|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   ХПВ вирус
10.6.2009 9:23:28   
Еца
HPV вирусот е во се поголем подем во целиот свет, а не не заобиколува ни нас. Ова се неколку корисни факти кои што треба да ги знаете за вирусот!
1. Инфицираните момчиња и мажи се тивки носители на ХПВ вирусот и ја пренесуваат заразата преку телесните течности.
2. Инфицираните девојки и млади жени (најчесто подложни на вирусот поради тоа што грлото на матката сеуште се развива) имаат абнормални клетки кои го носат ПАП вирусот. Девојките кои имаат сексуални односи треба да прават ПАП тест на годишно ниво.
3. Инфекцијата се задржува во организмот и почнува да се развива во рак на грлото на матката. Доколку се открие пред да зафати дел од локалното ткиво може да се излечи т.е. отстрани со минимален хируршки зафат.
4. Ризиците кои можат да доведат до ХПВ инфекција се:
Повеќе сексуални партнери;
Возраст до 26 години;
Практикување на орален или генитален сексуален однос без употреба на кондом;
Останати фактори кои можат да влијаат: пушење, користење на анти-беби пилули, како и постоење на друга сексуално пренослива инфекција во организмот.
5. Освен зајакнување на имунитетот не постои друг начин за лекување и третирање на на ХПВ вирусот.
6. Досега се идентификувани околу 130 врсти на ХПВ вирусот.
7. Превентивна имунизација е огромна предност, но не заштитува целосно бидејќи таа вакцина е наменета за заштита од 4те најопасни видови на ХПВ вирус.

Девојки внимавајте и секогаш користете кондом, бидејќи се работи за една неизлечива болест којашто може да ве соочи со многу проблеми!


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: ХПВ вирус
10.6.2009 10:08:47   
emce
user posted image Koristete kondomi i ne morate da gi menuvate partnerite mnogu cesto, a do majkite koi imaat kerki samo eden sovet, razgovarajte uste od sega za se, pa i za seksot i seksualno prenoslivite bolesti so kerkata, bidete i najdobra drugarka,samo taka ke ja zastitte od mnogu raboti veruvajte!!!A isto se odnesuva i z onie koi imaat sinovi, razgovor, razgovor, razgovor...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: ХПВ вирус
10.6.2009 10:46:55   
lide78
a sto so nasive laboratorii,rezultati od PAP cekam 7 nedeli,ova ne e normalno.

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот emce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: ХПВ вирус
10.6.2009 10:54:33   
mami
7 недели?!!! де бе..јас кај мојот одам ми зема брисеви и за една недела максимум ми дава резултати

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: ХПВ вирус
10.6.2009 10:58:45   
lide78
i mene ne mi se slucilo,ne znam sto e,sekoj den se javuvam,sram me fati veke

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: ХПВ вирус
16.6.2009 13:50:05   
Еца
Со оглед на тоа дека нашиот форум го посетуваат и млади девојки би сакала да го прочитаат ова и да се чуваат

Како да се заштитиме од ХПВ вирусот
-    да се откажеме од срамот и незнаењето како главни причинители на порастот на полно преносливите болести.
-    неприфаќајте полни односи без заштита-кондом.
-    задолжително инсистирајте да партнерот користи кондом и при орални односи.
-    Личната хигиена на полните органи одржувајте ја максимално. Во никој случај немојте да користите долна облека или пешкир од својата другарка пријателка и слично.
-    Првиот преглед кај гинеколог треба да следи во рок на 3 до 6 месеци рачунајќи од првиот полни однос.
-    Појавата на вагинален исцедок со чешкање, мирис познат како бело прање е првиот сигнал за да се јавите кај вашиот гинеколог.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: ХПВ вирус
20.6.2009 14:34:59   
biljanaM
Јас имаМ нискоризичен ХПВ 6 , за среќа не е опасен и не доведува до други посериозни болести, ама е досаден. Бев кај Органџиски и ме праша кога планирам да имам второ дете, дека се исчистува со бременоста....сега  требе пак да одам на контрола.
Не значи дека само сексално се пренесува....туку многу зависи и од имунитетот.Хпв 16 е еден од пострашните ХПВ вируси.


