|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 12:25:34   
Iva
Јас никогаш во животот не сум била удрена од родителите, а искрено и немало зошто. Толку сум била мирна глас не ми се слушало по цел ден а не пак бељи да правам. А Михајло го имам неколку пати удрено по газето и неколку пати по рачето. Дефинитивно нема ефект. Само со зборување и објаснување можеме да постигнеме рзбирање.  

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 13:01:13   
HristinAntonio
i mene me potepnuvale...a antonio samo po gazeto nekogas ama nekako zal mi e pa samo go karam

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 13:49:55   
mami
И татко ми и мајка ми знаеле да удрат..со тоа што мајками понежно и секогаш по газе, додека татко ми кога тепаше не гледаше каде мава, па знаеше да не закачи и по глава и по грб, а има тешка рака мислам дека уште ја осеќам...Не им замерувам, такви се, мислеле дека тој начин е правиот. Татко ми е во принцип нервозен човек, и кога се караме ние се надвикуваме и најчесто јас терам се у...и напуштам територија. А со лука е друга приказна- јас може и да го шлапнам по газе, а особено кога ми извољева и не дава да му сменам пелена, а они не- никогаш немаат рака кренато на него, може по раче да добие ако фаќа во струја само

(Одговор на членот HristinAntonio)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 13:54:48   
mother 29
 и сега се поставува прашањето кој е во право!?
а ете не ни фали ништо,сите сме прави,здрави,воспитани,нема некој психички проблем поради тепањето,тешко оштетување?!

ајде кажете кој греши?!
немој да ме сватите лошо..не сум јас за тепање,ниту го тепам моето дете и сметам дека така е правилно!
и знам дека е тоа личен избор на секој родител,мегутоа едноставно "висеше во воздух" прашањето?!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 13:56:23   
pacuvce
Nie sme tri sestri i tatko mi i majka mi(Bog da gi prosti dvajcata) nikogas ne nemaa udreno.E tuka doaga ona klucnoto prasanje:Kako togas postignale da ni bidat avtoritet.Tatko mi na.pr.bese dovolno da ne pogledne i nie znaevme,sto se veli,kolku e saatot.Ne trebase ni da se vika,ni da se tepa.Majka mi,pak sekogas koga nemase da istera po nejzino,vikase,ke vidite na tatko ti.I se znaese,odma se se doveduvase vo red.A ova decava sega,nema sansi...Ma tepaj go,ma karaj go,toa si tera po svoe...Mozebi gresime nekade vo vospituvanjeto,ne znam...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 13:57:46   
Anushka
синовите ги тепав со лопатче за вртење палачинки, с` додека не се скрши, атие пораснаа. Сега ми велат дека за сестра им ќе ми купеле ново лопатче, за да (цитирам): не станела Шмизла и разгалена, ама да била умна и воспитана како нив, зошто да не било тоа лопатче, којзнае што беља ќе си направеле на самите себе си, колку биле будали и палави...
Дали „су батине из Раја изашле“ да ве прашам јас вас?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 14:14:33   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka


Дали „су батине из Раја изашле" да ве прашам јас вас?


Дефинитвно  НЕ! Кој како сака нека каже, тука можеме и да ја кажуваме вистината или не, сепак сметам дека 90 % се плашиме да не бидеме осудени од другите. Имав период кога Мартина ќе си добиеше по газето, нема ефект, период кога многу многу зборев со неа- имаше ефект.Е сега верувајте ни тоа многу зборење не ми помага.Нема ефект.Дали таа бунтовност е само реакција на љубомора поради раѓањето на Мила не знам.

