RE: Што ве има научено животот? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


sandriana RR -> RE: Што ве има научено животот? (21.3.2014 9:16:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Се се случува со причина[sm=smiley1.gif]

Токму ова ме води во животот, и ми е највредната лекција.Секое ЗОШТО си има свое ЗАТОА (или во моја варијанта - свое Ј(***)[sm=smiley35.gif] ГА).




Палешка РР -> RE: Што ве има научено животот? (21.3.2014 10:23:45)

Да не верувам безрезервно никому. [sm=smiley13.gif]




LoveableMe RR -> RE: Што ве има научено животот? (21.3.2014 10:41:23)

Животот ме научил на многу работи и тоа дека повеќе е суров отколку лесен, дека треба да си упорен и многу често упорноста се исплати, но и дека работите некогаш колку и да ги усилуваш не одат кога ти сакаш, туку се случуваат кога најмалку очекуваш.... не можеш на сите луѓе да им угодиш и не можат сите да те сакаат, треба да си свесен дека има такви и што не им се допаѓаш и не те поднесуваат од разни причини......

Треба да ги правиш тоа што најмногу ти одговата и што ти е во интерес...... да правиш добри работи онолку колку можеш, но да не очекуваш нешто за возврат......да сфатиш дека ти не можеш да ги решиш сите работи на светот, треба да оставиш и некој друг да ги решава и дека не може се да биде идеално, да знаеш да се адаптираш на секакви ситуации во животот и дека еднаш можеш да бидеш Бог друг пат питач .......и уште многу други работи.......




niki -> RE: Што ве има научено животот? (21.3.2014 14:34:24)

zivotot me naucil mnogu sto, a ona sto najcesto me uci e da pocuvstvuvam na svoja koza ona sto do toj moment mi se cinelo najneverojatno

no sepak najvazna zivotna lekcija ja smetam sposobnosta sekogas da gledam napred, se osvrnuvam i pravam retrospektiva samo koga momentalnata situacija ke me turne, togas minatoto mi pomaga vo smisol da se potsetam od kade sum trgnala i da svatam kade sum stignala i bidejki linijata sekogas odi vo nagorna linija so pomali ili pogolemi povremeni stagniranja, taka uspevam da se krenam na noze i da se naoruzam so energija za da pobedam i nadminam vo predizvikot koj mi se isprecil na pat




Defne90 RR -> RE: Што ве има научено животот? (4.7.2014 15:08:37)

Дека порано или подоцна сите си го покажуваат своето вистинско лице.




AneLav RR -> RE: Што ве има научено животот? (4.7.2014 15:54:30)

Да не бидам премногу искрена со луѓето ,и да не им верувам на луѓето премногу...




Hopeful RR -> RE: Што ве има научено животот? (4.7.2014 16:16:22)

Мислам дека овој список секој ден се зголемува, животот постојано ме учи нешто [sm=smiley36.gif] Но, најважните работи на кои прво ми текна се:

1. Да си ги слушам инстинктите во однос на луѓе и карактери - или од одма некој ти е ок, или воопшто не ти е. Ништо на сила
2. Да не верувам премногу и да не наседнувам на разноразни финти и муабети
3. Да не ќутам и преќутувам, туку да си кажам се што мислам
4. Да не позајмувам пари на никого
5. Да бидам фина, љубезна и културна, да помагам, разбирам и толерирам
6. Да си го терам мојот ќеиф, наместо да трчам по други луѓе, посебно некои што не знаат да ценат
7. ...

[sm=smiley1.gif]




Martins mom -> RE: Што ве има научено животот? (7.7.2014 12:58:06)

Мислам дека веќе ми е смачено од лекции [sm=smiley13.gif]
Од толку тешкотии и проблеми, почнав да се сомневам дека постои Бог. Знам дека правев само добрина, ни трошка зло, омраза или било какво негативно чувство немав во себе, а сепак само лоши работи ми се случуваа...Продолжив да бидам истата, никогаш не се сменив...и ете ти светлина!!!! Ти благодарам Боже, ова нека биде последна лекција!

Животот ме научи да верувам во Бога!!!




Felly RR -> RE: Што ве има научено животот? (8.7.2014 11:43:46)

Лекција што постојано ми се повторува а никако да ја научам - Колку повеќе молчиш, толку повеќе ќе те газат. [sm=smiley6.gif]




mama_06 -> RE: Што ве има научено животот? (8.7.2014 12:36:14)

1. Потребно е дури и неопходно да се преземаат ризици во животот
2. На истите неочекувано ме следи некоја луда среќа
3. Секој човек, без исклучок, во одредена животна ситуација има цена
4. Не е добро на секого да се кажува се` во лице и ,на прва топка`
5. Одмаздата секогаш се сервира ладна
6. И во пракса кај мене се докажа дека ,,Она што не ме убива ме направи посилна``




Defne90 RR -> RE: Што ве има научено животот? (8.7.2014 17:53:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Лекција што постојано ми се повторува а никако да ја научам - Колку повеќе молчиш, толку повеќе ќе те газат. [sm=smiley6.gif]

Потпис! и мене секогаш ми се провлекува тоа.Кога и да помислам дека сум ја научила излегува дека ништо не знам.[sm=zmeden.gif]




niki -> RE: Што ве има научено животот? (8.7.2014 21:46:48)

zivoto me nauci deka za da bidam vo mir so sebe si, treba da ne bidam zavidna na tugiot uspeh ili sreka nitu da me opteretuva tugata losa sreka i maka
mozebi zvuci nehumano egoisticno i sebicno, no samo taka mozam da se koncentriram na sebe si i na moite izbori, celi i potrebi




caciana -> RE: Што ве има научено животот? (27.11.2014 10:21:16)

Nisto Ne idi servirano na tacna! Za Se treba DA Se potrudime!![sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Што ве има научено животот? (28.11.2014 20:54:31)

Дека до среќата, убавиот, мирен и спокоен живот тешко се доаѓа, а само секунда е потребна да се уништи.




caciana -> RE: Што ве има научено животот? (29.11.2014 1:43:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Трпение спасение!
Смејте се, смеењето е половина здравје!
Здравјето пред се!
Верувај во себе и во своите способности!
Се живее само еднаш!
Радувај му се на секој нов ден и пречекај го со насмевка, храбро и достоинствено!



Bas taka !! [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]