скок во развојот (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


mami -> скок во развојот (9.6.2009 12:24:25)

обично викаат дека тое се случува околу 3,6,9 недела и 3,6,9 и 12 месец...тоа е период кој трае отприлика недела до две, кога вашето бебе станува невозможно- се што дотогаш сакало, сега не сака и обратно...после тие недела две, откривате дека вашето дете знае нови работи- за прв пат ке се насмее, ке се преврти, ке изведува нешто со рачињата, ке застане само, ке прооди, ке научи било каква нова работа...се што треба да направите е да бидете кул, да не се нервирате и шизите поради неговите каприци кои знаете дека бргу ке му исчезнат




Палешка РР -> RE: скок во развојот (9.6.2009 17:22:21)

Мојот син имаше најголем скок во развојот меѓу 6 и 7 одделение. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
До 6-то многу се мазеше, држеше за рака, нигде не одеше без мамичка, во 7-мо подиве, доби секундарни белези, гласот му мутира и мама се помалку му треба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

Но тоа е нормално, во пубертет е, па ќе мораме да се навикнуваме. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: скок во развојот (19.6.2009 8:09:04)

еве класичен пример...цела недела беше ужасно нервозен и откако му помина почна да се качува сам по кревети и фотељи како да го прави тоа отсекогаш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Leonida -> RE: скок во развојот (21.4.2010 15:22:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

обично викаат дека тое се случува околу 3,6,9 недела и 3,6,9 и 12 месец...тоа е период кој трае отприлика недела до две, кога вашето бебе станува невозможно- се што дотогаш сакало, сега не сака и обратно...после тие недела две, откривате дека вашето дете знае нови работи- за прв пат ке се насмее, ке се преврти, ке изведува нешто со рачињата, ке застане само, ке прооди, ке научи било каква нова работа...се што треба да направите е да бидете кул, да не се нервирате и шизите поради неговите каприци кои знаете дека бргу ке му исчезнат


Ништо чудно тоа да се случуваше во последниов период. Наеднаш се смени и стана невозможна, па завчера прв пат направи обид за да седне и почна да испушта нови звукови. Си прави муабет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Но, некако сеуште е неподнослива[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image], ќе пукнам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image]




Палешка РР -> RE: скок во развојот (21.4.2010 15:51:31)

Синоќа Миа ја завртив на лева страна да спие, кога се разбудив беше на десна..го прашав мм дали ја свртил, вика не. Ова ми беше ептен зачудувачки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Повеќе не ја оставам сама на кревет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: скок во развојот (22.4.2010 10:47:02)

Маче па време и е веќе...Лука е последиов период одвратно нервозен и неподнослив и почнува да пробува да збори[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]многу е смешен...аман веќе со тие фази, скокови и чуда




Палешка РР -> RE: скок во развојот (13.5.2010 23:49:44)

Луѓе...Миа почна да `ржи и да каса [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Maca25 -> RE: скок во развојот (14.5.2010 0:10:22)

Нина деновиве е неподнослива плачка, оди и само нешто се лути, тепа, каса... чекам сега со што ќе ме изненади. почнува да сврзува по 2 збора во последно време на пр: мама и тата, баба и деде. Знае да одговори на прашање со Да и Не. Ја прашувам дали и се јаде, спие, дали сака сокче и таа ми одговара. Најсмешно беше пред некој ден го прашувам мм : ќе пиеме кафе? и се јави нина:ДА и почна да плеска со рачињата и да прави звук како за пиење кафе. Се утепавме од смеење.




ananikol -> RE: скок во развојот (14.5.2010 0:11:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Мојот син имаше најголем скок во развојот меѓу 6 и 7 одделение. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
До 6-то многу се мазеше, држеше за рака, нигде не одеше без мамичка, во 7-мо подиве, доби секундарни белези, гласот му мутира и мама се помалку му треба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

Но тоа е нормално, во пубертет е, па ќе мораме да се навикнуваме. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]


I kaj nas ista prikazna....

