Snowhite RR -> RE: Бебешка исхрана (16.6.2011 16:07:49)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska### Супер се советиве Пенелопа јас сум тука негде со исхранава само што му имам дадено 2 3 пати и пиперка така во кашичките па немаше мака, коњско и зајачко месо не сме пробале а кашичките со мисиркино ги обожава, инаку читав дека мисиркиното месо било многу добро содржело цинк и железо супер било за бебенцата, боровинки не сме пробале ако најдам ќе му дадам таква ужинка, маслиново масло сум му ставала по малце, сол не , а палентата со јогурт јас му ја правам како ручек некогаш не како ужинка. Сепак додека убаво ми напредува не се секирам, домат не сум му дала не ми се свиѓаат овие на пазар, ги чекам нашите домашните да узреат[sm=smiley1.gif]. А морам да ви кажам вчеда бев на гости кај пријатели нивното бебе сега на 1 јули ќе прави 1 годинка и се зачудив му даваа јагоди, му давале јајце ПРЖЕНО( од ова се изнервирав многу ама не им реков ниѓо, јас ни белка не му давам па не пржено) чоколади, чипс со зачин се и сешто. Ама сепак тие си знаат[sm=zmeden.gif] И мене докторката ми рече после 9 месеци може јајце пржено и јас му дадов пред година и го исповрати, ама добро тој општо повраќаше од јајце. чоколадо јади од 8 месеци наваму, чипсови, смоки и сл, освен рибчина квики, јас не сакам да јади, ама мм кога и да појди в продавница чипс купува, само се расправаме за тоа. Пиперка јас му давав мислам на 7 месеци, домат првиот пат кога проба се нафрли, па правев пауза, па после немаше гајле. После 6 месеци, му ставав путер во зеленчуковите кашички, а покасно маслиново масло. Сол и шеќер до 13 месеци воопшто не користев. А добро ова што го прочитав за мисиркиното месо, дека е богато со железо, на Михаил како што му е ниско може да му давам почесто
|
|
|
|