|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Бебешка исхрана
1.1.2010 23:08:59   
Матеа
Среќна и бериќетна да ни е новата година!

Јас сум мајка на 10 месечно бебе и како и секој родител секојдневно се соочувам со нови предизвици. Потребен ми е совет за начин на преминување на тврда храна (јадење со лажичка). Имено ќерка ми се навикна повеќе на исхрана со шише и сега и е многу тешко да јади со лажица. Ќе проба само 3-4 пати и толку е, не сака да јади повеќе со лажичето. Ве молам помогнете ми како да ја одучам од шише и да почни да јади со лажица. Деновиве ми се разболе и не сакам да ја измачувам ама штом ќе се подобри ситуацијата сакам да почнам да ја одвикнувам пополека.
Секој совет е добредојден
Ви благодарам user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Бебешка исхрана
1.1.2010 23:24:14   
jovanka
Samo trpenie i cekor po cekor znaci sekoj den obiduvaj se dozata od lazice dve da se zgolemuva sekogas zboruvaj i za toa sto go jade zemi ja so tebe koga ke jades ili koga site od semejstvoto zaednicki jadete togas daj i da proba od vasata hrana samo da ne bide premnogu zacineto znaci da pocne da komunicira so hranata.Uzivajte vo hranata.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Бебешка исхрана
1.1.2010 23:29:52   
Еца
Можеш да почнеш да и даваш банана, корка од леб (ако веке јаде производи од пченица) или било што од исхраната да пипне со рачињата,, па и да се направи како мало прасенце, некако мораш сиот тој ритуал да го направиш како игра, бидејќи верувај децата кои на почетокот ја пипкаат храната многу побрзо учат да јадат со лажичка дури и сами. Полека почни да и прескокнуваш по еден оброк од шише, но и кога ќе и дадеш храна од шише нека биде минимална, за да огладни побрзо и наредното јадење да биде со лажичка. Полека, трпение е потребно за се,а за оваа работа најмногу. Само да не примети детето нервоза кај тебе, бидејќи ќе одбива да каде, барем таков беше случајот кај мене со моето дете.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Бебешка исхрана
2.1.2010 0:41:58   
Матеа
Еца и Јованка ви благодарам на одговорот. Да Ви кажам дека тоа го правам веќе 2 месеци, ја седнувам на маса со нас и давам да фаќа од храната да се направи како мало прасенце и давам сама да ја држи лажичката ама не покажува никаков интерес само ја гмечи со рацете ја фрла потоа а кога ќе и ја приближам до устата се врти настрана и ја затвора. Вистина е дека се нервирам и дека тоа и го покажувам ама навистина ме полудува 10 месеци а уште не сака никако шишето да го остави кога ќе го види скока што се вели од радост. Сепак мислам дека имате право преку игра да пробам и пополека со повеќе трпение. Се надевам ќе успее user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Бебешка исхрана
5.1.2010 11:37:25   
mis.
Матеа јас имав таков проблем со поголемиот син.Тешко е да пораснеш дете со шише и само на млеко.Но еве го 5 години има порасна и тоа само на шише и само на млеко.Гледајќи од денешна перспектива можам да си ја најдам грешката.Мој совет скрати го шишето или редуцирај го колку што можеш повеќе.Не се плаши и да е гладна.Не е лесно воопшто но мораш.Таа ќе се засити од млекото и соковите и не сака да јаде.Ние до 2 ипол години не знаевме што е џвакање но еве пораснавме.Исфрли течности освен вода и нуди посојано нешто за јадење нешто што знаеш дека го сака.Пишини што си направила.
Еве кликни тука можеш нешто да најдеш за деца кои не сакаат да јадат.


< Поракaта ја уредил mis. -- 5.1.2010 11:38:46 >

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Бебешка исхрана
5.1.2010 11:49:27   
mami
а да пробаш да и дадеш со вилушка нешто што ке може да го боцка? еве Лука не сака супи, манџи дека неможе со лажица да јаде сам, а со вилушка се што може да боцне ке касне...и убаво ти вика мис, намали со течности..јас сум го забележала Лука ако дента испие повеќе млеко и сок, помалку ми јаде

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Бебешка исхрана
5.1.2010 16:27:31   
MOJA DUSICKA
imam 8mesecno since i poslednava nedela dve ama bas ne saka nisto da jade od tvrda hrana a sokovi i da cica saka sovet

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Бебешка исхрана
5.1.2010 16:36:39   
nutelizza
Совет-почни од почеток по малку и зглоемувај постепено. Веќе на таа возраст на твоето дете не му е доволно само млеко (и сок)

