Felly RR
|
Како против убоди од инсекти? Сезоната на убаво време значи и опасност од убоди од одредени инсекти. Еве неколку совети како да се заштитите, но и како да постапите ако дојде до тоа! Крлежи Крлежите се преносители на бактеријата Borrelia burgdorferi која предизвикува тешки невролошки заболувања познати како лајмска болест. Но, не секој крлеж е заразен па не може да пренесе лајмска болест. Убодот е без болка, па затоа советите се детален преглед по престој во природа. Важно е крлежот да биде изваден во рок од 48 часа. Не на своја рака, туку на лекар. Ако лекарот е далеку тогаш со пинцета дојдете до устата на крлежот фатете го и свртете го спротивно од стрелките на часовникот, полека извлечете го и местото дезинфицирајте го. Ако во наредните денови се појави оток во вид на прстен, морате да одите кај лекар кој ќе ви воведе антибиотик. Оси, пчели, стршлен Реакцијата на овие убоди е индивидуална од полесни кожени дo животно-опасни алергиски одговори, велат лекарите. Постои цела палета на кожни реакции како црвенило на кожа, болка, чешање на местото на убодот. Ставете ладна облога која ќе го спречи отокот и која ќе делува како локален анестетик. По препoрака на лекар користете и локални антихистаминици кои ја намалуваат алергиската реакција. Убодот може да предизвика и гушење, а до тоа доаѓа ако инсектот убоде растресито ткиво како што се усните, јазикот и очниот капак. Во тој случај потребна е итна лекарска интервенција, без да се паничи, бидејќи гушењето не настанува моментално. Комарци Убодот од комарец не прави поголеми проблеми, комарците кај нас не се маларични и не се преносители на инфекции. Убодот од пајак исто така ретко предизвикува реакција. Превенцијата е најважна, па треба да се избегнуваат места каде што има отпад, езеро, канали. Не користете јаки парфеми и цветни дезени, силни бои кои ги привлекуваат инсектите посебно пчелите и осите. Заштитете ја кожата со препарати кои ги одбиваат инсектите. \Netpress
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
|