miana -> RE: Убод од инсекти (14.7.2013 23:28:38)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR Ауу Миана, јадно дете, сигурно се исплашила, па кај баш во уста [sm=zmeden.gif] Туку, зошто толку прегледи, алергична ли е веќе па затоа или онака рутински ја носевте? Ах Бетани,ова прв пат ни се случува,прв пат ја боцнува инсект и немаме поима како ке реагира а местото кај што е боцната не е на видик,не се гледа и неможе да се прати..Незнаев каква реакција може да има а со оглед на тоа дека се работи за усна шуплина,морав да ја однесам на лекар. На лекар ( општ лекар ) ме прашаа дали до сега била касната од нешто и на мојот одговор дека ова ни е прв пат и дека детето отежнато голта,ја боцнаа до инјекција,,ни рекоа да дадеме веднаш Лоратадин и уплашени од тоа како ке се одвива работата не прати ја на детска клиника. Тие пак таму исплашени и со фактот дека е боцната "некаде" во усната шуплина,не испратија на ОРЛ,а тие пак таму исто така со фактот дека не билоо досега боцкано детето и дека на прв поглед нема некој знак дека е боцната и за некаква сигурност мораа да и направат ендоскопија ( преку нос ) за да видат какво е грлото,односно дали почнала да се рзвива некоја алергиска реакција..На дијагносата напишаа дека има хиперемија ( зацрвенето грло ) и ни рекоа да продолжиме со лоратадин 7 дена и по потреба на преглед кај матичен лекар ( а таа пак ни е на одмор ) Исто така и ни рекоа дека вакви работи знаат да бидат и трагични [sm=zmeden.gif] Местото на која што е боцната беше иницијатор за вакви рутиснкии прегледи.. Дедето ми се шокира..Прво од инјекцијата а потоа од ОРЛ,од ендоскопијата од причина што ја врзале со каиши,мене не ми дозволија да влезат и таа цела се избезуми. И кога ме виде мене со манитл и капа како ја чекам пред операциона сала уште толку се исплаши..Ми вика- мамо,ти си облечена како докторка,ме плашиш,а на мм му викаше да се врати и да ги тепа докторките што ја боцнаа со инјекција.Фактот дека мама не е со неа ја извади од памет [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] Инаку,Бетани Миа се напи сок во кој пливала оса и така дојде до убод во устата..веднаш плукна ( ја плукна и осата ) и почна да вришти [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|