|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Новогодишни суеверија
29.12.2009 13:54:28   
penelopa
Сите народи во светот уште од стари времиња си имале свои традиции за пречекување на Новата Година. Некои од овие, или повеќето, и до ден денес се задржале во традиционалните обичаи. Секако денес сите ги нарекуваме суеверија, но верувајте, паганите знаеле за што зборуваат. Оставаме на вас да си одберете дали ќе ги употребите или не...

1.Направете бучава
Огнометот и петардите, како и сите други пиротехнички средства кои прават огромна бучава кога саатот отчукува полноќ на крајот на старата година се наменети за да ги избркаат лошите духови, сили, енергии, за во новата година да ни останат само добрите и позитивните. Ова суеверие потекнува уште некаде од средниот век, кога на дочекот луѓето излегувале на своите прозорци и тропале силно со тенџериња. Епа одберете си како ќе ги исплашите лошите духови, и направете силни силни звуци.
2.Носете нова црвена долна облека
Црвената долна облека ќе ја донесе љубовта во вашиот живот во новата година. Ова суеверие потекнува од Мексико, каде и ден денес се практикува наголемо.
3. 12 зрна грозје.  Уште едно суеверие кое доаѓа од медитеранот и Латинска Америка. Се верува дека ако издете 12 зрна грозје кога саат отчукува полноќ, ќе имате среќа во сите 12 месеци од новата година.
4.Бакнежи на полноќ Ова суеверие го има насекаде во светот. Новата година треба да ја дочекате со бакнежи за да имате многу дружење и љубов во годината што следи, токму затоа честитањето е секогаш со бакнување. Меѓутоа, постои верување дека првото момче што ќе го бакнете некаде после полноќ е вашата вистинска љубов. 
5.Играјте околу некое дрво вечерта после полноќ Старо индијанско верување според кое, ако играте околу дрво вечерта некаде после полноќ, цела година ќе имате добро здравје, успех и љубов. Дрвото е симбол на раст и развој. 
6.Носете нова облека Се верува дека ако носите нова облека вечерта кога ја испраќате старата година, во новата година ќе имате многу нови парчиња облека.
7.Без плачење Избегнувајте да плачете или да бидете негативни на дочекот на новата година, па и целиот ден на 1ви јануари. Како ќе ја започнете годината тоа ќе имате најмногу цела година.
8.Исцедете го шишето Вечерта на дочекот, ставете си ја последната капка од шишето во вашата чаша, ова ќе ви донесе добра среќа во новата година
9.Пуштете ја старата година надвор
Без разлика дали излегувате или останувате дома, погрижете се вечерта на полноќ да ви бидат отворени вратите и прозорците во домот, или барем малку подотворени. Ова се прави за да ја пуштите старата година да си излезе, а остава простор за новата година.
10.Не перете алишта или садови На првиот ден од новата година немојте да перете алишта или садови. Верувањето е дека со водата со која перете ќе си отиде и животот на некој сакан во новата година.
11.Наполнете се
Вечерта на новата година наполнете си ги кујнските шкафови, фрижидерот и замрзнувачот со храна, плакарите со облека, а џебовите и ташните со пари. Се верува дека ако ја дочекате новата година во изобилие, овој тренд ќе ве следи целата следна година.
12.Чисто
Исчистете си го станот убаво пред да ја дочекате новата година. Чист стан ќе ви донесе чистота цела година и ќе ви осигура да немате хаос во животот во новата година.
13.Ништо не излегува од домот
На првиот ден од новата година, не фрлајте ништо. Нити ѓубре, нити стара облека. Ова носи лоша среќа. Без трошење пари. И вие немојте да бидете први што ќе го напуштите вашиот дом. Почекајте дури не дојде некој на гости, тој прв да го пречекори прагот. Исто така, првиот гостин во вашиот дом треба да биде маж, тој носи добра среќа, жена, а особено плавуша и црвенокоса е лош предзнак.
14.Насоката на ветерот.  Насоката на ветерот на изгрејсонцето во првиот ден од новата година претскажува за новата година. Ветер кој дува од југ, претскажува добро и плодно време, додека ветер од север лошо време и празна година. Ветерот кој дува од исток претскажува природни катастрофи, а ветерот од запад претскажува изобилие на храна но смрт на сакана личност. Ако нема ветер, тоа значи радост и среќа во следната година.
15.Работете напорно
На првиот ден од новата година никако немојте да спиете цел ден. Ако ја почнете годината мрзеливо, така и ќе ви биде цела. Па затоа, правете нешто што ви е интересно, нешто во што сте добри, во што уживате
16.Патувања
Ако сакате да патувате во новата година, на првиот ден прошетајте си ги вашите куфери по населбата или само едно кругче околу зграда.
17.Свадба Ако утрото на првиот ден од новата година, девојката погледне од прозорецот и види машко, се верува дека таа ќе се омажи до крајот на новата година.