Do 12-ta godina nikako ne mozevme da go ostavime doma sam,stalno segde so nas idese i na gosti i za pazarenje i za setanje..nesmeevme da mrdnime bez nego negde..nikako.Osven za Nova Godina.
Koga napravi 12,pocna da se osamostaluva,da si posvetuva poveke vreme za druzenje so drugarite a i nas da ne ispraka sami po gosti i so dusa da ceka da e sam doma.Pubertet...




baby mama -> RE: скок во развојот (14.5.2010 13:58:59)

Луѓе...Миа почна да `ржи и да каса user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Луѓе...Миа почна да `ржи и да каса [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]


Аииии, прдла мала почнала да се кара значи? Цуцка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




MamaOhrid -> RE: скок во развојот (14.6.2010 18:30:42)

Син ми има 8 месеци и 3 недели и денес се покакал во нокшир [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]. Мајка за која можам да речам дека поупорна личност не постои, го ставаше неколку дена по малку да си поседи на нокшир. Првин одбиваше, но се замами и секој нареден пат седеше се повеќе и повеќе. И денес го држела 20 мин. и тој се покакал.

Многу ми е мило. Таа сака да го научи на година да кажува за какање, така не научила мене и брат ми, па ќе видиме.




Палешка РР -> RE: скок во развојот (24.6.2010 17:06:21)

Миа прави awawawawawawawawa кога ќе и ја доближеш раката до уста [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Пружа раце само за кај Марио, кога ќе ја земе го гали по лицето [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Вчера си ја стави ногата во уста од лежење [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




amelbebe -> RE: скок во развојот (24.6.2010 17:14:23)

cekaj generacijooooooooo uste kakvi ne momenti ke ima radosni i iznenaduvanja

Amel se druzi so drugari od 23 god drugari na brat mu  najnovo mu e
fuck you beach
epten e skoknat vo razvojot kako nekoj dedo e vo zboruvanjeto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Viktori -> RE: скок во развојот (24.6.2010 18:52:36)

јас најголем скок во развој приметив кај син ми, дури во депресија ме фрли, во прво одделение, на полугодие некаде кога ми кажа: Ај не ме гушкај и бацувај веќе во школо!
Па за кратко ми кажа да не влегувам ич во школо, за на крај тој да оди пред нас, а ние три метра позади [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Палешка РР -> RE: скок во развојот (7.7.2010 0:33:49)

Леле, детево завива како лав, ауууу, вакво нешто не сум чула [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




amelbebe -> RE: скок во развојот (7.7.2010 11:34:55)

generacijo ako Mario zaviva kako lav toa e znak deka e zaljuben[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]od iskustvo ti go kazuvam ova[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Палешка РР -> RE: скок во развојот (7.7.2010 20:51:48)

Генерацијо, Миа завива..збеснува до немај каде [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Марио е тивка вода (што брег рони)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Felly RR -> RE: скок во развојот (27.12.2012 7:38:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: zzaa

Барав, ама не најдов ваква тема[sm=smiley1.gif]
Цело време слушав дека во овие скокови (3/6 ден, 3/6 недела, 3/6 месец итн) бебињата цицаат повеќе и почесто, за да поттикнат поголемо производство на млеко кое ќе им треба како растат од ден во ден, и во тој период мајките се наоѓале пред дилема да воведат АД млеко пошто сметале дека штом е бебето цело време на града значи дека е недохрането.
Требаа многу нерви и трпение за да се издржи периодот и ако немав прочитано за овие скокови во развој, најверојатно очите ќе си ги извадевме со мм за тоа кој ја разгалил[sm=hudicek1.gif] Читав по странски форуми, а и добив потврда од педијатарот, дека скокот може да се манифестира во многу многу често цицање или одбивање на истото, ама и во двата случаја кенкањето и плачењето не ви бега
Велат после скоковите, бебето почнува да прави нешто што дотогаш не го направило..
Дали, и како, вие драги мамички поминавте скок во развој?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

Браво ЗЗаа, мојата болна точка!

Откога е родена моја М, користам една многу убава апликација, може и како книга да се најде, се вика Чудесни недели (The Wonder weeks).

Имено, бебињата од моментот на раѓање па се до скоро 18 месеци поминуваат низ вкупно 10 развојни фази, а сега ќе ги набројам и кои се....