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: ХПВ вирус
6.1.2010 1:05:32   
Еца
Од ХПВ инфекција може да дојде до рак на грло на матката. Погледнете го видеото

КЛИК ТУКА


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: ХПВ вирус
10.1.2010 22:10:04   
Dana
Во тек се многу истражувања кои ја испитуваат поврзаноста помеѓу ракот на крајници и инфекцијата со ХПВ вирусот. Британските научници откриле дека инфекцијата со ХПВ вирусот е една од главните причинители за развој на рак на крајници кај непушачите. Тие откриле присуство на ХПВ вирус тип 16 во дури две третини од туморите на крајниците. Овој вирус е главен причинител за рак на крајници кај непушачите и кај лицата кој не консумираат алкохол.

Сте го знаеле ли ова?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: ХПВ вирус
14.1.2010 20:04:51   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: mlada85

Bi sakala ako nekoj znae za HPV virus da mi kaze nesto sestrami pred 1 mesec pravese PAP test i sega i dojdoa rezultatite.Doktorkata ja prati vo MANU da pravi HPV tipizacija zosto misli deka ima virus.I sega ona e isplasena neznae sto e tocno toa HPV kako i dali se lekuva dali preci vo zabremenuvanje. Zatoa ve molam ako nekoj znae nesto neka mi pise odnapred blagodaram.



ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

ХПВ - Хуман папилома вирус

Терминот ХПВ се однесува на група вируси т.н. папилома вируси. Досега се идентификувани околу 100 различни типови на ХПВ вируси, а околу 30 од нив се пренесуваат со сексуален однос. Овие вируси се напрекуваат папилома вируси, бидејќи одреден број од нив предизвикуваат брадавици по телото на човекот или медицински наречени папиломи. Хуман папилома вирусите (ХПВ) предизвикуваат инфекција која ги зафаќа кожата и слузниците по телото. Оние типови кои се пренесуваат преку гениталиите се нарекуваат генитални ХПВ, а болестите кои ги предизвикуваат спаѓаат во сексуално преносливи болести. user posted image Хуман папилома вирус
Дури 50 % од сексуално активните лица ќе развијат инфекција со ХПВ во одреден момент од својот живот. ХПВ се разликува од гениталниот херпес, кој исто така претставува вирус што се пренесува со сексуален однос (сексуално пренослива болест). Сепак, гениталниот херпес предизвикува појава на мали меурчиња или ситни ранички на гениталната слузокожа, додека ХПВ предизвикува појава на израстоци наречени брадавици, медицински познати како condylomata acuminatum. Одредени типови на ХПВ можат меѓутоа да предизвикаат појава на цервикална дисплазија- променета слузница на вратот на матката со потенцијал да се трансформира во вистински рак на грлото на матката. Во обата случаи, жената може воопшто да не осеќа никакви тегоби. Не постои лек за ниту една од овие болести, но во најголем број од случаите на инфекција со ХПВ, имуниот систем на организмот успешно се бори со вирусот и на крај успева целосно да го отсрани вирусот од себе. За разлика од ХПВ, гениталниот херпес вирус има тенденција да се скрие и долго да мирува во организмот (најчесто во нервните клетки) и чека погоден момент кога повторно ќе се активира. Инфекцијата со HPV вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката. HPV е изолиран во 99.7% од сите цервикални карциноми. Се смета дека овој вирус трансформирајќи ги клеточните протеини кои се енкодирани со вирусните гени Е6 и Е7 можат да ги блокираат продуктите на тумор-супресорните гени p53 i pRb во клетката и на тој начин да доведат до нејзина неконтролирана, абнормална делба. HPV се класифицира во група на високоризични генотипови (HPV 16, 18, 31 i 45) и група на нискоризични генотипови (HPV 6 i 11). HPV 16 предизвикува околу 50%, а HPV 16 и 18, околу 70% од сите цервикални карциноми. Помеѓу 18 и 24 годишна возраст, со високоризичните HPV типови се инфицирани 8-12% од жените, а по 35 годишна возрат, 2-5%. HPV инфекцијата на цервиксот на матката, која се пренесува по сексуален пат, најчесто е во субклиничка форма, и е присутна кај 7-17% од женската популација. Оваа инфекција има улога на промотор во канцерогенезата. Од инфекцијата со HPV вурсот до развој на карцином на грлото на матката може да поминат 7 до 10 години, што остава доволно време за превенција. Превенцијата се спроведува со:
  • ПАПА тест: секои 3 години, доколку е наодот уреден,
  • Тестови за идентификација на ХПВ, ако ПАПА тестот уреден,
  • Колпоскопија, ако е наодот од ПАПA тестот нејасен.
Неколку испитувања покажаа дека ХПВ инфекциите играат улога и во настанување рак на анусот, вагиналните усни и пенисот, како и на одредени облици рак на устата и голтникот.



ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA
Хуман папилома вирусите се група вируси кои обично преизвикуваат брадавици. Некои од типовите ХПВ се пренесуваат по сексуален пат. Од нив се одвојуваат две категории, ХПВ со нисок ризик и ХПВ со висок ризик:
  • ХПВ со низок ризик (ХПВ тип 6 и тип 11).
  • ХПВ со висок ризик.
ХПВ со низок ризик (ХПВ тип 6 и тип 11) Овие типови на ХПВ предизвикуваат појава на генитални брадавици. Според најновите сознанија, нискоризичните генотипови (ХПВ 6 i 11) не можат да предизвикаат инвазивен карцином, туку само бенигни промени како што се гениталните кондиломи.Повеќето од луѓето инфицирани со овие типови на ХПВ воопшто и не знаат дека се инфицирани, бидејќи кај нив воопшто и не се развиле брадавици по гениталиите. Брадавици можат да се формираат со недели, месеци или години по сексуалниот контакт со лицето инфицирано со ХПВ. Гениталните брадавици најчесто се поврзани со ХПВ тип 6 и тип 11. ХПВ со висок ризик Инфекцијата со високоризичните (онкогени) ХПВ типови е силно поврзана со настанувањето на цервикалниот карцином. Тие се обвинуваат како високо ризични, бидејќи нивната поврзаност со CIN III (тешка дисплазија) и со Ca in situ е извонредно честа (50-93%). Затоа, од голема вредност е ХПВ типизацијата во одредувањето на ризикот за настануавањето на цервикалниот карцином. Во прилог на ова оди и фактот што ова малигно заболување е поретко во одредени религии, каде од верски причини се прави циркумцизија (обрежување) кај мажите. Така, од цервикалниот карцином поретко заболуваат жените еврејќи, односно муслиманките. Односот на инциденцата помеѓу еврејките и христијанките е 1:5. Се смета дека смегмата со придружните бактерии и вируси плус повредите на цервиксот ја потенцираат инфекцијата и создаваат услови за метаплазија и малигна трансформација на клетките. Обично, ХПВ типовите со висок ризик не причинуваат здравствени проблеми и исчезнуваат сами од себе. Меѓутоа кога истите овие типови ХПВ остануваат долготрајно присутни во гениталиите тогаш тие се главен ризик фактор за појава на рак на грлото на матката. ХПВ со висок ризик, а кои се пренесуваат со сексуален однос се тип 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45,51, 52, 56, 58, 59, 68, 69 и веројатно уште неколку други.
Како се пренесува ХПВ инфекцијата?  ХПВ се пренесува со директен контакт од кожа на кожа со инфицирано лице. Преносот обично се врши при вагинален, орален или анален секс. Пренесување на инфекцијата може да се случи дури и кога инфицираното лице нема брадавици или било какви други симптоми. Мора да се истакне дека употребата на презервативите не значи и сигурна заштита од ХПВ инфекцијата. Можно е таа да се пренесе и од присутниот вирус на кожата околу гениталните органи. Вирусот може да го има на кожата на скротумот и кожата на бедрата кај инфицираното лице. Спермицидните пени, кремови, желеа кои имаат дејство против сперматозоидите и со тоа спречуваат несакана бременост, не се ефикасни во спречување на ХПВ инфекција. Напротив тие можат да предизвикаат ситни микроскопски ранички на слузницата на гениталиите, со што се олеснува контактот со ХПВ вирусот. Се уште не е сосема потврдено дали инфекцијата може да се пренесе преку предмети како крпи, долна облека или друг личен прибор. Фактори на ризик за развој на ХПВ инфекција се:
  • Повеќе сексуални партнери. Утврдено е да лицата кои почесто ги менуваат своите сексуални партнери имаат значително поголем ризик да бидат заразени со ХПВ. Лица кои имаат еден сексуален партнер имаат многу помал ризик од инфекција со ХПВ вирус.
  • Сексуални односи со високо ризичени партнери. Оние лица кои имаат сексуални односи со лица кои често ги менуваат своите сексуални партнери или кои се заразени со ХПВ вирусот, имаат поголем ризик да се заразат со ХПВ вирусот. Во тие случаи обавезно се препорачува користење на презервативи при сексуалниот однос, иако и тие не даваат целосна заштита од инфекцијата.
  • Пушење. Утврдено е дека пушачите имаат поголем ризик да се заразат од ХПВ вирусот. Исто така, пушењето е важен фактор на ризик за развој на преканцерозните лезии на грлото на матката, како и за развој на карциномот на грлото на матката. Инциденцата на цервикалниот карцином е повисока кај жените кои пушат. Тие имаат релативен ризик за заболување од 3.0.
  • Намален имунитет. Лицата со намален имунитет, како оние со СИДА или некои други нарушувања, имаат зголемен ризик да се инфицираат со ХПВ. Исто така кај нив инфекцијата е побурна и може да даде поизразени симптоми и знаци.

