profesorica -> Тенот и сексуалната привлечност (28.12.2009 9:06:48)
|
Жените повеќе ги привлекуваат мажите со потемен тен, а пак кај посилниот пол е обратно, попримамливи им се припадничките со светол тен, тврдат научниците од универзитетот во Торонто кои ја истражувале улогата на потсвеста при изборот на партнерот. Според студијата доколку маж ги познава Кира Најтли и Пенелопи Круз, и знае дека и двете лудуваат по него, би се одлучил за Кира бидејќи потсвеста му сугерира дека таа е подобар избор за него. „Во потсвеста на мажите има предрасуди, па мажите начелно повеќе ги привлекуваат жени со посветол тен, бидејќи некој ги научил дека тоа е симбол за невиност, чистота, нежно и добро, а мажите повеќе сакаат жени со таков тен, отколку со потемен“, вели социологот Шион Бауман, кој го предводел истражувањето. Спротивно на тоа, за жените пак попривлечни се мажите со потемен тен бидејќи нивната потсвест тоа го толкува како секс, мистерија и опасност, а научниците заклучиле дека тоа е тоа што ја привлекува женската потсвест. Затоа женската потсвест попрво би се одлучила за Џорџ Клуни, отколку за Даниел Крег. Истражувањето, спроведено со анализа на повеќе од две илјади фотографии на мажи и жени покажало дека женската кожа е за 15,2 отсто побела од тенот на белиот маж. Според Бауман во нашата култура имаме утврдено серија на идеали кон кои лицата мора да се водат. Многу карактеристики со кои не привлекуваат лицата од спротивниот пол спаѓаат во оние кои се носат на свесно ниво, такви се тежината, висината, должината на нозете, обликот на носот и други белези. „Потсвеста очигледно дека ни нуди наследени стереотипи, оттука мажите ги сметаат жените со потемен тен за промискуитетни и затоа ги преферираат оние со светол тен. Дури потоа утврдуваат дека промискуитетното однесување, чистотата, верноста и невиноста зависат од нешто сосема десетто“, заклучува Бауман.
|
|
|
|