Snowhite RR -> RE: Каде на одмор? (24.6.2013 23:00:04)
|
Баш Дојран е за со дете, освен ако одиш на море. Водата е топла и не се замараш и цел ден детето да ти е во вода. Е сега водата е валакана кога има многу гужви, се заматува. Комарци ние кога бевме немаше многу, а седевме надвор секоај вечер и секоја вечер бевме излезени и никогаш не ни влезе комарец во уста или уши или не знам каде. Плажата навистина не е чиста, ама тоа некултурата на луѓето, значи плаата е под концесија земена приватна и Комуналец не ја чисти, ама затоа треба свесноста кај луѓето да проработи. Заклучок е дека периодот треба да го погодиш, ние бевме на крајот на август и мислам дека одлично го погодивме, прво затоа што немаше многу гужви, па водата не беше толку валкана, второ не беше толку жешко, првите два дена само беше пекол, после залади и плус алгите цветаат на крајот на август и точно рано на сабајле е убаво да се шета, зашто тогаш и езерото испушта јод. М често ми се разболуваше, а еве сега во цела година два пати дали се разболел откако бевме. Инаку тоа што се мачкаат со тиња е глупости, лековита е ама само од средината на езерото
|
|
|
|