Тато на породилно (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Татин форум



Порака


lide78 -> Тато на породилно (10.6.2009 11:54:39)

Според мене ова е супер идеја,ама да видиме дали ке ја реализираат.Верувам дека на секоја жена би и било од помош присуството на таткото на бебето во првите месеци по породувањето(мислам на постојано присуство во домот).Со тоа не само што и се помага на мајката,туку му се остава простор и на таткото повеќе да се зближи со своето дете.




mami -> RE: Тато на породилно (10.6.2009 12:01:57)

И јас сум за идеава, многу...знам дека мм беше дома првите 5 дена ама после мораше да се врати на раб. а мене ужасно ми требаше барем првиот месец. може некој ке рече па тука се бабите- ама како тато никој не е...се надевам ке профункционира наскоро




Еца -> RE: Тато на породилно (10.6.2009 12:04:08)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Дефинитивно сум ЗА!!!Но кај нас којзане дали и кога ова ке профункционира[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Julie1 -> RE: Тато на породилно (10.6.2009 12:04:56)

Не се сеќавам кај прочитав нобеше вака доколку се одобри породилно за таткото тек тогаш ќе бидат полни спортските обложувалници, ќе се трошат повеќе пива и гледаноста на спортските натпревари ке достигне максимум.... Каква корист ке имаат мајките [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: Тато на породилно (10.6.2009 12:09:02)

Јуле ма, не ни крши филм сега па и ти каква си...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]остај не да фантазираме колку би било убаво[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




lide78 -> RE: Тато на породилно (10.6.2009 12:10:47)

Тогаш ке му ја мислиме како да ги завртиме дома[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Боцко -> RE: Тато на породилно (10.6.2009 21:41:42)

јас сум дефинитивно за. ќе ми биде голем мерак. во обложувалници не одам, спорт не гледам. ми одговара. ако има второ, доволно ќе биде стефан да го дружам почесто ама ќе ми биде мерак и околу бебушот да помагам. ма заедно со стефан ќе помагаме. мама ќе биде многу среќна.




mami -> RE: Тато на породилно (10.6.2009 22:47:53)

Значи пак ке кажам- ех да профункционира тој закон...нели требаше од 01.01.2009? што се случи? падна на уставен како милион други закони на оваа влада? почнуваат да ме нервираат веќе




profesorica -> RE: Тато на породилно (17.10.2009 9:23:06)

е и јас сум за, додуше мм одма кога ме примија во болница си зема одмор 2 недели и тоа му дојде нешто како породилно.може кога сака да зима слободни денови-шефот му е братучет па тоа многу ни ги олесна работите, и многу ми се најде за со бебето првите денови.фала цуцко!




nadica -> RE: Тато на породилно (17.10.2009 23:50:59)

би било супер [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
но мили мои да бидеме реални кај нас и на жените ако можат да им го скратат го прават тоа не пак да им дадат на мажите[sm=smiley13.gif] знам случај каде што е барано да се врати порано или по завршувањето на породилното следува отказ[sm=zmeden.gif]

чисто за споредба: мислам (не сум сигурна) дека во шведска жените имаат 365 РАБОТНИ дена, а мажите 150 РАБОТНИ дена породилно отсуство




sakibukic -> RE: Тато на породилно (20.10.2009 0:14:57)

ја сум за и мислам дека би се снашол




mami -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 12:30:36)

мислам дека премногу си ги штедиме татковците..кога ке останат сами со малото и те како ке се снајдат, дури и можеби подобро од нас. Па и сетете се жени- и ние не знаевме што да му правиме на бебето првите денови, ама се научивме, исто и они...




Весна -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 12:46:10)

Него што!!! Така е бе мами [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Ај еве прилика да си го пофалам мм, ама со своја наведната глава [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley9.gif[/image]
Мислам дека мм е подобар од мене во грижа со малите, прекрасно се однесува со децата, па и со бебињата, додека јас што од страв, што од не знаење... па си се држам на страна.
Но како и да е, сепак целосно не би му го отстапила местото.
А бидејќи е невработен, рака под рака, заедно ќе се учиме и растеме. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]





mother 29 -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 15:29:00)




Два месеца породилно за татковците
Заедно со мајките, породилно ќе користат и татковците, а новите поволности ќе важат за оние чии бебиња ќе се родат од први јануари 2009 година








