|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Прилагодување на постарото дете со бебето.
7.6.2009 13:31:40   
Еца
Леле луѓе не знам зошто почнува да ме фаќа некоја паника, како ќе го прифати Мартина бебетоuser posted image Мислам вака со душа го чека, раскажува со воодушевување како ќе го бања, ќе му пее, ќе го заспива...но што ќе биде кога ќе дојде бебто дома.Што ако се променат многу работи, како ли ќе се прилагоди таа на бебето? Ајде давајте совети....user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
7.6.2009 20:14:22   
Палешка РР
И мене ме фаќа паника Елена. Син ми тринаесет години, веќе влегува во пубертет, а мама трудна user posted image .
Како ли ќе биде кога ќе стигне user posted image , незнам, се надевам на нормален односuser posted image .

Претпоставувам дека за син ми ќе треба за некоја година да купувам Веспа, а за бебето количкаuser posted image  user posted image  user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
7.6.2009 20:26:13   
Еца
Палешка кој знае како ќе биде, ќе дојдат бебињата па ќе си раскажуваме, туку ајде да видиме какви совети ќе ни дадат мамичките кои веќе поминале низ оваuser posted image Секој совет ќе ни биде добредојден.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.6.2009 9:14:23   
fifi
Nemojte da s plasete, jas koga ostanav bremena, moeto since imase 4 godini, i tolku ja osekase srekata vo meme sto mu ja prenesov na nego.Sekoj den razgovaravme kako dobro ke imame bebe, zaedno mu kupivme se, duri i knigi za bebinja, vo se go vkluciv, i koga se rodi nasata Bojana, Jovan bese tolku zbunet, no jas prodolziv da mu vikam daj mi pelena, daj mi kupka...i on se vozbudi sto pomaga i taka zaedno se pravvme i deneska taa e vekegodina, toj skoro 6 mnogu si igraat ubavo.I jas sum najsrekna mama.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.6.2009 9:21:05   
Еца
Фала Фифи на советите, ке се порудам и јас максимално да ја вклучам Мартина во се за да се почувствува важноuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот fifi)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.6.2009 10:21:15   
mami
Јас можам да ви раскажам само реакција на внук ми со внуками- 2 год се разлика и кога се роди таа, тој прво имаше некоја одбивност па после ја засака, па ја смируваше кога плачеше..сега ја обожава, таа го тепа а тој седи мирен и се и дозволува..да ги видите само..сонца најубави...не се грижете мислам дека доколку им посветувате доволно внимание и нив- а не да се свртите комплетно спрема бебето- се ке биде во ред...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
9.6.2009 14:44:27   
mis.
Кога се роди Стефан Мартин имаше 4 год и 2 месеци.Беше пресреќен што има бебе.Едвај не дочека да си дојдеме од болница.Таа среќа и ден денес постои и знае да каже па мамо ти ми роди бебе.Знаете тоа како да сум му ја купила најубавата,најпосакуваната играчка.За сето време додека бев бремена му зборев дека мама на него ќе му роди бебе и тој си сфати како негова сопственост и мора да си го чува и да го сака.И сега вика моето бебе.Треба зборување и само зборување.Постојано ме прашување кога ќе се роди а јас му кажував кога ќе падне снег и навистина една недела откако се породив падна за негова среќа бидејќи беше збунет бебето тука а нема снег.Искрено ме вчудовиди таа приврзаностспрема бебето бидејќе не го очекував тоа од него.По природа е на моменти себично но за братчето нема проблем.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
29.7.2009 17:40:17   
Еца
Просто сум изненадена колку Мартина ја смета Мила како сестра, бебе која и припаѓа неа и никој не смее ниту да ја допре, ниту да ја погали.Кога и да ја земам да и дадам да цица, таа ми вика, еееееееее па ти ја зема сега дај ми ја малку менеuser posted image и што ќе правам, ќе ја седнам, ќе и ставам голема перница врз нозете и Мила на неа да ја подржи малку.Ако ја бацам и таа трча, ееееееееее па како ја баци ти, дај и јас да ја бацамuser posted image и така пресреќна е што има сестричка и пее песнички, и става крема на газето, значи ја прифати многу убаво и се надевам дека така ќе остане.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
29.7.2009 18:00:19   
Tanja K.
Bas me raduva Elena na grizata od strana na Martina za bebeto Mila.Jas mislam deka i Elena (moja)ke bide postojano so mene.Taa od sega kazuva deka nema da saka da odi na uciliste,bidejki bebto ke bilo doma a taa ne.Samo toa ne plasi i mene i mazot mi.Inaku treba samo da ja angaziras poveke okolu tebe,da ti dava bilo pelena ili nesto drugo.Dali saka da se dvoi od bebeto,dali saka da odi nadvor ili samo doma?Na Elena sega i kazuvam deka treba da bide poveke so mene doma,znae deka sega ke vlezam vo 9mesec,i deka uste malku ke se rodi i "nejzinoto bebe" ,taka taa veli.Sega zaedno kupuvame po nesto za bebeto,pa taa sto ke odbere toa i go zemam iako nebimi bilo mene po meram,ama mora da se custvuva i taa vazna i bitna.Radosna e koga ke pokaze na tato sto sme kupile vednas potencira deka taa go odbrala toa.Mislam deka negresam od taa gledna tocka.Ako gresam popravete me.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
29.7.2009 18:24:55   
Еца
Само така Тања, моето мислење е дека одлично ја прилагодуваш Елена за бебето, и тоа е неоходно поголемотот дете да се чувствува важно со доаѓањето на бебето дома.Да му се дозволи да се вклучи во сите активности околу бебето заедно со мајката.Тоа е барем мое мислење.А Мартина етолку среќна кога треба да се бања Мила бидеќји и давам сапунче и ја бања, и трие грбче и тогаш мислам ќе прсне од среќа, големата дадичкаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
29.7.2009 18:47:29   
Tanja K.
Seto toa e super,a se nadevam deka i ponatamu taka ke bide otkako ke se rodi bebeto.Samo da ne se stvori nekoja ljubomora me plasi,podocna.Ama mislam deka nema i potajno vo sebe se nadevam deka toa nema da bide.Zatoa sto postojano zboruvame za toa kolku taa ke mi bide potrebna posle.Kazi mi samo Elena dali morase na carski ili sakase ti? I zosto?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
30.7.2009 8:46:13   
mami
Од она што сум го слушала кога ке си дојде дома мама со бебето треба на постарото да му обрнува екстра внимание, гостите кога ке дојдат прво кај него да одат и тоа да ги однесе кај бебето, значи да му се придава одредена важност за да не се почувствува запоставено и напуштено

