Ерогени зони (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


Еца -> Ерогени зони (7.6.2009 14:55:03)

Допирот на вратот, галењето на внатрешната страна на дланките, табаните, ножните прсти, или долните делови на грбот може да предизвика силно сексуално возбудување и да ги поттикне сексуалните желби. Ова се само некои од ерогените зони, ајде пукајте, дали ги знаете вие ерогените зони на вашите сакани, или тие вашите...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Аха за секој случај знајте го и ова дека клиторисот, малите усни, вагиналниот влез, делот на предниот ѕид од вагината, глансот на пенисот, посебно задниот дел од глансот, пределот меѓу анусот и половиот орган, задникот, внатрешната страна на бутовите, устата, ушите (посебно школките), дојките (највеќе брадавиците), заради високата сексуална надразливост при допир се наречени ерогени зони.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/love.gif[/image]




biba -> RE: Ерогени зони (7.6.2009 15:01:55)

Se sto e povrzano so seksot sakam da citam, pa taka dobro si gi pogodila ovie zonive[sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]Se trudime maksimalno da vneseme novi raboti vo seksot, i prilicno dobro se poznavame so maz mi na ova pole-erogeni zoni[sm=smiley36.gif]Inaku mislam deka i nekoj dobar parfem moze da ja pottikne zelbata za seks.[sm=smiley4.gif][sm=smiley4.gif]




Marta -> RE: Ерогени зони (9.6.2009 11:09:58)

Daa, da, parfem i kaj mene moze da predizvika erupcija[sm=smiley36.gif]inaku onoj del za skolskite i bradivicite go potpisuvam...[sm=jezicek.gif]penisot[sm=jezicek.gif]isto taka, ima ima i nekoi skrieni tajni erogeni zoni, ama morate sami da gi pronajdete kaj vasiot partner[sm=smiley2.gif]sfatete go toa kako igra i barajte[sm=smiley36.gif]




Еца -> RE: Ерогени зони (8.7.2009 7:35:11)

Мислите ли дека кај вашиот партнер ги имате пронајдено сите ерогени зони? Јас во последно време и не сум сигурна, значи имам уште многу работа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: Ерогени зони (8.7.2009 8:54:52)

