Седиште за автомобил (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


Еца -> Седиште за автомобил (7.6.2009 9:54:31)

Какво е вашето искуство со седиштето за автомобил, како се одлучивте за кое и колку бевте задоволни? Јас За Мартина не користев и мислам дека направив огромна грешка, но сега за ова здравје реков дека обавезно ќе купам, па ве молам за помош околу ова прашање.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Боцко -> RE: Седиште за автомобил (7.6.2009 12:00:12)

дефинитивно моја тема елена. ќе се обидам да најдам некои интересни странски извори за да се дообјаснам.

денес се вози многу невнимателно. децата се небезбедни иако возилата се се побезбедни. жалам што кај нас законската регулатива сеуште не е строга по ова прашање. во канада на пример знам дека нема да ви дозволат да си го земете детето од болница ако немате седиште за во кола. исто така, се ежам кога по нашите патишта гледам мали деца седнати секако или никако (стојат, висат, на предно, на задно седиште). само замислете еден миг може да значи огромна разлика.
ние имаме второ седиште. првото беше и релаксатор со количка graco и обично е за 0-9 кг. се користи завртено наназад. за второто седиште (група 1, 9-18 кг) поминав многу време на интернет барајќи го најбезбедното кое може да се купи кај нас. многу ми помогнаа тестовите кои ги спроведуваат авто-мото сојузите на германија, австрија и словенија како најстроги. така ги одбрав maxi-cosi. одлични, удобни, безбедни и доверливи. и што е најважно, стефан го обожава своето „кралско“ седиште од кое се се гледа. како растеме, криво ми е што не купив седиште група 1+2 за над 4 години и 15 кг. сега наскоро ќе купиме трето седиште. веројатно пак од истиот бренд (не знам што ќе правиме со старото[sm=zmeden.gif]). на почеток, кога имаше отпор кај стефан жм го пушташе да седи кај неа, а јас инсистирав секогаш да седи во седиште и ете кавги колку сакаш. но, според истражувањата, токму на куси релации се случуваат најлоши незгоди бидејќи се мисли „ете, ај од тука до тука - нема потреба“. јас велам, нема компромис и нема преговори - седиште и точка. верувајте, ако се одбере добро, детското седиште вреди секој денар.

релевантни тестови за безбедност има на следнава адреса: http://www.adac.de/Tests/Kindersicherung/Kindersitze/default.asp#




Еца -> RE: Седиште за автомобил (7.6.2009 12:03:50)

Ајде Боцко да го купам старото?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Боцко -> RE: Седиште за автомобил (7.6.2009 13:17:17)

ќе преговарамееееее
[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]





mami -> RE: Седиште за автомобил (21.6.2009 10:49:56)

Лука еден период сакаше да седи во седиштето, а сега веќе нема шанси, освен кога му се спие па да заспие во него, инаку- штом го ставам почнува војна...и после седи кај мене во скут, или ровари по цела кола,знам дека сешто може да се случи ама незнам што да му правам




katence -> RE: Седиште за автомобил (21.6.2009 12:13:10)

Nie za dvete imavme i dvete uste se vo niv.
Prvoto ni bese chicco vo sklop na kolickata do 10 meseci, potoa zemavme britax do 4 godini za sinot i tretoto sediste isto britax sto e od 4 godini toa kerkata uste go koristi.




mami -> RE: Седиште за автомобил (25.6.2009 14:41:35)

е ајде кажете ми како да го натерам да седи во седиштето?ништо не ми помага, го ставивме на средина за да гледа напред, има еден куп играчки во кола и пак нема резултат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Боцко -> RE: Седиште за автомобил (25.6.2009 20:50:11)

не за џабе ние нашето го викаме „кралско“, седиште од кое се се гледа. ако разбира, треба да го ставите и да му зборувате дека сите ставаат каиш, да гледа како тато и мама се закопчуваат. можете да го направите „одговорен“ за каиши кој ќе внимава дали се сите закопчани. на почеток ќе има плачење, но треба да поминат без реакција и оној кој го закопчува да си ја заврши работата. со редовно зборување и ваше закопчување ќе го засака и седиштето и својата нова улога. финтава е позајмена од книга ама кај нас фунционира.

џџдаЗдџас
бела тетка
поздрав стефан




mami -> RE: Седиште за автомобил (26.6.2009 9:11:37)

ке пробам, иако и песни пеам додека возиме и мм му збори и се, ама не бе, инатче, а кај мене во скут ке седи мирен..ко шилци да има седиштето




vlatko -> RE: Седиште за автомобил (16.7.2009 19:46:10)

да седиштето е многу важно ,на една пријателка срека детето што седело во седиште и остана живо во една тешка собракјка и тоа на паркинг.затао ако можете да си дозволете немој да жалете да купите нешто поквалитетно и подобро седиште.




Еца -> RE: Седиште за автомобил (16.7.2009 22:24:23)

Потпишувам Влатко, мислам ние фрламе пари за глупости, а за нешто што е навистина неопходно се размислуваме и по 100 пати[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




niki -> RE: Седиште за автомобил (16.7.2009 22:39:29)

I kerka mi nesaka da sedi vo sediste i za toa sme nie krivi, ovde lokalno nikogas nemame sediste vo kola a samo na podolg pat go imame so nas i bidejki ne e naviknata stalno se buni.  Imam edna prijatelka koja e samohrana majka i kerka i  od raganje ja vozi vo kola, vo sediste razlicno za sekoja vozrast. Na devojcevo tolku mu e normalno da se vozi vo sediste sto voopsto ne reagira, a nekolku pati sme morale nie do nekade da ja vozime bez sediste i ona togas neznae sto da pravi, ni kako da sedne, ni da se zadrzi, celata zbuneta.
Se si e do navikata i nekoi naviki koi se mosne bitni treba da se steknuvaat od najrana vozrast, dete koe do godina dena si sedelo vo skutot na majkata i posle toa ke sedi tamu, ne razbira da mu objasnis deka e opasno. Zatoa od raganje i bez isklucoci treba da se stavaat vo soodvetno sediste, za da ne mu ja mislime, niti podocna da imame problemi so naviknuvanje.




agnes77 -> RE: Седиште за автомобил (16.7.2009 22:45:12)

јас се потпуно слажем са тиме што је написао Боцко , само би додала, ако купујете стари автоседеж, нека биде од пријателја, тако, да сигурни сте, да авто у којем је био автоседеж не био у карамболу. Јер ако се то догоди, автоседеж никад више нее 100% сигуран.

