STRUMFETA -> Честитајте му Нова година на поинаков начин! (26.12.2009 20:02:07)
|
Честитајте му Нова година на поинаков начин! [image]http://www.notformen.mk/images/stories/max.jpg[/image] За помалку од недела дена со насмеано лице и скриени желби ќе излеземе некаде да го прославиме доаѓањето на Новата година. Можеби не ве фати претпразнична треска, можеби се растуривте од шопинг...сеедно важно е да се отпуштите и една вечер да си помнете убаво заборавајќи на сите проблеми што останаа нерешени. За да влезете со чисто срце, да го скршите ледот и вистински да почувствувате промена на старт, пред да отчука 12 часот на вашиот партнер кажете му го следново: Среќна сум кога сум со тебе, среќна сум што заедно го градиме споменот на овој дочек. Решив да почнам да ги избегнувам ситните караници што ни ја јадат врската. Еднаквоста во нашиот однос сакам да остане вечна, тоа ми дава сигурност. Ќе те оставам да ми покажеш дека знаеш да ги смениш лошите навики што ме повредуваат. Насмевката, наместо лошиот збор, нека биде клучот за нашите несогласувања. Ако се разделиме, тоа не значи дека ти е забрането да ми се јавиш како пријател. Новата година нека означува и нов почеток за нашата врска. Очите твои се моето омилено огледало во кое сакам секој ден да се погледнувам. Верувам дека во иднина ќе се разбираме подобро, треба само малку да се потрудиме. Авионот го пропуштивме, но секогаш е тука возот, можеби ќе испадне поромантичен. Горделивоста понекогаш ме прави непопустлива, сакам да бидам секогаш фер со тебе. Одговорите сакам да ги чујам од тебе, нема зошто да бараш друг да зборува во твое име. Далечината помеѓу нас сами ја создадовме, а што велиш да го препливаме океанот заедно? Искреноста ќе те направи голем човек во моите очи. Неверството е најголемата лузна што можеш да му ја нанесеш на моето срце. Агресивноста ќе не повреди до степен да не можеме да си простиме иако има уште љубов.
|
|
|
|