ааа дефинитивно не[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]има тука уште за истражување...полека но ке биде[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Ерогени зони (16.1.2010 11:58:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Помеѓу жените постои погрешно верување дека мажите се возбудуваат само при стимулирање на половите органи. Пенисот е првата и основна ерогена зона, но не и единствената. Ерогените зони кај мажите содржат преку 4 милиони нервни завршетоци чувствителни на допир. Кога овие нервни завршетоци се стимулирани, кај нив се будат сексуални чувства.
За да го зачинете вашиот сексуален живот, возбудете го партнерот со стимулирање на нови ерогени зони, а не само на вообичаената – пенисот. Откријте ги оние ерогени зони, кои ни самиот тој можеби не знае дека ги има. Многу е важен и начинот на кој ги истражувате неговите ерогени зони. Немојте да заборавите да покажете страст и нежност. Не плашете се да ја преземете контролата, на повеќето мажи им се допаѓа тоа. Пуштете заводлива музика и започнете со потрагата по точките што ќе го исполнат со сексуална енергија.
  1. Скалпот и косата. На скалпот се концентрирани голем број нервни завршетоци кои предизвикуваат позитивни чувства кога се допирани. Нежно поминувајте низ неговата коса и нежно чешкајте го со вашите нокти на скалпот или направете му масажа на овој дел. Масажата е неверојатно релаксирачка во стресните моменти, но и заводлива. Некои мажи сакаат да бидат тргани за косата за време на секс. Според нив тоа ја покажува вашата желба за секс и делува многу еротски.
  2. Усните. Усните се клучни во една романса. Мажите сакаат да се бакнуваат речиси исто колку и жените. Поминете некое време во мало истражување на неговите реакции, преку различните техники на бакнување. Пробајте да додадете и малку шмукање и нежно гризење при бакнувањето. На пример, фатете ја неговата долна уста помеѓу забите и нежно грицкајте ја и шмукајте ја. Повеќето мажи полудуваат на вакви креативни потези, за нив тоа е доказ дека се посакувани.
  3. Ушите. Нервните завршетоци тука ги има во изобилие, а тоа значи огромно задоволство за вашиот партнер. Со помош на вашиот јазик, усните и прстите истражувајте во секој дел од неговото уво и најдете кои места се најчувствителни кај вашиот партнер. Не ја заборавајте областа зад увото. Само вашето дишење во увото е доволно за тој да се возбуди. Па, не бидете срамежливи и направете го тоа, шепнете му нежно нешто секси или кажете му колку уживате. Верувајте, ефектот е неверојатен.
  4. Вратот. Машкиот врат е често игнориран од жените како ерогена зона. Вистината е дека многу мажи уживаат кога се бакнувани страсно на тој дел, а некои од нив сакаат да го движите вашиот јазик од почетокот на вратот, по Адамовото јаболко, па се до нивната брада. Започнете да истражувате во оваа зона и ќе бидете изненадени. Не го заборавајте и задниот дел од вратот. Внимавајте оваа област е многу нежна, па немојте да оставате белези, ако не сакате другите да знаат што сте правеле синоќа.
  5. Градите и брадавиците. Тоа е едно од најчувствителните места на кои треба да им обрнете внимание за време на секс. Машките брадавици треба да бидат третирани исто како и женските, затоа што се исто толку чувствителни колку и женските. За да постигнете еротски ефект, за време на секс нежно, многу нежно грицкајте ги или шмукајте ги неговите брадавици. Масирајте ги или бакнувајте ги неговите гради за време на предиграта. Кога истражувате во овој дел започнете нежно и продолжете погрубо – некои мажи сакаат погруби потези, но не сите, вие сами треба да откриете.
  6. Грбот, особено половината. Кажете му да легне на стомакот, а вие започнете со потрагата по ерогени зони на неговиот грб. Сигурно ќе најдете некои кои ни тој самиот не знаел дека постојат. Според некои долниот дел од 'рбетот е неоткриена ерогена зона кај многу мажи. Многу од мажите сакаат кога нивната партнерка го движи јазикот по должината на 'рбетот, се до нивниот врат.
  7. Тестисите и скротумот. Вашиот маж никогаш нема да биде задоволен, ако ги игнорирате тестисите и скротумот. Овие делови се исклучително чувствителни и треба да бидете нежни со нив. За почеток, треба да го фатите скротумот со цела рака за да го загреете. Тоа ќе му даде на вашиот партнер неверојатно чувство во целата генитална област, затоа што ја зголемува циркулацијата на крвта. Ако поминете со јазикот по овие делови, очекувајте експлозивно задоволство и страст.
  8. Перинеумот. Перинеумот е лоциран помеѓу скротумот и анусот. Некои мажи сакаат да им биде стимулирана оваа зона не само за време на предиграта, но ако е возможно и за време на сексот. Пробајте да ја навлажните оваа област со масажно масло или лубрикант и започнете со масажа. Сепак, ако е поконзервативен може и да ја прескокнете оваа ерогена зона.
  9. Внатрешноста на бутовите. Не брзајте да стигнете до неговата експлозивна ерогена зона. Прво концентрирајте се на неговите внатрешни бутови. Само помислата дека се приближувате до неговиот полов орган ќе го излуди. Бакнувајте го или нежно галете го со рацете оддолу нагоре.
Мажите ја сакаат предиграта исто колку и жените. Истражувајте низ телото на вашиот партнер со цел да му пружите незаборавно задоволството, а тој сигурно ќе сака да го направи истото за вас. Бидете непредвидливи и изненадете го.




Страница: [1]