истата, сега се таа и свекрва и. Што да прават? како полесно да ја излечат?

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Настинки во бременоста
5.12.2009 21:32:41   
alex_mo
   Еве ме мене пак со настинките.Од вчера така убаво си поткашлувам,не ме боли ништо,ни носот не ми е затнат,ама мислам дека од кашлањево ке ми се надразни грлото.Др ми рече само витамини.
   Ајде ве молам кажете ми што природно или домашно да употребам да ја смирам кашлицава.Јадам овошје,пијам шумливи витамин Ц и магнезиум,имам и калциум,ама прочитав дека не треба да го пијам.
И дали е штетно да ставам спреј-морска вода во носот ,да ми ја ублажи кашлицата.........

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Настинки во бременоста
6.12.2009 13:27:55   
Палешка РР
Еве еден ефикасен лек за кашлица.
2 лажици шеќер да се препече, се додава 2 филџани благо млеко, 1 лажица мед и 1 лажица маргарин.
Овој лек е за еден ден, ја ублажува кашлицата 100 %, јас на Марио му давав и кога беше многу мал.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Настинки во бременоста
6.12.2009 13:44:30   
Mila na mama
О да многу го пиев како мала баба ми ми го правеше ем ефикасно ем вкусно. И уште нешто на градите нормално над дојките се мачка мед а врз тоа се става крпа натопена во ракија и многу црн бибер. Се спие со тоа создава топлина а утрото нема ни траг од мед и лепливост по кожата. Помага од искуство си кажувам јас фатив бронхит додка доев а не се напив ни антибиотик ни капки за нос ни далерон се излечив со вакви методи, чаеви како бронхогал, проанги пробронхи лимони и сл.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Настинки во бременоста
6.12.2009 13:47:39   
Палешка РР
Ех, сега ме потсети Мила на мама на нешто многу ефикасно за бронхит и кашлица. На поголемо парче памук се посолува ситно истолчен темјан и се попрскува со ракија. Се лепи на градите, ама буквално самото се залепува. Додека има настинка памукот стои, потоа сам паѓа..и никако не смее да се откорни.
Еххх колку му ставав на градите на Марио...многу ефикасно!

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Настинки во бременоста
6.12.2009 13:49:02   
Mamicka3
Еве и од мене еден за кашлица:

8 поголеми ловорови листови
8 лажици шеќер (полни убаво)
500мл вода
Се убаво да зоврие и кога ќе дојде до негде 250мл кога ќе излади се дава по една лажица 3 пати на ден

Кај мене децата многу го сакаат а и е ефикасен:


_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Настинки во бременоста
6.12.2009 14:03:31   
Весна
Еве еден иљач од свекрва ми, така ептен е старински, но зачудувачко ефикасен. И секако не е само за бремените.
Волна од јалова (овца што не родила) од делот на градите на којшто лежи таа, треба да е валкана (свеки нагласува никако да не се пере), само се отстрануваат нечистотиите залепени на самата волна (тртушките, каллта), се растегнува, се попрскува со малку ракија и се става на грбот и на градите.
Така две-три ноќи по ред и шлајмот гарантирано излегува.

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Настинки во бременоста
6.12.2009 17:18:08   
alex_mo
    Фала ви за рецептите....само уште ме интересира ова со медот,биберот и ракијата на Мила на мама дали смее да се користи за време на бременост?
   Некако денес ми е малку подобро ,само витамини пиев,ама ноќеска си дежурав.Имав гадна киселина што ме разбуди од сон...потоа едно гадно повраќање,па пролив и сабајле неможев да зборувам од кашлање.ММ ми свари чај ,малку одморив и еве од ручек наваму кашлицата ми е помирна,ама незнам ноќеска како ќе поминам,обично навечер се интензивира...Поззз

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Настинки во бременоста
6.12.2009 17:32:52   
Mila na mama
Состојките не се штетни плус се става надворешно и го загрева само делот на градите каде е ставено. Не можам да ти тврдам со сигурност, јас ставав додека доев нормално по третманот туш за да не и мирисам на малата, а кога бев трудна воопшто не се разболев. Можеш по тел д аја прашаш матичната види што ќе каже нема чтета од консултација.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Настинки во бременоста
20.1.2010 20:34:51   
biljana16
Mene izgleda me imaat fateno sinusite mnogu jako. Celata sum zapusena i od vreme na vreme mi tece mnogu nosot. Inaku ne kaslam nemam temperatura ama disenjeto preku nosot mi e premnogu tesko. Dali znaete mozda nekoj priroden lek za da mi se otpusi nosot i da prestane da mi tece  oti ne sakam vaka da odam na porakaj.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Настинки во бременоста
20.1.2010 20:40:05   
alex_mo
  Биљана 16,свекрва ми кога ке ја фатат синусите топли јадра сол,дел ја витка во кпрче и ја става помеѓу веѓите на челото,а другиот дел под носот и диши од неа.Нејзе многу и помага.Пробај

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Настинки во бременоста
30.1.2010 20:28:44   
Iv14
јас изгледа сум ги настинала јајниците user posted image знаете некој лек за тоа?

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?