¨Извор: zenskiprincip

Верувате или дека некои од овие работи се вистинити или сепак се само суеверија?

< Поракaта ја уредил Еца -- 29.12.2009 20:26:14 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Новогодишни суеверија
29.12.2009 14:08:54   
tereza
16.Патувања Ако сакате да патувате во новата година, на првиот ден прошетајте си ги вашите куфери по населбата или само едно кругче околу зграда.
17.Свадба Ако утрото на првиот ден од новата година, девојката погледне од прозорецот и види машко, се верува дека таа ќе се омажи до крајот на новата година.
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa


мене ова за свадбата и патувањата најмногу ме заинтригираuser posted image user posted image user posted image можеби во нешто има вистина можеби нешто е и суеверие ама како и да е,колку и  да не сакаш да веруваш во нешто од сево ова ,од внатре секогаш постои тој  сомнеж што и како  ќе  ти биде во новата година

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Новогодишни суеверија
29.12.2009 14:47:03   
Bitolcanka
Интересни верувања навистина user posted image Јас искрено верувам во нив, некои од нив и сум ги слушнала и применила ... Тоа дека ако го поминеш првиот ден од Новата Година дома, спиејќи-лежејќи, мрзоволно, цела година ќе ти биде таква, точно е - така ми било и мене порано, затоа знам user posted image Исто и како што се верувам - како ќе ти тргне понеделникот, таква ќе ти е цела недела, така е и со првиот ден од новата година ... И мене особено ми остави силен впечаток ова последното верување со свадбата user posted image За патување ќе размислам, блискиод период, наредните неколку месеци, морам да си бидам домче, потоа - здравје - каде што ќе ме одвее животот user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Новогодишни суеверија
29.12.2009 14:50:07   
arh_diz
Sum slusnala mnogu od niv no nesakam da se privrzuvam i da primenuvam nitu edno od niv
Podobro mi e vaka

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Новогодишни суеверија
29.12.2009 14:54:48   
profesorica
леле се наежив, некои ми беа познати, но освен со бакнежот ништо друго не сум применила.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Новогодишни суеверија
29.12.2009 14:59:23   
penelopa
Јас сепак мислам дека се само суеверија...посебно со црвена долна облека, никогаш не сум носела...некако ми е премногу кичасто...најважно е таа ноќ да се забавуваме, да бидеме позитивни и сами да направиме годината што иде да ни биде поуспешнаuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Новогодишни суеверија
29.12.2009 15:01:18   
melody
Nitu veruvam nitu pak sakam da veruvam vo novogodisni sueverija.Porano veruvav ako na prvi od mesecot nastapuvam nekade i zemam pari, cel mesec ke mi bide takov megutoa nastojuvav poleka i od ova veruvanje da se otrgnam i uspeav.I veruvajte mnogu e polesno koga ne si pravis takvi pritisoci na dusata i dozvoluvas rabotite da si se dvizat vo nasoka vo koja treba da se dvizat.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Новогодишни суеверија
30.12.2009 9:19:44   
mami
не знам дали од суеверие или така ми останало од моите дома, но последниот ден од старата и првиот од новата година- не се перело, не се пеглало дома ( освен она што ке се носи вечерта) чистењето завршува на 29.12. миење садови- ако ептен има потреба.
Вечерта на полнок, секогаш била отворена вратата бидејќи сите сме надвор и гледаме огномет- значи пак некое поклопување
Е сега за работен- па и не ми е баш таков првиот ден..сега со Лука сме малку поразмрдани инаку дотогаш сме го преспивале скоро цел ден, а годината не била такваuser posted image

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Новогодишни суеверија
30.12.2009 9:22:19   
Палешка РР
Мајка ми секогаш ме предупредува на 02.01. дека е Св. Игнет и што ќе правам тој ден-тоа ќе правам цела година. Тој ден се избегнуваат сите лоши работи кои не сакаме да ни се случат во текот на годината и саааамо си се гушкаме и смееме user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Новогодишни суеверија
30.12.2009 9:23:38   
mami
ааа ова не сум го знаела..значи на 02ри само гушкањеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Новогодишни суеверија
1.1.2010 17:29:31   
delfinka
ne sum sueverna no sepak ova se veruvanja koi mozebi samite si gi nametnuvame i ne se losi za zabava,a za utre velite samo guskanje,a ?
e pa jas ke si pocnam usate od denesuser posted image

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Новогодишни суеверија
1.1.2010 17:45:30   
Mucka
nisam sujevjerna,ali ako pocne bez sexa.....e mislim nije na dobro.....zato najbolje se rasteretit i mirno si uci u novu godinu.....user posted image