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
30.7.2009 13:05:35   
niki
Elena koga go citav postot solzi mi nadojdoa, mnogu ubavo sto si  ja saka sestrickata. Se obiduvav da si ja zamislam kerka mi kako bi reagirala da imame bebe, onna saka bebinja i se po doma saka da mi pomaga pa i okolu bebeto bi mi pomagala, kolku bi bilo ubavo.
Uzivaj mamicke i raduvaj im se na malite slatki princezi.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.12.2009 12:06:44   
mis.
Доаѓањето на нов член во семејството значи многу промени. Родителите долго време се приготвуваат и кога ќе пристигне малото бебе, поголемиот дел од вниманието е насочено кон него. Тие промени може да бидат тешки за првото дете. Многу често тоа чувствува љубомора и не се однесува пријателски кон своето ново братче или сестриче. Колкава љубомора ќе чувствува зависи од разликата во годините. Ако возрасната разлика меѓу децата е од 2 до 5 години, љубомората е најголема. Сепак секое дете е различно и логично е неговото однесување да има уникатни карактеристики. За да ја избегнете љубомората и непријателските чувства меѓу вашите деца, потребно е да го припремите вашето прво дете за доаѓањето на неговото братче или сестриче.
За време на бременоста
Изберете соодветен момент за да му соопштите за неговото ново братче или сестриче. Кога му зборувате, земете ја во предвид неговата возраст. Ако тоа сè уште не почнало да оди на училиште, можеби нема да добие точна претстава ако му речете дека новиот член на семејството ќе пристигне за 5 месеци. Наместо тоа објаснете му дека ќе може да го види своето братче или сестриче во конкретно годишно време пример: на пролет или на зима кога е ладно. Многу често во таков момент децата започнуваат да прашуваат интересни прашања, како прашањето за тоа од каде доаѓаат бебињата. Не навлегувајте во подробности, објаснете само дека бебето е во вашиот стомак и дека таму расте додека да стане силно. Ако вашето дете е многу заинтересирано, можете да гледате различни слики од бебиња, да читате заедно книги за бебиња, да посетите некои пријатели кои имаат бебе или да зборувате за потенцијални имиња на вашето ново бебенце.
Подготовка за породувањето
Како што се приближува датата за вашето породување, вие треба да ги правите последните подготовки, но и да му посветите доволно внимание на вашето дете. Пружете му многу љубов и обидете се да го убедите дека вашата љубов кон него нема да се промени. Објаснете му дека новото бебенце, ќе биде премногу мало и дека нема да може ништо да прави само, па сите ќе треба да му помагате. Не пропуштајте да му кажете дека бебињата плачат многу и дека тоа е нивниот начин за комуникација. Не правете промени во домот, непосредно пред породувањето. Ако вашето дете треба да започне да спие во поголемо креветче, тој преод не го правете точно пред породувањето.
Доаѓањето на бебето
Откако ќе го добиете вашето бебенце, најбрзо што може организирајте средба помеѓу вашите деца. Можете претходно да купите подарок кој вашето дете, ќе му го даде на малото братче или сестриче и обратно – еден подарок за него. Најдобро е кога за прв пат ќе се сретнат да немате други посетители во болницата и бебето да е во лулка, а не да го држите во раце. Еве неколку совети со кои можете да му помогнете на вашето дете на правилен начин да го прифати доаѓањето на вашето бебе дома.
  • Поттикнувајте го да ви помага во грижата за бебето. Може да ви помага додека го преслекувате, капите или храните бебето. Но, ако не е заинтересирано да ви помага, не настојувајте.
  • Дозволувајте да го допира бебето само нежно без да го гушка или бакнува силно.
  • Кога бебето гледа во него, напомнувајте му дека тоа е знак дека му се допаѓа.
  • Посветете му специјално внимание на вашето дете. Можете да играте или да читате заедно. Правете го тоа секој ден, дури и да е само за неколку минути.
  • Дајте му привилегии како поголемо дете. Оставајте го да си легнува 10 минути покасно од обично или да ги избира алиштата за бебето.
  • Побарајте од вашите пријатели и роднини да му обрнуваат внимание и него, а не само на бебето.