Друго, татко ми беше професор, се решаваше со разговор, освен на два пати се сеќавам моите сестри убаво си добија.Еднаш за едната кога ја фати како пуши, а беше 6 одд, и еднаш за другата, ама не се секавам причината. Повекето пати сме биле казнувани со стоење пред врата. Мајка ми никогаш не кренала рака на нас, на ниту една од трите, но кога тргнав на училиште бев многу, многу, многу палаво дете.На часовите не седев мирна, не учев, се тепав со децата, деликвент број еден. И сега доага родителско, мајка ми оди си доага дома, ја гледам лута ифрид. Си викам сега го окркав. како сега ми е сликата пред очи, само почна да плаче и да ми вика: - За срамота Елена, татко ти професор, сестрите одлични збор не сме слушнале,а ти мајка ме натера да пропаднам во земја. излезе од собата. Што да ви кажам. После тој разговор, во мене се се промени. останав дива и темпераментна, ама на ушилиште бев бубачка, скроз одлична, на секое поле се докажував, само да им покажам и докажам дека и јас сум добра. Во се, ама во се се докажувавав и мислам дека зборот колку може да направи, ништо друго не може.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Тепање на детето
3.12.2009 14:19:25   
Anushka
Ецке, што дакажам... во пра во си.
Понекогаш: Еден збор, еден алтан.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Тепање на детето
4.12.2009 20:06:55   
Еца
Физичкото и психичкото насилство се резултат на недоволната едукација на родителите како правилно да ги воспитаат децата. Во современите земји постои литература за воспитување на децата, но кај нас, за жал, не верувам дека некој ја користи. Ќотекот како воспитна мерка останала од порано и до денес се користи. Ова е сериозен проблем бидејќи детето што пораснало со ќотек, така ќе се однесува и кон своите деца. Значи, се пренесува од генерација на генерација, па затоа го има во толкава мера - објаснува социологот Анета Поп Илиевска. И педагогот Јелисавета Луковска посочува дека е сосема погрешно децата да се воспитуваат со ќотек. - Податокот дека дури 69 проценти од децата се подложени на насилство е застрашувачки. Ова е сериозно предупредување бидејќи насилството многу лошо влијае врз развојот на децата. Родителите мораат да сфатат дека со ќотекот можат само да му наштетат на детето, па затоа мора да разберат дека разговорот и комуникацијата се мерките со кои се воспитуваат децата - вели Луковска. Покрај социолозите и педагозите, на лошите последици од насилството врз децата посочуваат и невропсихијатрите, кои предупредуваат дека малтретирањето остава страшни последици и траги во нивниот развој. - Психичкото малтретирање е посериозно. Овој вид насилство е огромна пречка за правилното созревање на личноста и влијае врз менталното здравје. На овој начин се упропастуваат генерациите на кои треба да се потпреме во иднина - алармира невропсихијатарот Витомир Мицев. Од Првата детска амбасада „Меѓаши“ истакнуваат дека се загрижени од тешката состојба во која се наоѓаат децата. - Насилството врз децата раѓа насилство. Ги учи децата на агресија, раѓа отпор и придонесува за ослабување на врската меѓу родител/старател и детето, врската наставник и дете или дете и дете. Во почетокот тепањето може да се чини ефикасно, но наскоро се покажува дека родителите треба да удираат се посилно и посилно за да го постигнат истиот резултат. Викањето и постојаното критикување на децата, исто така, се мошне штетни и доведуваат до продолжени емоционални тешкотии. Ваквото казнување не им помага на децата да развијат самоконтрола и почит кон другите - вели Гордана Змијанац од „Меѓаши“. извор: Време

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Тепање на детето
4.12.2009 20:22:41   
ostoun
quote]Дали „су батине из Раја изашле“ да ве прашам јас вас?

Da zatoa sto ne bile dobri za tamu

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Тепање на детето
4.12.2009 20:30:51   
mis.
Како дете нкогаш не сум била тепана не дека не су грешела туку едносавно за грешката секогаш бев казнета на поинаков начин.Нема да го добијам посакуваното нешто или нема да отидам таму кај што сакам или нешто слично за да сфатам дека за секоја грешка следи соодветна казна а за секое добро дело награда за да ме мотивира за подобро однесување.Тоа се стремам да го применам и на синовите но во некои ситуации мора да признаам не ми оди од рака.Но со тепање сум пробала и сфатив дека кај нив се развива замо гневот и желбата грешката да ја пофтори како резултат на револтот кој го носи со себе од моментот кога бил тепан.

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Тепање на детето
4.12.2009 22:52:37   
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Тепањето прави се само не го решава проблемот.Има многу случаи кога родителот сака преку тепање да го воспита или казни своето дете а на крај добива само разлутено дете полно со гнев а не дете кој ја воочува својата грешка и се труди никогаш да не ја повтори.