Симптоми и дијагноза на ХПВ инфекцијата
Инфекцијата сп ХПВ вирусот може да биде асимптоматска, односно да лицата инфицирани со хуман папиломавирус (ХПВ) немаат никакви симптоми и знаци на инфекцијата и да не се свесни дека се заразени, бидејќи вирусот самиот од себе може да не предизвикува никакви тегоби. Сепак, кај одреден број лица заразени со одредени типови на ХПВ се јавуваат генитални брадавици (единечни или повеќе на број, кои растат во предел на гениталиите). Брадавиците главно се појавуваат на влажниот дел на гениталиите или околу анусот. Овие брадавици, обично се меки, влажни, со розевкаста боја или со боја на месо. Тие може да бидат испакнати или во иста рамнина со останатиот дел на слузницата. Овие брадавици не мора да се појават веднаш по инфицирањето со ХПВ вирусот. Можат да се појават неколку недели па и месеци по сексуалниот контакт со инфицираното лице. Гениталните брадавици можат да растат од внатрешната или надворешната површина на вагината, на вагиналните усни, вулвата, грлото на матката и во или околу анусот. И мажите можат да бидат инфицирани со ХПВ вирусот. Обично кај нив инфекцијата предизвикува појава на брадавици во пределот на пенисот, скротумот, на кожата на бедрата и во или околу анусот. Поретко гениталните брадавици можат да се појават и во устата и грлото, особено кај лица кои практикуваат орален секс со друго ХПВ инфицирано лице. Гениталните брадавици обично не предизвикуваат симптоми, а ако истите се јават најчесто се манифестираат во вид на чешање и печење. Брадавицате се нежни и може и при помала механички дразба да се разрани и да крвари. Може да дојде и до дополнителна бактериска инфекција, која ја влошува состојбата, па да се јави болен оток, црвенило, печење, изразит јадеж во пределот на промените. Дијагноза на ХПВ инфекцијата Бидејќи ХПВ често не дава никакви симптоми, најчесто се открива случајно за време на рутинскиот гинеколошки преглед. При прегледот лекарот забележува постоење на генитални брадавици во или околу вагината, на вагиналните усни, грлото на матката или околу анусот. Тоа е доволна причина да се испрати пациентот на дополнителни иследувања, со цел да се открие причинителот на овие генителни брадавки. Најчесто е тоа ХПВ вирусот. Во сите случаи кога при гинеколошкиот преглед ќе се откријат промени на гениталните органи, посебно доколку се откријат генитални брадавици, потребно е да се направи ПАПА тест. ПАПА тест се употребува како редовен тест за рано откривање на рак на грлото на матката. ПАПА тестот во такви случаи обично покажува промени на грлото на матката предизвикани со ХПВ инфекцијата. ПАПА тестот е и најчесто употребуваниот тест со кој се открива ХПВ инфекција. Сепак, можно е резултатите од ПАПА тестот да бидат нормални и покрај тоа што жената е инфицирана со ХПВ. Но и обратното, ненормален ПАПА тест не мора да значи дека постои инфекција со ХПВ. Ако брадавиците се мали и не можат да се видат при обичен преглед, лекарот може да ја испрати пациентката на колпоскопија. Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со зголемување од 6 до 40 пати. Колпоскопијата е раширена метода на преглед на грлото на матката, со која се бараат евентуално присутни лезии. Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го премачкува цервиксот со раствор на оцетна киселина, а потоа користи инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод (постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени, додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во амбулански услови.. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се забележат со „голо око", т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути. Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија) со цел да се постави дефинитивна патохистолошка дијагноза. Кај еден вид на биопсија, лекарот користи инструмент за откинување на мали парченца на цервикално ткиво. Друга метода која се користи за биопсија е т.н. електрохируршка ексизиона постапка (LEEP). При оваа постапка лекарот користи електична жица за да земе тенок кружен дел од ткивото. И двата вида на биопсија можат да се изведат во амбулантски услови, со користење на локална анестезија т.е. при самата биопсија, лекарот локално го анестезира грлото на матката. По постапката можно е слабо крварење. Кај жени над 30 години возраст или оние кај кои постојат сомнителни резултати на ПАПА тестот лекарот може да побара да се изведе ХПВ тест.