Од следната година, освен мајките, на породилно ќе седат и татковците. Со измените на Законот за работни односи се предвидува покрај родилката трудничко да користи и таткото во траење од два месеца. За тој период мажите ќе земаат цела плата, преку Фондот за здравствено осигурување. Истовремено државата ќе им плаќа придонеси и ќе им тече работен стаж. Паралелно со оваа новина ќе стартува и продолжување на постојното породилно отсуство за мајките од девет месеци на една година. Мајките, пак, што ќе родат близнаци или повеќе деца истовремено, ќе користат породилно од 15 месеци, наместо како до сега една година.
"Новите поволности ќе важат за оние што ќе родат или ќе отворат породилно боледување од први јануари 2009 година", велат во Министерството за труд и социјална политика. "Досега двајцата родители не можеа истовремено да користат породилно. Таткото имаше право да користи породилно, ако мајката претходно се откажеше од тоа", објаснуваат во ресорното министерство.
Идејата за новото право на мажите, во Министерството за труд велат дека е по примерот од другите земји. Тие процениле дека е корисно во првите два месеца таткото да биде дома со новороденчето, за да и се најде на мајката.
Новината е направена согласно политиката и мерките за демографскиот развој на земјава и имаат за цел да го стимулираат наталитетот.
Измените на Законот за работни односи се готови и деновиве ќе се испратат до Владата. Тие веќе се испратени и кај социјалните партнери, односно до синдикатите и до работодавците.
извор. вест




zami -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 15:33:30)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 15:46:07)

Чекајте, 2009 или 2010?
Ако е 2010 да стискам заби [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], ако не - посекако ќе се наужива и таткото [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 15:50:34)

Ова да не е предлог закон [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mother 29 -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 15:53:24)

Новите поволности ќе важат за оние што ќе родат или ќе отворат породилно боледување од први јануари 2009 година", велат во Министерството за труд и социјална политика




mami -> RE: Тато на породилно (21.10.2009 23:32:18)

Беше предлог закон и падна на Уставен суд колку сум запознаена...




lukajana RR -> RE: Тато на породилно (11.3.2015 23:56:35)

Темава се актуелизира во последно време ама изгледа слабо функионира читав дека само еден маж прошлава година користел породилно ,со оглед на нашиот менталитет и не е нешто чудно.Мажите не сакале да го користат породилното за да не им се смеат што е точно и сигурна сум дека би паднале еден тон шеги на сметка на човекот што би рекла на таткото јунак кој освен со бебе треба да се бори и со реакцијата на околината.Јас за мм знам дека не би се нафатил на вакво нешто сега би го чувал бебулево вака потпораснато ама толку мало нема шанси .Што мислите вашите мажи би зеле ли породилно место вас и како би се снашле во таква ситуација да останат сами со мало бебе




deluxe -> RE: Тато на породилно (12.3.2015 0:09:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Темава се актуелизира во последно време ама изгледа слабо функионира читав дека само еден маж прошлава година користел породилно ,со оглед на нашиот менталитет и не е нешто чудно.Мажите не сакале да го користат породилното за да не им се смеат што е точно и сигурна сум дека би паднале еден тон шеги на сметка на човекот што би рекла на таткото јунак кој освен со бебе треба да се бори и со реакцијата на околината.Јас за мм знам дека не би се нафатил на вакво нешто сега би го чувал бебулево вака потпораснато ама толку мало нема шанси .Што мислите вашите мажи би зеле ли породилно место вас и како би се снашле во таква ситуација да останат сами со мало бебе



Tocno e deka nasiot Balkanski mentalitet ke udri po egoto na tatkoto.No porodilnoto otsustvo mnogu ke im pomogne na dvajcata roditeli,polesno da go prebrodat periodot na adaptacija kon noviot clen,obvrskite okolu bebeto,nega na majkata I bebeto.Se razbira toa bi bila odlicna moznost babite da se drzat na rastojanie ,so toa bi se namalila tenzijata na majkata[sm=jezicek.gif] Tatkoto od start ke si se navikne na [sm=duda.gif]da go hrani,cuva,zaspiva... Ehhhh.....Ima takvi tatkovci,no retko[sm=jezicek.gif]




Страница: [1]