се согласувам сум видела родители за кои несакам да ги именувам кои со тепање мислеа да го воспитат детето ,а што постигнаа?Го направија детето нервозно и полно со гнев и им се чудам што никако да си ги согледаат нивните грешки и никако да сватат дека детето е нервозно само од нивните постапки.Немам дете али мислам дека тепањето не е решение за воспитување.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Тепање на детето
4.12.2009 23:41:06   
Mila na mama
Татко ми никогаш не ме удрил ама не памтам и нешто посебно да сме биле блиски или да сме комуницирале. Мајка ми пак и кога треба и кога не треба хистерише па ми се случило неколку пати да ме удри и верувајте секогаш сум се чувствувала навредена. Јас сум одгледана од баба ми до мојата 14 година кога почина такашто со моите баш и немам некој однос ама си ветив дека јас моето дете нема да го тепам. Знам да и подвикнам ако чепка некаде кај што моеже да се повреди, а кога и се развикав пред некој ден без потреба зашто јас си бев накuser posted image чена после 2 саати плачев од мака. Е сега ми сле случило 2-3 пати да ја плеснам по рачето онака несвесно и во истиот момент да се опоменам себеси. Мислам дека има некои работи кои ни се програмирани во потсвеста своевиден багаж од детството од кој е тешко да се ослободиш. Многу треба за да се разбие тој круг мене ме удриле па јас ќе ја удрам па таа нејзиното дете итн. Не сум за тепање во никој случај ама ако некгаш во иднина раката ми биде побрза од мислата не знам што се ќе направам за да и се извинам на ќерка ми. Само да не се случи такво нето зашто можеш да се извиниш и да ти простат ама не се заборава па и да се заборави не се брише од потсвеста.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Тепање на детето
4.12.2009 23:46:50   
delfinka
kazete mi iskreno eve i kako vozrasni nekoj da ve udri ke go resi problemot ili uste poveke ke ve nanervira da terate inaet?!?

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Тепање на детето
4.12.2009 23:49:20   
lidijas
definitivno tepanjeto ne e vospitna merka i mnogu poveke moze da napravi steta otkolku da se postigne sakaniot efekt, zatoa samo so ubav zbor i celicni nervi

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Тепање на детето
5.12.2009 0:26:31   
Bogdancanka
еве и јас да напишам моите посебно татко ми никогаш рака не кренал на нас ние сме 3 деца а мајка ми знаеше да не подчукне али секогаш беше тука татко ни кој застануваше мегу нас и недозволуваше тепање,можеше да не казне со нешто нема да ти купам ова или нема ова а тепање не.Еве сега гледам кога е кај мама сестра ми со нејзините дечиња и ако одговори нешто на наекое од нив сега ке видиш само да одговори татко ми одма и кажува немој да си го удрила.Дури понекогаш и се зезаме бидејки знаеме дека нема такво срце и недозволува  тепање, сега и неговите внучиња да бидат подчукнати.И за ваквото воспитување мислам дека е во право тепањето во никој случај не помага.Подобро проблемот да се реши со зборови и на помирен начин така и децата ќе бидат посмирени и нема да има гнев во нив.


