Еца -> RE: Тепање на детето (3.12.2009 14:14:33)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka Дали „су батине из Раја изашле" да ве прашам јас вас? Дефинитвно НЕ! Кој како сака нека каже, тука можеме и да ја кажуваме вистината или не, сепак сметам дека 90 % се плашиме да не бидеме осудени од другите. Имав период кога Мартина ќе си добиеше по газето, нема ефект, период кога многу многу зборев со неа- имаше ефект.Е сега верувајте ни тоа многу зборење не ми помага.Нема ефект.Дали таа бунтовност е само реакција на љубомора поради раѓањето на Мила не знам. Друго, татко ми беше професор, се решаваше со разговор, освен на два пати се сеќавам моите сестри убаво си добија.Еднаш за едната кога ја фати како пуши, а беше 6 одд, и еднаш за другата, ама не се секавам причината. Повекето пати сме биле казнувани со стоење пред врата. Мајка ми никогаш не кренала рака на нас, на ниту една од трите, но кога тргнав на училиште бев многу, многу, многу палаво дете.На часовите не седев мирна, не учев, се тепав со децата, деликвент број еден. И сега доага родителско, мајка ми оди си доага дома, ја гледам лута ифрид. Си викам сега го окркав. како сега ми е сликата пред очи, само почна да плаче и да ми вика: - За срамота Елена, татко ти професор, сестрите одлични збор не сме слушнале,а ти мајка ме натера да пропаднам во земја. излезе од собата. Што да ви кажам. После тој разговор, во мене се се промени. останав дива и темпераментна, ама на ушилиште бев бубачка, скроз одлична, на секое поле се докажував, само да им покажам и докажам дека и јас сум добра. Во се, ама во се се докажувавав и мислам дека зборот колку може да направи, ништо друго не може.
|
|
|
|