mami2 -> RE: Каде на излет? (3.5.2012 15:09:31)
|
Неколку викенди по ред одиме на Пеленица во близина на Драчево. Сме оделе неколку пати таму пред да имаме деца, онака класично со скари...Откога се родија децава првпат отидовме годинава. Па таму за со мали деца било супер. Местото е оградено, тревата искосена, ливадата огромна и рамна, има клупи, летниковци, вода, веце. Си носиме топки и реквизити за во песок и буквално сите сме на мозок пасење. За разлика од градски парк, Водно, и урбаниве излетнички места со ресторани и езерца, овдека нема точаци, мотори, пуштени кучиња, и други пропратни елементи. Единствено како затоплува времево се повеќе посетители има, ама не пречи, голем е просторот. Местово не за шемаџии и кафепијачи, треба да се понесе се. Се враќаме дома во два на пладне, децава се уморни, туш и спиење по неколку саати.
|
|
|
|