Код нас најпопуларен е маxi cosi i romer.




nutelizza -> RE: Седиште за автомобил (26.8.2009 14:32:36)

Детето не треба да седи повеќе од 1.5 сат во него.
Ако се иде некаде подалеку треба да се прават паузи.

Макси коси се најсигурни според светски стандарди, коштаат над 7000ден.
И треба да биде правилно поставено.

Мн ми е страшно кога ке видам како децата ги возат на предно седиште[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]






BEBICA -> RE: Седиште за автомобил (26.8.2009 14:35:02)

I jas se slozuvam so tebe nutelizza.Pedijatarot na kerka mi mi rece deka ne treba podolgo od 30 min. da bide vo sedisteto poradi kicmata.Toa mi e malku cudno.




mami -> RE: Седиште за автомобил (26.8.2009 14:36:51)

30мин е малку...ај 1,5 час разбирам, многу е, ама 30 мин е претерано...




profesorica -> RE: Седиште за автомобил (3.9.2009 10:26:48)

Ние земавме седиште Chicco(9000 denari) кога Дамјан беше 9-10 месеци, претходно имав огромен проблем, цело време во скут кајмене и ме газеше и рацете ме болеа од што го држев и цело бреме ми скокаше во скут, ич не седеше мирен.Со седиштето се спасив.Ние мислевме пошто е темпераментен дека нема да сака да седи и на почетокот правеше малку проблеми па го занимавав со играчки ама потоа се навикна и сега знае некој пат да заплаче ама ќе му бутнам цуцла или шише и се смирува.




srnicka -> RE: Седиште за автомобил (3.9.2009 10:34:11)

Isto bratucetka mi od italija mi donese transporter i korpa za bebinja od CAM a jas koga ke porasne obavezno ke mu kupam i sediste za kola. definitivno e edna od osnovnite i najpotrebnite i najbezbednite raboti sto treba da gi ima sekoj




Јаре -> RE: Седиште за автомобил (6.10.2009 8:34:57)

Детско седиште е МОРАЛНОСТ во кола. Се наежувам кога ке видам мајки како ги држат децата во раце. Децата во седиште најдобро се научуваат од породилиште право во нив. А инку ставот мој и Мж е акотреба и нека урла, ама во седиште мора да седи, иако нашите терористи се научени од почеток.
Јас веке 7 години имам навика да ставам каиш и не ми е проблем.




mami -> RE: Седиште за автомобил (6.10.2009 15:30:41)

за првово погрешив, ама второто здравје нема шанса да го држам во скут, си оди во седиште од прв ден па што сака нека биде




mis. -> RE: Седиште за автомобил (6.10.2009 15:47:30)

Седиште за кола е обврска но има родители што не можат баш се да си дозволат во животот не дека не посакуваат или не сакаат да ги следат правилата и прописите.




Јаре -> RE: Седиште за автомобил (7.10.2009 19:47:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Седиште за кола е обврска но има родители што не можат баш се да си дозволат во животот не дека не посакуваат или не сакаат да ги следат правилата и прописите.


Секој може. Нови квалитетни седишта се околу 100 ЕУР, а може да се купат и на старо, има сајтови со огласи колку ти душа сака.

Ова е доволен повод Рингераја да направи акција на продажба на користени возила, а можеби да овозможи и одредени поволности со фирмите увоници на истите.
Ваквите кампањи се редовни барем во Хрватска и Германија.




mis. -> RE: Седиште за автомобил (20.1.2010 12:33:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: dragana_vane


I imam edno prasanje za sediste za vo kola, koj kakvo iskustvo ima i koi sedista se najdobri, zemajki vo obzir deka ednoto dete ke mi bide 1 god i 3 meseci koga vo maj ke se rodi vroroto, koja varijanta mi e najpogodna? I dali ima voopsto poreba da zemam kolicka za bliznaci?





caci20 -> RE: Седиште за автомобил (20.1.2010 12:59:27)

Nie imame sediste na bertoni i sme zadovolni. Ima dve pozicii, sto e najvazno Petar go prifati i ne saka kaj nikoj da sedi osven vo sedisteto. Vo sediste sedi i koga patuvame. Mozebi ne e vo kategorijata na maxi cosi, no za 3000 den e dobro, ubavo jako se mesto so kaisite i ne mrda i udobno e.




Еца -> RE: Седиште за автомобил (20.1.2010 13:09:32)

ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20

Nie imame sediste na bertoni i sme zadovolni. Ima dve pozicii, sto e najvazno Petar go prifati i ne saka kaj nikoj da sedi osven vo sedisteto. Vo sediste sedi i koga patuvame. Mozebi ne e vo kategorijata na maxi cosi, no za 3000 den e dobro, ubavo jako se mesto so kaisite i ne mrda i udobno e.


и ние за Мила го имаме истото. Бевме и за Кратово и одлинчна работа, цело време си седеше во него, спиеше, ниту да ја стискам во раце, многу практична и неопходна работа




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>