1. Адаптација на новата околина ( меѓу 4,5 и 5,5 недели)
2. Шеми (меѓу 7,5 и 9,5 недели)
3. Забележување на спори и мазни движења (меѓу 11,5 и 12,5 недели)
4. Настани (меѓу 14,5 и 19,5 недели
5. Врски (22,5 и 26,5 недели)
6. Категории (33,5 и 37,5 недели)
7. Секвенци, низи (41,5 и 46,5 недели)
8. Програми (50,5 и 54,5 недели)
9. Принципи (59,5 и 61, 5 недели)
10. Системи (70,5 и 76,5 недели)


Почетокот на секој скок во развојот се карактеризира со промена на однесувањето кај вашето бебе, значи, бебето е пораздразливо, повеќе сака да биде со вас, повеќе сака да цица, не сака да јаде, протестира кога му менувате пелена, кога го бањате итн....







Hopeful RR -> RE: скок во развојот (28.1.2016 21:36:10)

Одамна темава не е активна, но еве имам две причини да ја разбудам - нејќат да спијат како досега.

Сега имаат скоро 9 месеци, и од пред неколку дена почнаа да се будат ноќе со плачење, не сакаат млеко и не се смируваат ни под разно. Дека двајца, почнаа да се будат меѓу себе, иако досега тоа скоро и не се случуваше, па мораме со сопругот да дежураме секој со по едно бебе во раце, и да вртиме кругови низ дома, бидејќи во секоја друга позиција плачат. Ноќеска се разбуди М, плачеше и заспа во раце, но врискаше на секој обид да го вратам во креветче. И така фино лепо, одремавме во дневна до сабајле, од страв да не се разбуди и Ј. Да е едно, би го оставила во креветче, ќе поплаче и ќе се успие, но со две, не можам така...

Од она што го најдов на нет, се работи за огромен скок во развој, кој се случува од 8-10 месец, при кој бебето учи лазење, станување, седнување и еволуциски, додека не го усоврши тоа, го повторува до бескрај. Ова го гледам кај М - ноќе се врти, плаче без престан и седнува во креветче, иако заспан. Скроз надреално!
Овој скок во развој се поврзува и со учење основи на јазик и учење категории, така што на бебето му е тешко да го исклучи мозокот при заспивање. Плус, периодов се совпаѓа со преминот од 3 кон 2 дневни спиења, па додека да се навикне, е раздразливо.

И сега фино јас ова што си го најдов на нет, ми се разјаснија некои работи, но не ми е јасно како да го изрегулирам двајцава - што кога двајцата врискаат и нејќат во креветчиња, бидејќи со сопругот се мрднавме. Некои искуства, мислења, совет? Се чувствувам крајно беспомошно, како да цело тренирање, усогласување и темпирање откога се родени, односно цел ред што сум го правела минативе 8 месеци и што успешно функционираше е фрлен во вода... Не можам да ги усогласам ни за јадење, ни за спиење, и само се молам да е период што трае кратко...




lolla RR -> RE: скок во развојот (28.1.2016 22:23:50)

Хоупфул, немам реален совет само утеха,дека ке помине, и дур трепнеш ке дојде следниот на 12 месеци, кој плус кај нас е проследен со растење на тројки, нејадење, желба цел ден да се стои и патка.Јас тие ноќи ги минев така што ке го легнев врз мене и цицаше па кога ке се успи само го ролав до мене. Ти со две, стварно немам идеја. А со мт да спиете во посебни соби со одвоени креветчиња и затворни врати? Може трескам глупости, ама период е, ти ветувам.




Hopeful RR -> RE: скок во развојот (29.1.2016 12:50:39)

И зборови на утеха помагаат, фала ти lolla RR. Мм имаше таква идеја, да се поделиме и секој со по едно креветче во различна соба, и ќе го пробаме тоа. Викендов па сум сама дома, мм е на службен пат, така што ноќеска баш ми беше весело... Не можам да ги земам и двајцата со мене во кревет дури и да сакам, не можат да заспијат така, и евентуално може само еден по еден, ама и тоа е проблем - што кога другиот ќе се разбуди...





Страница: [1]