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Новогодишни суеверија
1.1.2010 20:52:14   
ananikol
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Мајка ми секогаш ме предупредува на 02.01. дека е Св. Игнет и што ќе правам тој ден-тоа ќе правам цела година. Тој ден се избегнуваат сите лоши работи кои не сакаме да ни се случат во текот на годината и саааамо си се гушкаме и смееме user posted image



Ne sum slusnala nikogas za ova,ama nee loso utre da go primenimeuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Новогодишни суеверија
25.11.2013 20:29:25   
Mihaela 2010


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Мајка ми секогаш ме предупредува на 02.01. дека е Св. Игнет и што ќе правам тој ден-тоа ќе правам цела година. Тој ден се избегнуваат сите лоши работи кои не сакаме да ни се случат во текот на годината и саааамо си се гушкаме и смееме user posted image


i ja za ova imam slusnato i deka koj prv ke ti vleze doma toj den takva ke ti bide godinata...zatoa ne pustam nikoj doma toj denuser posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 25.11.2013 20:35:59 >


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Новогодишни суеверија
25.11.2013 22:29:41   
sandriana RR
Освен црвена долна облека, и бакнеж на полноќ - односно прва честитка со спротивниот пол, што сме ги практикувале во тинејџ годините, на друго никогаш не сум посветувала особено внимание.
Подоцна ја слушнав приказната за Св.Игнат, ама речиси секоја година ја изумувам user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Новогодишни суеверија
26.11.2013 9:19:28   
topce
13 е контрадикторна со 16

13.Ништо не излегува од домот На првиот ден од новата година, не фрлајте ништо. Нити ѓубре, нити стара облека. Ова носи лоша среќа. Без трошење пари. И вие немојте да бидете први што ќе го напуштите вашиот дом. Почекајте дури не дојде некој на гости, тој прв да го пречекори прагот. Исто така, првиот гостин во вашиот дом треба да биде маж, тој носи добра среќа, жена, а особено плавуша и црвенокоса е лош предзнак.
16.Патувања Ако сакате да патувате во новата година, на првиот ден прошетајте си ги вашите куфери по населбата или само едно кругче околу зграда.

не сум суеверна.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Новогодишни суеверија
26.11.2013 12:42:52   
Snowhite RR
Не сум знаела за овие суеверија, може нешто да се примени од овие, чисто од забава, ако ништо друго, особено тоа за нова облека би ми било како изговор хехе

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Новогодишни суеверија
26.11.2013 12:54:37   
deluxe
Јас единствено од овие суеверија што ги знам е на празникот Игнат да внимаваш то правиш,оти цела година тоа ќе го правиш.Јас искрено тој ден гледам да одмарам и многу да не работам,ама пак цела година сум турбоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Новогодишни суеверија
25.11.2014 19:04:48   
caciana
Obicno vikaat kako ke ti bide prviot den od godinata taka ke bide cela godina.. NEDAJ BOZE , ako bese taka nemase bel den da vidam samo user posted image ke bev... Mislev mnogu vesela hahaha user posted image

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Новогодишни суеверија
25.11.2014 19:36:18   
scared RR
ne veruvam mnogu ama imam cueno za 02.01 deka kakov ke ti bide toj den takva ke e cela godina

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Новогодишни суеверија
25.11.2014 21:39:21   
Ki4iko
Јас пак немам никакви суеверија, и не сум баш и информирана за истите user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Новогодишни суеверија
26.11.2014 12:14:01   
caciana
Sabajlevo procitav na fb nekoi novogodisni sueverija,pa aj da vo kazam,DA si znaete
Nokta na precekot treba DA nosime crveni gaki ili prsluk,za sreka

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Новогодишни суеверија
26.11.2014 12:27:20   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: caciana

Sabajlevo procitav na fb nekoi novogodisni sueverija,pa aj da vo kazam,DA si znaete
Nokta na precekot treba DA nosime crveni gaki ili prsluk,za sreka

Hahahha i jas sum slusala za toa sueverie mada nikogas do sega ne sum go praktikuvala.user posted image E ovaa godina ima ko dedo mraz da se napravam vo dolniot ves.user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Новогодишни суеверија
2.1.2015 9:12:59   
deluxe
Zeni denes e denot sv.Ignatij Bogonosec koga se vnimava sto se pravi,bidejki sto ke pravite denes ,ke pravite cela godina.Jas za start na denov si svariv kafence I si pisuvam na Ringerajauser posted image ,posle ke setam,I taka DA trgni rabotavauser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Новогодишни суеверија
2.1.2015 9:28:47   
AneLav RR
Баба ми викаше дека од денес денот се зголемува за една игла.user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?