Лекување на ХПВ инфекцијата
Не постои лек за инфекција со хуман папиломавирус (ХПВ). Најголем број од лицата заразени со ХПВ немаат потреба од посебно лекување, бидејќи самиот организам кај нив се ослободува од вирусот. Се смета дека важен фактор во борбата против инфекцијата е зајакнувањето на имунитетот. Затоa се препорачува јакнење на имунитетот со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (Фолацин 5мгр. таблети), престанок на пушењето, намалување на стресот, и доволно одмор, сон и шетање. Секако, се препорачува користење на презерватив за време на сексуалните односи, сè додека ПАПА тестот не биде повторно во ред. Потребна е редовна лична хигиена. Помалку од 1% од лицата инфицирани со ХПВ ќе развијат одредени проблеми, во вид на генитални брадавици. Постојат неколку начини за третирање на гениталните брадавици предизвикани со ХПВ инфекција. За тоа кој начин или лек ќе се примени одлучува лекарот. Тој може да препорача употреба на одредени масти или креми, кои пациентката сама може да ги применува според препораките на својот гинеколог. Во некои случаи може да биде потребно лекување од страна на стручно лице-лекар во амбулантски услови. Постојат неколку креми и гелови кои се достапни на рецепт препишан од гинеколог. Тие се нанесуваат од страна на пациентот и се лесни и безбедни за употреба. Се делат на две групи лекови:
    • Лекови кои го кочат клеточниот раст со прекинување на клеточната делба. Тоа се т.н. антимитотски лекови. Обично се во форма на гел или раствор кој се нанесува на самата брадавица. Тие делуваат на тој начин што ја уништуваат слузницата на местото на брадавицата.