(Одговор на членот MOJA DUSICKA)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Бебешка исхрана
5.1.2010 16:38:01   
Еца
Моја душичка имаме многу убави совети од мајки кои ги кажуваат своите искуства токму на оваа тема кога детето не сака да јаде КЛИК ТУКА

И добредојде во семејството на Рингерајаuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот MOJA DUSICKA)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Бебешка исхрана
5.1.2010 16:40:00   
Maria
Dobredojde MOJA DUSICKA,kako sto gledam, nov clen si.user posted image

Eve moe mislenje vo vrska so prasanjeto za ishranata.Imam sin koj ima nepolni 3 godini.Do 13 meseci bese samo na doenje i edvaj ako kasnese po nesto ama mnogu malku.Duri ni sokcinja ne sakase.Mnogu se nervirav i bev zagrizena i postojano si mislev deka e gladen,a odlicno napreduvase.Otkako go odbiv pocna da jade,no so molenje,edvaj kasnuvase po nekolku zalaci.No potoa pocna da si jade sto saka i kolku saka.Samiot si ja birase hranata,a taka e i den denes.Ostavi go da si jade sto saka.Mozebi mu e period,a mozebi i ke bide pribirlivo,stom cica i eve sokcinja si pie,mozebi ne e gladno.
Toa e moe mislenje,se nadevam deka ti pomognav.pozz

(Одговор на членот MOJA DUSICKA)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Бебешка исхрана
5.1.2010 16:46:28   
MOJA DUSICKA
vi blagodaram na sovetite no nie i sme momentalno slabokrvni taka da moram da najdam resenie za da jade po nesto ako ne mu dadan nisto cel den da jade i toa na sila jas butkam a ono place nema da pobara

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 0:03:02   
bablgam
Zdravo ..Jas sum nova na forumov imam kerkicka od 6 meseci i deset dena.Nemavme problem so prifacanje na lazicka nitu na prvite kasicki ni sokcinja(do 5mesec bevme samo na doenje)taka da ne mozam da ti pomognam so sovet vo vrska so tvojot problem MOJA DUSICKA.Nie pocnavme so ovosni kasicki od 5 meseci i toa sekoe ovosje postepeno go vnesuvavme isto i zelencukot.Medjutoa od kako pocnavme so dohrana pocnaa i ptoblemite so stomaceto.Grcevi,gasovi non stop i toa so jak mirisuser posted image stiskanje i crveneenje pri cicanje i seto toa me voznemiruvauser posted image Hranata sekogas svezo ja podgotvuvam,uste ne vovedov karfiol,brokula posto stvaraat gasovi.Kasite najcesto gi pravam od kompir,tikvicka,morkov pocnav i so meso pilesko.Ovosjeto go varam najcesto ....kade gresam....dali e seto toa normalno ili postoi nekoj zdravstven problem mozebi????Moze li nekoj da mi pomogne ...odnapred blagodarna...user posted image

(Одговор на членот MOJA DUSICKA)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 0:10:39   
ripce
за карфиолот и брокулата, мислам дека се воведуваат после 7 месец, барем таква беше препораката на нашиот педијатар... а и месото мислам дека го воведовме некаде околу 7 месец. Инаку син ми во тој период јадеше компир, ориз, тиквичка, морков, јаболка, круша, банана, слива, кајсија, праска...

(Одговор на членот bablgam)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 0:28:47   
Еца
КЛИК ТУКА

Ова е тема каде сме дискутирале за првата нова храна кај бебињата и најверојатно ќер најдеш одговор на твоето прашање, а јас мислам дека сето тоа е нормално со воведувањето на новата храна и промените кои настануваат кај детенцето. Можеби треба малку да запреш со морковот и компирот да форсираш јаболка и круша и тиквичка. Сепак тие ја омекнуваат столицата и празнењето е полесно.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 13:06:36   
bablgam
Blagodaram za odgovorot...i nie mesoto go vovedovme sega znaci sest i pol meseci.Me interesira ripce dali mozam da i davam kiselo mleko ,pavlaka ili uste e rano.Denes prv pat i dadov palenta po eden recept sto go procitav tuka na forumot i super si jadese samo ne staviv pavlaka posto ne znaev dali smeeam.user posted image .Bas ubavi recepti najdov tuka i skoro site temi gi razlistav...pozdrav 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 13:14:40   
garfild
Баблгам можеш да и стваваш неутрална павлака во зеленчуковите каши,го подобрува вкусот на кашите,а и путерче можеш да и ставаш при пасирање на зеленчукот,бидејќи зеленчуковите каши без путерче и павлака не им се толку вкусни на бебињата

(Одговор на членот bablgam)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 13:17:47   
Еца
Мој совет е да почекаш со павлаката барем до 8 месеци, не знам но сепак млечните производи треба многу внимателно да се воведуваат, а за путер или маргарин секако можеш да ставиш

