Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Кога сметате дека некој е „циција“, а кога е тоа „правење“ економија?
На пример(ова можеби ќе ви звучи како измислено и одвратно но постојат такви луѓе, ЗА ЖАЛ): сум слушнала за емисија во Грција, се јавувале луѓе да објаснат што правеле за економија....некоја жена рекла: „Кај нас е нормално кога се оди во ВЦ да се користат САМО 2 парчиња тоалетна хартија. Ако имаме гости, и искористат повеќе од 2, мажот ми оди по нив, вишокот го вади од корпа( ), го суши на балкон и после тоа го користиме пак.“ Истата таа жена објаснува како кога свекор и бил на болница 1 месец, таа го собирала пилешкото што им го давале таму и го замрзнувала, за да прави ручеци.
Се капеле само еднаш неделно, за да не троши многу струја бојлерот.
Имале вода во пластичен сад, во која си ги миеле рацете (нормално без сапун) и после истата ја пуштале во шољата, за да заштедат и од тој аспект.
Имам и други примери, ама ќе ги пишам кога ќе се сетам
Ваши искуства со „циции“?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 10:02:20
ripce
Абе ајде... од една страна ќе стискаш, нема да трошиш, од друга страна двојно - тројно ќе ти отиде... тоа сум го приметила, имам доволно примери за да ме убедат дека навистина е така.
Ќе ја суши тоалетната хартија, нема да мие раце со сапун, и парите што ќе заштедиле од тоа, еден ден не дај боже ќе се разболат, ќе дадат еден куп пари по болници.
Инаку јас сум во никој случај не сум циција, дури можам да се окарактеризирам со другата крајност - трошаџика.
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 10:07:00
Enika
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
Да го појаснам насловот:
Кога сметате дека некој е „циција", а кога е тоа „правење" економија?
На пример(ова можеби ќе ви звучи како измислено и одвратно но постојат такви луѓе, ЗА ЖАЛ): сум слушнала за емисија во Грција, се јавувале луѓе да објаснат што правеле за економија....некоја жена рекла: „Кај нас е нормално кога се оди во ВЦ да се користат САМО 2 парчиња тоалетна хартија. Ако имаме гости, и искористат повеќе од 2, мажот ми оди по нив, вишокот го вади од корпа( ), го суши на балкон и после тоа го користиме пак." Истата таа жена објаснува како кога свекор и бил на болница 1 месец, таа го собирала пилешкото што им го давале таму и го замрзнувала, за да прави ручеци.
Се капеле само еднаш неделно, за да не троши многу струја бојлерот.
Имале вода во пластичен сад, во која си ги миеле рацете (нормално без сапун) и после истата ја пуштале во шољата, за да заштедат и од тој аспект.
Имам и други примери, ама ќе ги пишам кога ќе се сетам
Ваши искуства со „циции"?
Боже помози не е ова циција ова е болест...ако штедиме на тоалетна хартија и вода за бањање...алал да им е на лугето...штедење не значи бришење со два листа и бркање на гостите...ау одвратно...да штедиш значи да не се расфрлаш на глупости и да си ги тегнеш нозете колку што ти е чергата...знам мн луге кои немаат мн финансии ама нема да приметиш дека немаат, си се организираат и не трчаат по гости ради тоалетната! Ми се згрози од ова што го прочитав
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 10:13:18
Enika
Не не уживај...не сум само згрозена од моментот со тоалетната туку целосно со приказната...мислам како може такви луге да има И ја сум трошаџика ни В неам од Влаинка, ама па не трошам толку на глупости глеам се да ми треба ...иако можеби за мн раб ги иам повеке од потребно како шминка на пример ама па тоа ми прави кеф сеа...
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 10:17:22
pacuvce
E jas izgleda ne sum zavrsila za djabe Ekonomski fakultet...Ne sum cicija,ama sum prilicno golem ekonomist,koga stanuva zbor za parite...Nikogas ne frlam pari samo radi reda,kolku da kupam nesto...A koga treba da se kupi netso pogolemo,stopati ke go zavrtam filmot vo glava,dali da se kupi...Eve na pr.mm zapnal da kupi laptop,plazma TV i sl.nekoi takvi raboti,a jas sum stalno policaecot vo familijata koja sto veli-Sto ke ni se novi,koga i ovie koi gi imame dobro ni sluzat...A za gorenavedeniot primer na prof. nemam komentar...Toa ne e stedenje,toa e bolest...
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 11:59:16
mina_m
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
„Кај нас е нормално кога се оди во ВЦ да се користат САМО 2 парчиња тоалетна хартија. Ако имаме гости, и искористат повеќе од 2, мажот ми оди по нив, вишокот го вади од корпа( ), го суши на балкон и после тоа го користиме пак." Истата таа жена објаснува како кога свекор и бил на болница 1 месец, таа го собирала пилешкото што им го давале таму и го замрзнувала, за да прави ручеци.
ova ne spaga vo grupata na cicii,ova spaga vo zabeganost i maloumnost imase eden prijatel/poznanik na mm i toj spaga vo ovaa grupa,koga im se rodi bebeto posto bese zimno vreme ne pustase greenje nego majkata od vreme na vreme so fen za kosa mu gi toplese racinjata i prsinja na nozete,i uste vakvi milijarda netacni raboti pravese doma....zabeganost
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 12:15:38
tereza
јас имам тетка која е циција во права смисла на зборот кога одиме кај нив на слава толку е мизерно што помизерно не можи да биди,дури и ќе те праша дали сакаш ручек,за да и остани за неа да не се троши се од јадењето.А за трошење пари па и да не зборувам стегнати се до немајкаде а не дека немаат туку несакаат да дадат ама баш за ништо,а кога одат на парастос или нешто такво ако им остани јадење на другите си го земаат за дома демек од тоа ќе се најадат,абе бог да чува
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 12:17:01
profesorica
леле тереза ова ме потсети на една моја роднина.на свадбата на нејзина сестра на масата остана месо а таа си извади фолија од тасна и си го собра месото за дома: вика зошто да се фрли ќе имаме утре ручек...