    • Лекови - модификатори на биолошкиот одговор. Овие креми се користат за лекување на надворешни генитални брадавици брадавици во или околу анусот. Овие лекови делуваат на тој начин што го стимулираат имунолошкиот систем на пациентот да се бори против ХПВ вирусот.
Во некои случаи потребни се и некои интервенции кои се изведуваат од страна на гинеколог во гинеколошка амбуланта. Така во третманот на генитални брадавици се применуваат следниве тераписки интервенции:
  • Криотерапија. Криотерапијата е всушност терапија со многу ниска температура, која се изведува со течен азот на температура од минус 198 степени. Криотерапијата овозможува отстранување на гениталните брадавици. За време на оваа интервенција, брадавицата се замрзнува со течниот азот. Замрзнувањето предизвикува формирање на мал плик околу брадавицата. Потоа, мртвото ткиво отпаѓа за околу една недела. Оваа интервенција создава мала болка во пределот на лезијата и ја изведува исклучиво лекар. Криотерапија изведена на грлото на матката предизвикува појава на обилен течен исцедок кој трае околу еден месец по интерванцијата.
  • Локална примена на одредени хемикалии и киселини. Постојат неколку хемикалии и киселини кои доколку се аплицираат на површината на брадавицата создаваат мал плик кој ја подига истата, така да лекарот потоа лесно може да ја отстрани. Хемикалијата или киселината предизвикува појава на плик на местото на брадавката, кој може да предиџвика лесна болка.
  • Електрокаутеризација (горење на брадавицата со употреба на електрична струја). Електрокаутерот овозможува електро и термо каутеризација. Со овој апарат се отстрануваат гениталните брадавици, но и други тумурозни промени што не можат да се отстранат со криотерапијата.
    Гениталните брадавици се отстранат со нивно горење, користејќи ниско волтажна струја. Оваа се изведува во гинеколошка амбуланта под локална анестезија.
  • Хируршко отстранување на гениталните брадавици. Ова е мал хируршки зафат кој се состои од отсекување на брадавицата. Тој се изведува од страна на лекар, во локална анестезија и во амбулантски услови. Интервенцијата може да е пропратена со локална болка, која по извесно време поминува.
  • Ласерска хирургија (користење на силна светлина со која се уништуваат брадавиците). Оваа метода се користи обично кај поголеми брадавици, кои неможат да се отстранат со криотерапијата, или кога се присутни повеќе на број брадавици. Оваа метода се користи во оние случаи кога брадавиците не можеле да се отстранат на друг начин. Интервенцијата се изведува во амбулантски услови, во локална анестезија и ја изведува лекар.
  • Интерферон. Интерфероните се протеини кои се ослободуваат од клетката заразена со вирус и им наложуваат на околните клетки да произведуваат ензими кои ќе ја спречат вирусната репликација. Интерфероните го стимулираат природниот имунолошки систем на организмот кој се бори против вирусот.
    Интерферонот се вбризгува со игла директно во брадавицата. Овој третман е ефикасен како и останатите третмани, но сепак поретко се користи поради непријатниот начин на нанесување на лекот, потребата од често повторување на интервенцијата и поради несаканите ефекти. Се користи во оние случаи кога другите тераписки опции не дале добри резултати.
    Иако во повеќето случаи имуниот систем го ослободува телото од ХПВ, вирусот понекогаш може да продре подлабоко во ткивото каде останува скриен од дејството на лековите. Ова е причина за повторното јавување на гениталните брадавици по нивното првично излекување. Затоа им се препорачува на пациентите да внимаваат и да при првото повторно јавување на брадавките се јават на лекар Ова посебно се случува во првите три месеци по третманот.