< Поракaта ја уредил mis. -- 8.12.2009 12:10:32 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
29.1.2010 23:45:10   
pacuvce
Денес ми се случи нешто интересно...Откако се роди Бојан,пробуваме на различни начини да не го запоставиме Андреј,за да не се почуствува осамен...Меѓутоа,во тие малечки главички постојано нешто се случува,па денеска добив ваков коментар-Мамо,знаеш ли ти дека откако се роди брат ми ние ниту еднаш не сме отишле да се прошетаме низ ГТЦ,како што правевме порано секоја сабота,а потоа да седнеме некаде да јадеме,па ти и татко ми да се напиете кафе...Се стаписав...Тој толку тоа го посакувал,а ние во постојаната фрка не сме го забележале...
И затоа сега падна организација за утре...Баба и дедо ќе го чуваат Боки,а ние утре одиме на саботна прошетка...Низ ГТЦ,до пицерија и плус уште нешто друго интересно...
Толку се нажалив (читај изнаплакав) што сега дури се чувствувам виновна како не сум го прочитала сопственото дете и неговата желба...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
29.1.2010 23:49:40   
nadica
леле мила и мене ми дојдоа солзи на очите

ви посакувам пријатен и забавен ден утреuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
29.1.2010 23:52:15   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica
ви посакувам пријатен и забавен ден утреuser posted image user posted image user posted image


Ти благодарам,драга моја...Утре ви пишувам впечатоци...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
30.1.2010 1:09:50   
ananikol
Dusicka,mu nedostiga stariot ritam na zivot ama zatoa utre ke bidi glavenuser posted image  

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
30.1.2010 10:02:32   
BILJANA_G
Ne e za istata tema ama mislam deka nema da bide greska i tuka da diskutirame za toa.Nie seuste nemame vtoro ringerajce no naskoro se nadevam i na toa.No malku se plasam kako ke bide so maleckata dodeka bidam bremena.Taa postojano saka da ja krenam da se guskame obozava da mi bide vo race.Kako vie se spravuvavte so toa dali i kaj vas imase nesto takvo.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.2.2010 14:26:14   
ikipp
pogolemata ima 16 meseci,i uste e malecka za da razbere,ama ja baknuva malata,ja gali,malku ja bucka i go vadi cuceto...samo najmnogu se nerviram koga ke cica daria,na deana togas i teknuva za sokce,za igra

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.2.2010 14:30:51   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: BILJANA_G

Ne e za istata tema ama mislam deka nema da bide greska i tuka da diskutirame za toa.Nie seuste nemame vtoro ringerajce no naskoro se nadevam i na toa.No malku se plasam kako ke bide so maleckata dodeka bidam bremena.Taa postojano saka da ja krenam da se guskame obozava da mi bide vo race.Kako vie se spravuvavte so toa dali i kaj vas imase nesto takvo.


Биле и братучетка ми го имаше тој проблем. малиот сакаше д го носи во раце и така да го шета, но кога остана бремена, тој имаше годинка и нешто едноставно не го земаше во раце. Во прво време плачеше, после се научи дека ако сака кај мама во раце треба да почека таа да седне и да дојде да се гушка со неа. А кога и порасна стомако многу си легнуваше врз неа и спиеше на стомачето. Можеби затоа внука ми сега го тепа- му враќа што и тежелuser posted image

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.2.2010 19:20:35   
Палешка РР
Луѓе, ова е неверојатно, Марио ја држи Миа, ја успива, ја чува, па дури и сака да ја бања со мене user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.2.2010 19:47:27   
Весна
user posted image  user posted image  user posted image Прекрасно! Браво за Марио! user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.2.2010 19:51:50   
mis.
user posted image user posted image user posted image за  бато Марио, главниот помошник.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.2.2010 20:01:15   
Maria
Aaaaaaa i Ilija vcera se obide da go krene Andrej,ako ne go videv....neznam so ke bese.user posted image Iskreno mislev deka koga ke se rodi bebeto,ke bide poinaku,ke place Ilija nema da go saka,no naprotiv.Saka i nego da go zaspivam ,da go lulam vo race,navecer se budi da go guskam nego,namesto Andrej(normalna reakcija na ljubomora),no nikogas go nema povredeno,kako sto se falese deka ke go tepa pred da se porodam.user posted image Samo mnooogu saka da go baknuva.user posted image Samo sto ke zaspie Andrej ,ke odi,ke go bakne i ke go razbudi.user posted image Ne e isto so dve deca,poubavo i poveselo e.user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?