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 13:42:39
mina_m
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
па види баш затоа во насловот циција ми е под наводници.
не ми се верува какви забегани луѓе има???
profesorica,a ne ne nemislev da go iskritikuvam naslovot ili tebe,naslovot si e ok,nego poentata mi bese deka vakvite "stedlivi luge"se netacni so nivnite fiks idei....ko na primer so burickanjeto vo kantata za iskoristeni hartii ili so fenot
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 13:43:58
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mina_m
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
па види баш затоа во насловот циција ми е под наводници.
не ми се верува какви забегани луѓе има???
profesorica,a ne ne nemislev da go iskritikuvam naslovot ili tebe,naslovot si e ok,nego poentata mi bese deka vakvite "stedlivi luge"se netacni so nivnite fiks idei....ko na primer so burickanjeto vo kantata za iskoristeni hartii ili so fenot
да знам! во ред е!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 15:54:48
Bitolcanka
Можам да кажам за себеси, а и другите кои ме познаваат дека во никој случај не сум циција. Трошам за работи и лица кои ми значат, макар за мене да си одложам некои задоволства. Сакам изненадувања и обожавам да изненадувам
Инаку познавам скржави луѓе, штедат и за 1 порака - 5 денари - и кога е навистина итно
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: Колку „циција“ е прав циција? 29.12.2009 17:50:56
Anushka
јас живеев во ГБ кај Евреи. Тие се капеа во една када, во иста вода, цело семејство, еден по еден, во иста вода. А беа јувелири, златари. Еден другар за родендените постојано ми носеше празни бомбоњери. 1. ПАРИТЕ НЕ СЕ ШТЕДАТ, ПАРИТЕ СЕ ЗАРБОТУВААТ. 2. ЕДЕН ВИЦ: си била една Влаинка (ве молам, ова е чиста предрасуда, ама таков си е вицот, можете да ставите Тетовчанка, Шкотлангаќа и сл.) и нејзината пријателка посојано и` објаснувала колку е кул да се шопингува, демек од тоа си ги смируваш нервите. На оваа не и` било јасно како тоа, трошиш пари а си супер..... ама така, убедување, зборење. Паднала Влаинкава во депресија и решила да појде н шопинг. И... оп, вистина, супер си прошла. И се јавува на другава, и раскажува воодушевено како на брз начин се решила од депресијата од шопинг. И и` вика оваја возбудено: и, што си купи ма? А Влаинката: сто евра!
RE: Колку „циција“ е прав циција? 30.11.2013 9:33:58
Mihaela 2010
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
јас живеев во ГБ кај Евреи. Тие се капеа во една када, во иста вода, цело семејство, еден по еден, во иста вода. А беа јувелири, златари. Еден другар за родендените постојано ми носеше празни бомбоњери. 1. ПАРИТЕ НЕ СЕ ШТЕДАТ, ПАРИТЕ СЕ ЗАРБОТУВААТ. 2. ЕДЕН ВИЦ: си била една Влаинка (ве молам, ова е чиста предрасуда, ама таков си е вицот, можете да ставите Тетовчанка, Шкотлангаќа и сл.) и нејзината пријателка посојано и` објаснувала колку е кул да се шопингува, демек од тоа си ги смируваш нервите. На оваа не и` било јасно како тоа, трошиш пари а си супер..... ама така, убедување, зборење. Паднала Влаинкава во депресија и решила да појде н шопинг. И... оп, вистина, супер си прошла. И се јавува на другава, и раскажува воодушевено како на брз начин се решила од депресијата од шопинг. И и` вика оваја возбудено: и, што си купи ма? А Влаинката: сто евра!
hahahaha bas slatko se iznasmeav za vicot
imam jas edni komsii sto koga ke otideme (ova za mazot vazi) go sledi sekoj cekor na zenamu sto prinesuva,kolku im dava na decava i slicno...mene duri mi stana neprijatno vo eden moment,im mackase za jadenje i mleko im turase i sega toj namesto da si pravi muabet so mm,on gleda kolku im stava mleko...duri i se razvika demek aman bre ne stavaj tolku ne pijat posle go frlas bez potreba ...mislam stvarno nemase smisla
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Колку „циција“ е прав циција? 1.12.2013 18:53:34
deluxe
Хаахх... Циција,па не знам јас себе не се сметам за циција.За нешто што е неопходно ич не штедам,но за нешто што не ми е толку битно,или можам да најдам поевтина верзија ,ја избирам поевтината А сум имала многу случки со циции ,само не ми текнува во моментов ,се сеќавам на една бевме собрани друштво во викендица,правевме скара,и кога една од жените на крај си ги собра пиперките лути(нагризани што беа) за дома,оти тие си јаделе луто Арно ама тогаш беше рана пролет кога цената на пиперките е висока,и не се фрлаат ниту семките
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
RE: Колку „циција“ е прав циција? 2.12.2013 0:24:20
Snowhite RR
Пред некој ден на колега од мм му било роденден и колегиве што работат во иста кнацеларија му купиле нешто така симболично поклонче и тој му рекол леле фала не очекував, баш ме изненадивте и толку, не ги почестил ни еден сок, а имаат продавница во склоп на фирмата и можат и на вересија да земаат од таму, ама тој ништо, цел ден на „тошо“ се правел и после мм му рекол, абе добро ти цел ден ништо не почести за роденденов и тој рекол, а велите нешто да земам и пак заматкал и пак ништо
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away