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 13:39:23   
Матеа
i nie mesoto go vovedovme sega znaci sest i pol meseci
Месото се воведува од 8 месеци, немој да избрзуваш со воведувањето на месо. Тоа е тешка храна која бебешкиот организам тешко ја поднесува и подоцна можи да има сериозни последици.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 15:07:30   
mis.
Мене педијатарот ми кажа дека можам со кисело млеко од 6 месеци но јас почнав од 7 да му давам.Ми беше малку чудно дека млеко не е дозволено а кисело млеко да педијатарот ми кажа иако се се сведува на млеко сепак има разлика.
За месото имаме веќе доста пишувамно па еве кликни тука

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Бебешка исхрана
10.1.2010 17:41:06   
bablgam
A kolku pati doite otkako pocnavte so dohrana??Nie stanuvame u 09.30 cicame u 11.00dorucek u 12.30cicame i zaspivame,u 15.00 rucame u 16.00 cicame posle spieme u 19.00 vecerame i posle u 21.00 cicame i spieme.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Бебешка исхрана
11.1.2010 16:47:51   
mis.
баблгам Кликни тука има дневно мени за деца кои се уште цицаат а јадат и друга храна.

(Одговор на членот bablgam)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Бебешка исхрана
21.1.2010 17:34:20   
mis.
Дохрана на доенчето

Мајчиното млеко е незаменлива храна за новороденото и доенчето во првите шест месеци на животот. Но, се поставува прашањето што понатаму? По изминување на шестиот месец почнува дохраната на доенчето, која е голема промена во исхраната на доенчето - во дотогаш исклучително млечната исхрана се воведуваат немлечни продукти.

Потребата од проширување на исхраната се јавува истовремено со многу други поголеми случувања во животот и организмот на детето. Второто тримесечје од животот на детето е одбележано со брзо растење на организмот и со промени во градбата на телото, во кое има се помалку вода, а се повеќе протеини и минерали. Тоа е период на психомоторен развој на детето кога кај него се создава контрола на движењето на главата, постепено заземање седечка положба, подобра ускладеност на движењата на рацете и очите. Се јавуваат првите заби, созрева системот за варење, а содржината на ензими потребни за разградба на хранливите материи достигнуваат вредности како кај возрасните.

Како што кажавме, со дохраната треба да се почне не порано од четвртиот и не подоцна од шестиот месец. Не порано од четвртиот месец поради се уште незрелиот организам и незрелиот систем за варење, кои не можат да ја прифатат таа храна, а не подоцна од шестиот месец затоа што исклучително млечната исхрана не е повеќе доволна да ги задоволи неговите потреби на таа возраст. Покрај тоа во тој период доенчето полесно може да ги прифати новите техники на хранење и новите вкусови на храна. Кај постари доенчина стекнувањето нови навики на исхрана може да оди тешко.

Еден до два нови продукта неделно

Најсигурна брзина за проширување на исхраната е воведување еден до два нови продукта неделно. На пример, почнуваме со воведување овошни кашички, во првата недела даваме јаболка, во втората круша и банана итн. Секоја нова намирница се воведува постепено, во почетокот во мало, а потоа во се поголемо количество се до полн оброк. Првите каши се подготвуваат од еден ист вид овошје или зеленчук, а дури подоцна се воведуваат мешавини од повеќе намирници, кои веќе претходно поединечно се внесени во исхраната на доенчето.

Кај доенчиња што веќе покажале знаци за неподносливост на некои намирници, особено на кравјо млеко, воведувањето на дохраната треба да биде уште побавно и повнимателно. Истото важи и ако родителите се алергични на храна. Во тие случаеви поалергеното овошје (јагоди, цреши), јајца, риба и др. треба да се воведат во исхраната нешто подоцна, кон крајот на деветтиот месец.

Што понатаму со млеЧната исхрана?

И покрај тоа што млечните оброци постепено се заменуваат со други кашести намирници, млекото и понатаму останува главен извор на хранливи материи во тек на целиот доенечки период т.е до крајот на првата година. Тоа значи дека детето и понатаму треба да се дои се до втората година , па дури да се работи и за само еден подој. Ако доењето е прекинато од која било причина, најдобро е на доенчето да му се дава адаптирано млеко, кое по својот состав е најблиску до мајчиното млеко. Препорачливo количeство млеко во текот на првата година е 500 до 700 мл дневно, која може да ја прими како чисто млечни оброци или, пак, како додаток во овошни или зеленчукови кашички.

Со коЈа храна да се почне дохраната?