(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Тепање на детето
20.12.2009 22:20:58   
April
via Форум:
Навистина, таквиот метод за воспитување може да има краткотраен ефект, но тоа не го учи детето на самодисциплина и не го упатува во правилната насока. Противниците на овој метод сметаат дека удирањето на детето е само излив на лутина од родител кој изгубил контрола врз своето најмило и не знае што друго да направи. Иако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица и сметаат дека е ефективен начин за воспитување на детето, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака. Еве неколку причини зошто не треба да ја употребувате силата на вашата рака во воспитувањето.
  1. Го учите детето дека е во ред да се користи насилство. Секогаш кога две дечиња се караат и едното посегне со рака по другото, веднаш ќе слушнете родителски глас кој ќе започне да им објаснува дека не е во ред физичкото насилство.
    Сепак, делата се поважни од зборовите. Ако истиот тој родител по одредено време крене рака на детето, тоа ќе научи погрешна лекција. Детето ќе запамети дека секогаш кога некој друг прави нешто што не му се допаѓа, треба да го удри.
    Насилството почесто се појавува кај оние луѓе кои биле удирани како мали. Повеќето родители кои ја практикуваат воспитната шлаканица, го научиле овој начин на воспитување од своите родители. Истражувањата покажаа дека дури 25% од луѓето кои како мали биле удирани, кога пораснале станале насилни кон својот партнер.
  2. Со секоја шлаканица вие му создавате страв. Воспитниот ќотек може да направи вашето дете да се плаши од вас и не да ве почитува и слуша. Детето исто така може да се чувствува понижено и со тоа да го оттурнете од себе. Доколку тоа се случи, потоа дури и применувањето на воспитен разговор од ваша страна нема да може да придонесе за ефективно воспитување.
  3. Воспитното удирање ја уништува вашата врска со детето. Ако често го удирате своето дете, тоа ќе започне да има силни негативни чувства кон вас. Затоа, треба да применувате понежни и вербални методи за воспитување. Кога детето ќе порасне и ќе биде сè подалеку од вас, единственото нешто преку кое ќе можете да го држите во правилна насока ќе биде вашата врска.
  4. Со секој удар ја намалувате неговата самодовербата. Удирањето предизвикува и физичка и психичка болка. Ниската самодоверба може да придонесе вашето дете подоцна да развие антисоцијално однесување и повлекување во себе.
  5. Шлаканиците не го учат кое однесување е правилно. Доколку по неговото недолично однесување вие решите да употребите воспитна шлаканица, вашето дете ќе сфати (барем краткотрајно) дека тоа што го направило е грешно. Но, на таков начин вие не му кажувате кое однесување е правилно. Вие само му укажувате на грешката, без да му кажете како да ја поправи.
Ако сакате да го казните своето дете поради лошо однесување, можете да му скратите од привилегиите (видео игри, гледање ТВ) или да го задржите некое време во соба каде нема ништо интересно за правење. Постојат многу други начини да успеете да го воспитате вашето дете, па затоа избегнувајте го ќотекот како метод за воспитување.

< Поракaта ја уредил Еца -- 21.12.2009 12:14:19 >

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Тепање на детето
21.12.2009 0:05:32   
Bogdancanka
мајка ми ме има подчукнато од неа имавме повеќе страв ако може така да се кажеuser posted image user posted image user posted image а брат ми ако е помал али често си тресевме ние двајцата прашинаuser posted image user posted image user posted image а со сестра ми нееее баш она беше многу помирна од нас а јас и брат ми бевме правиuser posted image user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Тепање на детето
21.12.2009 12:11:36   
mother 29
моето искуство од детството..кој ме потчукнувал е  бил  поголем авторитет,повеке сум се плашела од него и повеке сум го слушала............и до ден денес е така останато(освен потчукнувањето,нели?!user posted image )

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Тепање на детето
21.12.2009 12:15:30   
Палешка РР
Е јас сношти го подчукнав Марио, можеби за прв пат и затоа денеска сум болна user posted image , ама од контакт ме изваде user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Тепање на детето
21.12.2009 12:16:37   
Еца
Еј Палешка тебе ти е простено, хормони, виша силаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Тепање на детето
3.1.2010 16:50:05   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

и сега се поставува прашањето кој е во право!?
а ете не ни фали ништо,сите сме прави,здрави,воспитани,нема некој психички проблем поради тепањето,тешко оштетување?!



А зар треба масовна појава на растроени личности и тешки оштетувања за да се подигне свеста на повисоко ниво и да почнат да се избегнуваат некои методи на воспитување и однесување? Зар не е доволна љубовта што ја чувствуваме за нашите деца како мотив да најдеме некои други решенија за проблемите, наместо најлесно да плеснеме?

Мене лично ништо не ми фали од плескањата на мајка ми, напротив вишок ми биле и многу посреќна сум била кога ги немало и ништо од нив немам научено. Знам дека безброј пати сум ја повторувала истата грешка за која веќе еднаш или повеќе пати сум била удрена, така да дека многу успешен им бил методот не сум баш убедена или подобро да речам воопшто.