Како да се заштитиме од ХПВ инфекција
За оние лица кои се сексуално активни, спречувањето на инфекцијата може да биде тешко бидејќи повеќето од нив воопшто не знаат дали се инфицирани. Сепак постојат бројни начини како да се намали ризикот од инфекција, а меѓу нив спаѓаат:
  • Кондомите можат да обезбедат некаква заштита од ХПВ, но тие не се 100% ефикасни, бидејќи преносот на ХПВ претежно е преку кожа-кожа контакт. Вирусот може да ја зарази кожата која не е покриена со кондом.
    Во една неодамнешна студија изведена со млади жени, оние чии партнери користеле кондом при секој сексуален однос имале 70% помал ризик за појава на ХПВ инфекција во однос на жените чии партнери користеле кондом повремено.
    Не е потребно да се има сексуален однос за да се инфицирате со хуман папилома вирусот (HPV). Најновите истражувања утврдија дека инфекцијата се пренесува и по пат на допир т.е. кожа. Се смета дека три четвртини од популацијата ќе биде изложена на овој вирус баш заради неговото пренесување по пат на допир т.е. кожа.
  • Д-р Џенифер Блејк, началник на гинеколошко акушерското одделение во Торонто (Jenifer Blake, Woman's College Hospital, University of Toronto), вели дека првобитната препорака била да се вакцинираат сите особи од женски пол на старост од 9 до 13 години, пред да постанат сексуално активни.
    Припадничкит на женскиот пол помеѓу 14 и 26 години исто така ќе имаат корист од вакцината, дури и ако се сексуално активни. За постари од 26 години не велиме дека вакцината не се препорачува, туку нема доволно податоци бидејќи овие особи не биле целна група во клиничките испитувања на вакцината.
    Со 26 години нашето тело не реагира доволно на вакцините, а повеќето жени се сексуално активни, па со самото тоа и повеќе се изложени на овој вирус. Меѓутоа било да е личноста изложена на зголемен ризик или да е дијагностицирана HPV инфекција, вакцината може да го спречи понатамошното изложување и ширење на оваа инфекција.
    Постојат четири соеви (видови) на овој вирус: два соја предизвикуваат создавање на брадавици во гениталната регија (генитален херпес), додека другите два предизвикуваат создавање на рак на грлото на матката кај жените и имаат улога во создавањето на рак на гениталната и оралната регија кај мажите.
    Д-р Блејк вели дека не може официјално да им ја препорача вакцината на жените и мажите постари од 26 години, но смета дека тие треба да бидат проактивни, бидејќи се работи за вакцина која најмногу била испитувана и како таква спаѓа во најбезбедните на пазарот. Исто така смета дека никогаш досега не сме имале ваква можност да спречиме појава на карцином.




Ova e se sto najdov za HPV








< Поракaта ја уредил Еца -- 14.1.2010 20:12:58 >

(Одговор на членот Dana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: ХПВ вирус
14.1.2010 20:41:46   
mlada85
Mnogu vi blagodaram neznaete kolku mi pomognavte VI BLAGODARAM USTE EDNAS!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: ХПВ вирус
16.1.2010 0:18:22   
dona
јас имав хпв со цин 2 пред година ипол и ми правеа конизација тој период ми бесе пеколен.девојки редовни контроли и пап

(Одговор на членот mlada85)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: ХПВ вирус
16.1.2010 0:22:24   
Еца
Дона ајде те молам малку поопширно напиши ми за конизацијата КЛИК ТУКА, колку време ти требаше да се опоравиш, како помина, бидејќи една моја братучетка сега скоро правеше конизација и сеуште крвари, пие и некакви таблети, не смее да мрдне, па сакам ако не ти е тешко да ми го кажеш твоето искуство. Ти благодарам многу.

< Поракaта ја уредил Julie -- 16.1.2010 0:29:14 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот dona)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: ХПВ вирус
16.1.2010 0:58:33   
dona
јас несмеев да станувам од кревет а и немозев месец ипол само до тоалет и ако не се дрзев за несто пагав ме облекуваа ме банјаа,после усте еден месец немозев убаво да се двизам се осекав како да проодувам спиев со три перници под глава треба да биде во полулезацка состојба несмее да седнува и многу ослабев.нормално е крваренје само мене не ми престана секој месец бев на лекар и ме убедувасе др дека крварам од односи а немав отидов кај матицната она па водни цисти ме труесе со хормонски апцинја и отидов приватно ми вика какви цисти тоа ти е од конизацијата,ми го исекле грлото на матката не ме направиле како сто треба и ми се собирало крв цела година од тоа настанувало и неплодност,пред 2 месеца ми направија дилатација.витамини и обавезно брокула.ја има мојата подрска и побрзо да закрепне