Дохраната на доенчето почнува со овошни сокчиња, во почетокот разредени, почнувајќи од неколку лажички, па до цела кашичка. Потоа се воведуваат зеленчукови кашички, а на крајот - житните. Важно е новите намирници да се воведуваат постепено, една по една и не порано од четвртиот месец. Месо, сирење, внатрешни органи и риба се оставаат за втората половина на првата година, а жолчка од јајце се воведува по осмиот месец.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Бебешка исхрана
21.1.2010 17:37:15   
Еца
user posted image леле мис како ми се погоди горенапишанотоuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Бебешка исхрана
21.1.2010 17:55:30   
mother 29
Од 0 до 4 месеци

Се препопачува самое доење.Доколку не сте во можност да го доите вашето новороденче,хранете го со вештачко млеко(формула) не со тетрапак млеко!

5 месец

Јаболко,банана,круша,оризови и пченкарни снегулки.

6 месец

Кајсија,праска,цреши,вишни,сливи,морков,спанаќ,тиквичка,блитва цвекло и во мали количини маслиново масло,маргарин.

7 месец

Диња,боровинки,јагоди,малини,капини,ананас,рибизли,киви,дуња(варена),брокула,компир,млад грашок,млада боранија,карфиол,келераба,пченични снегулки,јачменови,ржани,пилешко бело месо,јагнешко,мозок(варен),млечна каша со бисквити.

8 месец

Кравјо сирење,путер,лимон,портокал,грејфрут,мандарина,грозје,лубеница.домат,леб и двопек,бела риба(ослич),пастрмка(варена),телешко и зајачко месо.
9 месец

Јогурт,кисело млеко,грашок,репа,тестенини(макарони,шпагети,јувки),жолчка 1/4(тврдо варена), бисквити за грицкање.

10 месец

Павлака,зелка,праз,кељ,пилешко темно месо,мисиркино,мед(по малку),пудинг.

11 месец

Мелени ореви,бадеми,лешмици,костени,бебешки мусли,корнфлекс,јунешко и говедско месо,магданос,лукче,чоколадо во прав.

12 месец

Леќа.грав,плава риба,белка од јајце(тврдо варена),сладолед.


По 12 месец

Тврди и топени сирења,мусли со мешано овошје,сардина,свинско(во мали количини),сол и зачини(во мали количини),сувомеснати производи(во мали количини),Слатки(во мали количини)

Што треба да запаметиме

-Прихранувањето го почнуваме помегу четвртиот и шестиот месец на доенчето.
-Се воведуваат 1 9 месец

Јогурт,кисело млеко,грашок,репа,тестенини(макарони,шпагети,јувки),жолчка 1/4(тврдо варена), бисквити за грицкање.

10 месец

Павлака,зелка,праз,кељ,пилешко темно месо,мисиркино,мед(по малку),пудинг.

11 месец

Мелени ореви,бадеми,лешмици,костени,бебешки мусли,корнфлекс,јунешко и говедско месо,магданос,лукче,чоколадо во прав.

12 месец

Леќа.грав,плава риба,белка од јајце(тврдо варена),сладолед.


По 12 месец

Тврди и топени сирења,мусли со мешано овошје,сардина,свинско(во мали количини),сол и зачини(во мали количини),сувомеснати производи(во мали количини),Слатки(во мали количини)

Што треба да запаметим

-Прихранувањето го почнуваме помегу четвртиот и шестиот месец на доенчето.
Се воведуваат 1 до 2 продукти неделно.
-Секоја нова храна во почетокот се дава во мали количини и постепено се зголемува.
-Во храната на доенчето не се ставаат зачини и сол, а треба да се избегнува и белиот шекер.
-Овошјето и зеленчукот што се користат треба секогаш да бидат зрели,свежи,без пестициди и чисти.
-Секојдневно да се даваат D3

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Бебешка исхрана
24.1.2010 4:09:32   
sunchips
Na kerka mi prvo pocnav da i davam meleni orizovi snegulki za bebinja zbogateni so vitamini i minerali, megju koi i zelezo. Dosega  i voveduvav prvo zelencuk, a sega i ovosje sekoj vid po 3-4 dena: kompir, morkov, tikva, avokado, boranija, grasok, pa banana, jabolko, krusa, ovesni snegulki i od utre ke i davam mango ili praska. Najmogu gi jade bananata i avokadoto, a za niv i ne treba podgotovka, grasokot tesko go podnesuva i ke go ostavime za podocna, meso po malku pilesko planiram posle 8-mi mesec. Prvata godina voopsto nema da dodavam sol ili da i davam hrana so seker.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali na vasata svadba gi primenuvavte obicaite od okolinata kade ziveete?

Da gi primenivme (38%)

Ne, ne gi primenivme (19%)

Nesto primenivme, a nesto ne (43%)


Број на сите гласови: 21

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!