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Тепање на детето
3.1.2010 17:54:33   
Maria
Porasnav so sekojdnevno vikanje i urlanje od strana na majka mi.Mozebi retko ke se slucese da me udri i mene i brat mi,no veruvajte,vikanjeto mi precese i nervirase mnooogu,Sega se obiduvam so smiren ton i bez vikanje da go vospituvam sin mi i da mu ukazuvam na greskite,no kako sto veli Mila na mama,bagazot od detstvoto go nosime so nas.Pa koga se slusam,vo nekoi situacii, kako vikam i urlam,se potsekam kako mi bilo mene, i koga ke ja vidam natazenata faca na sin mi,solzite koi se trkalat i naprcenoto muce,ednostavno se mrazam.user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Тепање на детето
4.1.2010 13:35:22   
Mucka
kao odgojna mjera nema to veze s vezom,ali moras nekad kad uhvati nesto opasno ,da mu spasis zivot,jer nemas vrijeme da kazes....sto da radis ako zeli nesto oko struje ili vatre ili nesto vruce da uhvati,moras da ga zaustavis u tom momentu.....djeciji mozak je mastovit i koliko da si preventivan on ce se snaci i probati nesto takvo!!!

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Тепање на детето
17.2.2010 19:55:13   
ripce
Зошто да ја заборавите воспитната шлаканица

Повеќето родители признаваат дека понекогаш ги удираат своите деца со цел да им укажат дека некоја постапка е грешна. Навистина, таквиот метод за воспитување може да има краткотраен ефект, но тоа не го учи детето на самодисциплина и не го упатува во правилната насока.

Противниците на овој метод сметаат дека удирањето на детето е само излив на лутина од родител кој изгубил контрола врз своето најмило и не знае што друго да направи. Иако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица и сметаат дека е ефективен начин за воспитување на детето, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака. Еве неколку причини зошто не треба да ја употребувате силата на вашата рака во воспитувањето.
  1. Го учите детето дека е во ред да се користи насилство. Секогаш кога две дечиња се караат и едното посегне со рака по другото, веднаш ќе слушнете родителски глас кој ќе започне да им објаснува дека не е во ред физичкото насилство.
    Сепак, делата се поважни од зборовите. Ако истиот тој родител по одредено време крене рака на детето, тоа ќе научи погрешна лекција. Детето ќе запамети дека секогаш кога некој друг прави нешто што не му се допаѓа, треба да го удри.
    Насилството почесто се појавува кај оние луѓе кои биле удирани како мали. Повеќето родители кои ја практикуваат воспитната шлаканица, го научиле овој начин на воспитување од своите родители. Истражувањата покажаа дека дури 25% од луѓето кои како мали биле удирани, кога пораснале станале насилни кон својот партнер.
  2. Со секоја шлаканица вие му создавате страв. Воспитниот ќотек може да направи вашето дете да се плаши од вас и не да ве почитува и слуша. Детето исто така може да се чувствува понижено и со тоа да го оттурнете од себе. Доколку тоа се случи, потоа дури и применувањето на воспитен разговор од ваша страна нема да може да придонесе за ефективно воспитување.
  3. Воспитното удирање ја уништува вашата врска со детето. Ако често го удирате своето дете, тоа ќе започне да има силни негативни чувства кон вас. Затоа, треба да применувате понежни и вербални методи за воспитување. Кога детето ќе порасне и ќе биде сè подалеку од вас, единственото нешто преку кое ќе можете да го држите во правилна насока ќе биде вашата врска.
  4. Со секој удар ја намалувате неговата самодовербата. Удирањето предизвикува и физичка и психичка болка. Ниската самодоверба може да придонесе вашето дете подоцна да развие антисоцијално однесување и повлекување во себе.
  5. Шлаканиците не го учат кое однесување е правилно. Доколку по неговото недолично однесување вие решите да употребите воспитна шлаканица, вашето дете ќе сфати (барем краткотрајно) дека тоа што го направило е грешно. Но, на таков начин вие не му кажувате кое однесување е правилно. Вие само му укажувате на грешката, без да му кажете како да ја поправи.
Ако сакате да го казните своето дете поради лошо однесување, можете да му скратите од привилегиите (видео игри, гледање ТВ) или да го задржите некое време во соба каде нема ништо интересно за правење. Постојат многу други начини да успеете да го воспитате вашето дете, па затоа избегнувајте го ќотекот како метод за воспитување.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Mucka)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?