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: ХПВ вирус
19.1.2010 13:21:54   
Aceva
СЕ за ХПВ вирусите имате на македонскиот интернет портал rak.mk



< Поракaта ја уредил Felly RR -- 4.9.2013 11:44:28 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: ХПВ вирус
20.1.2010 13:54:07   
tereza
Уффффф луѓе ми падна камен од срцеuser posted image во декември правев типизација на ХПВ и сега ми се јави докторката и ми кажа дека не е високоризичен тип и да не се секирам,а да си направам контрола за 6 месеци. Леле овие денови на исчекување ми беа тешки,ама фала на Бога се е ок. 

(Одговор на членот Aceva)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: ХПВ вирус
20.1.2010 14:06:34   
Enika
Супер тереза...ама ти сепак имунитетот чувај си го на највисоко ниво...да не ти падне...пиј витаминчиња и здрава храна и без стресuser posted image

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: ХПВ вирус
20.1.2010 14:11:21   
tereza
да да Еника тоа сигурно,колку само се плашев за ова,ама сега 100% се посветувам на моето здравје.стрес ни под разноuser posted image  

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: ХПВ вирус
6.2.2010 21:40:54   
suzeto
imam ranicka na grloto na matkata nesto kako bradavicki i cin1.terapija samo za cin1 mi dadoja gynex forte,a za ranickata samo ce e pratime sostojbata dali e toa isto sto i HPV?ne mi dade ni vitamini nisto.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: ХПВ вирус
16.2.2010 12:34:09   
elence
Zdravo!
Imam 26 godini, ne sum ragjala do sega, a se podgotvuvam za bremenost. Na kontrolen pregled na PAP-ot izleze deka imam "benigni kletocni promeni koi asociraat na virusna infekcija" i so penkalo bese dopisano "HPV-asocijativni kletki" So vakviot naod doktorot mi rece deka ne e sigurno dali imam HPV i mi preporaca da napravime uste eden PAP za 3-4 meseci, no jas insistirav da napravime HPV tipizacija vednas a i nezavisno od toa da mi zemat mikrobioloski brisevi, za da se iskluci sekakov rizik za bremenost.
Prasanjeto mi e, koj e upaten vo ovaa problematika, da mi odgovori kakva e povrzanosta na HPV so bremenost, odnosno dali treba da se ceka da se izleci HPV pa potoa da se planira bremenost?
Imam naslusnato deka se preporacuva bremenost za da se procisti organozmot, sto za mene e malku cudno i nesfatlivo. Ke ve molam, ako nekoj znae da mi odgovori...user posted image
Pozdrav!  

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: ХПВ вирус
16.2.2010 15:33:14   
suzeto
jas ne znam a me interesira i mene,kolku sto imam citano mislam deka prvo treba de se izleci hpv pa potoa bremenost,neka kaze nekoj sto znae povece

(Одговор на членот elence)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: ХПВ вирус
16.2.2010 16:43:55   
Enika
Од тоа јас што го имам прашно мојот гинеколог...ХПВ не влијае на бременоста...проблеми на плодот неможе да направи или на плодноста...ми спомна примери за жени во бременост кои имале и рани па ги следеле редовно и ги премачкувале со нешто а и знам една на која и беше детектиран високоризичен ХПВ...и остана трудна кратко после тоа.Е сеа тоа е јас што знам најдобро е да се праша стручно лице...имаме доктор тука може да појасни. И да, препорачуваат бременост нема тука што чудно штом така викаат терај си.А ти тепизираа ли на тебе.И да имаш ХПВ високоризичен ке си поработис на имунитетот претпсотавувам немаш некои почетни промени?

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: ХПВ вирус
16.2.2010 19:43:42   
suzeto
kade imame doktor jas ne mozam da najdam

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: ХПВ вирус
16.2.2010 22:34:42   
Enika
За ХПВ иди кај Костадинов во Систина...

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: ХПВ вирус
17.2.2010 2:33:15   
suzeto
имаме доктор тука може да појасни
kade na forumov imame doktor

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?